логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...


Pimen.blagoslov.jpg
Митрополитот Пимен, Владиката Европски говори за паганството во православната вера, за догмите и каноните, за односите со МПЦ, за разликите во Синодот на МПЦ, за изградбата на новите храмови и за некои недоследности во врска со тоа.


 

Што е за Вас Црква? Каков треба да биде вистинскиот пастир?

- Најпрвин, треба да се разграничи терминот Црква од терминот храм, бидејќи терминот Црква не означува неколку ѕида кои завршуваат со купола и крст на неа, туку е собор на живи и конкретни личности, собрани околу својот пастир и причестени во неа со Телото и Крвта на Богочовекот Христос кој е глава на Црквата. Кажано со едноставни зборови, градбата е храм, а народот собран во Христа е - Црква. Зарем немало Црква во првите три векови на христијанството, кога немало можност заради прогонот да се изградат храмови?

А вистинскиот пастир треба да биде пастир како од параболата Христова за добриот пастир, пастир кој душата своја ќе ја положи за овците свои, секако се мисли на словесните овци, односно верниот народ.

Имате невообичаен пристап за еден владика во Вашите колумни на порталот „Кирилица“. Имате ли за Вашите ставови - како оној дека „медиумите ги користиме повеќе за да се оправдаме кога за нешто сме нападнати, отколку за да кажеме нешто душеполезно и спасително“ - поддршка во Синодот? Има ли разногласие во САС на МПЦ за начинот на кој Црквата треба да комуницира со верниците?

- На сите ни е јасно дека тоа е така, без разлика дали ќе си го признаеме тоа или не. Освен кога е празник или кога има некој настан на кој ќе ни земат изјава, каде сме? А бидејќи сите стоиме на став дека се што е дадено од Бога е за да му користи на човекот и дека секогаш има употреба и злоупотреба, не гледам простор за несогласие. Та, нели, со нож може да си пресечеме леб, но можеме и да повредиме и усмртиме некого. Така, исто и со медиумите, ако не ги употребуваме - ќе се злоупотребуваат. Инаку, со оглед на генерациската разлика во Синодот, сигурно дека има разни погледи во начинот на комуникација со верниот народ. Постарите успеале да ја возобноват и да ја одржат Црквата во многу тежок период, токму со нивниот пристап кон народот и со тоа нам, на помладите, да ни дадат добра основа за ние да надградуваме врз неа. Неблагодарно ќе биде ако сметаме дека само нашите ставови вредат. Во православието нема два идентични начина на спасение, па оттука и можноста за пастирскиот пристап - секој да го гради на себе својствен начин. „Секому бев се, та некако да го придобијам“, ќе рече, светиот апостол Павле.

Зошто МПЦ „кокетира“ со традиционалните обичаи од паганството и ги сведува настаните во нејзините храмови на адети, само за да ја задржи масовноста? Зошто не се почитуваат поцврсто и подоследно каноните?

pimen.krstevka10.jpg

- Тоа е стар проблем кој води корени уште од помирувањето на државата со христијанството во Римската Империја, а продолжил во Византија, времето на првото омасовување на Црквата. И тогаш, кога наеднаш во Црквата влегло мноштво народ и кога со себе го донеле и светот и паганството изнедрено и поткрепено со елинската филозофија, Премудроста Божја во Црквата снисходела кон нив и пополека однатре само ги христијанизирала многуте адети и обичаи и празнувања. Но, со крсот успеала во тоа. Затоа, и кај нас Бог не суди за тоа што сме толерантни, туку би ни судел ако не најдеме начин верата на народот да ја втемелиме и практикуваме во Христа. Безусловното држење до каноните може да биде штетно, сепак, словото убива, а Духот Божји оживува. Не сите канони се од догматски карактер, па затоа, дел од нив се менливи или прилагодливи. Некои пак, и покрај тоа што се однесувале на определено време, веќе не се ни во функција на Црквата.

Како кај Вас созреа одлуката да се замонашите и да му го посветите животот на Господ и на верниците?

– Во Господа Бога ништо нема случајно, па оттука, ни мојата одлука. Но, сепак, на почеток навистина изгледаше случајно, кога во една кафе-ситуација јас изјавив дека ќе се обидам да се запишам на Теолошкиот факултет. Веднаш дојдоа и првите искушенија, преку убедувањата на моите другари дека нешто друго подобро ќе ми прилега, како и прашањата - толку ли сум конзервативен, па да верувам во Бога? Од една, да речам, случајна одлука, но одлука која секако значи и мое прво отворање за делување на Бога, во текот на студиите - од тоа се роди љубов за безрезервно служење на Бога. А, како единствено место за таков подвиг, лично го гледав монаштвото. За жал, како генерација немавме многу можност да ги црпиме непресушните благодети на монашкиот подвиг бидејќи набргу стапивме во свештеничките чинови заради потребите на нашата Света Црква.

Колку теолошки необразуваните „новокомпонирани“ верници „тргуваат“ со Бога, постејќи врз погрешна основа, на пример, а не воздржувајќи се „од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли“? Како да се излезе од тој круг?

- Има три вида на односи со Бога. Робовски - кога се плашиме од Бога и се правиме од страв. Овој однос со тек на време, полека преминува во бизнис-однос во кој се пазариме со Бога, а треба да премине, со тек на време, во љубовен, синовски однос кога наместо да се плашиме или тргуваме со Бога, ние го сакаме и се што правиме е од тоа што не сакаме да го ражалостиме. Исто како што е случај и со нашите родители. Ама, за да преминеме од еден во друг однос со Бога, потребен ни е духовен раководител кој ќе не преведе од еден во друг однос со Него, а притоа ќе не заштити за да не паднеме во некоја ѓаволска замка.

Затоа, сметам дека излезот е во отвореноста кон Бога, но и кон духовниот отец кој ќе ја канализира нашата вера и ќе не насочи кон вистински континуиран духовен живот.

Што е за Вас националниот идентитет?

-Се што е создадено од нашиот заеднички Творец има во себе своја оргиналност, неповторливост, различност. Тоа го среќаваме и на личен план, но и на план на еден род-народ кој е плод на една оргиналност и различност која со векови, како непрекинлива нишка се пренесува од генерација на генерација. Таа живоносна нишка, во многу нешта иста, но и различна од останатите во овој свет, е нишката на мојот род македонски - кој како и сите и се друго што постои, на себе го носи благословот и печатот на од Бога даруваната оргиналност, неповторливост и различност. Тоа е за мене национален идентитет.

-Но, потребно е горенаведеното да се дополни со следното. Во Светото писмо, конкретно во Евангелието според св. апостол Матеј, ги среќаваме следните зборови на нашиот Господ Исус Христос. Тој вели: „Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава; И ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата“. (Матеј. 24, 30 - 31)

Преку овие Христови зборови разбираме дека до крајот на овој свет, односно, до крајот на овој за нас познат начин на егзистенција, ќе постојат „земните племиња“ со сета нивна оргиналност и различност. Но, неопходно е да се потенцира дека пред се и над се, ние како „избраници Христови“, како Негова Црква, како Негов народ, иако по своето тело припадници на конкретно „земно племе“, треба во длабочините на нашиот внатрешен човек да ја прифатиме и со својот живот да ја сведочиме есхатолошката вистината дека во Христа нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен, нема машко - женско, зашто сите ние сме едно во Христа Исуса. (Галат. 3, 28)

Зошто свештениците не се трудат повеќе да допрат до народот, туку се поставуваат над него и оставаат тажен впечаток дека им се поинтересни тарифите за црковните чинодејствија, отколку духовното водење на верниците, преку исповедта и проповедањето? Колку македонските верници имаат доверба во своите свештеници, по аферите како „Изгрев“, на пример, или со деценискиот спор со црковните имоти во Австралија...?

pimen.krstevka11.jpg

- Недовербата не би рекол дека произлегува од некои нерешени случаи во Македонската православна црква, туку повеќе од нашиот лош пристап кон верниот народ. Колку може народот да не препознае како свештенство, за да ни пристапи и да изгради однос со нас? Јас сосема го разбирам револтот што мојата колумна (во „Кирилица“ - http://www.kirilica.com.mk/, н.з.) го предизвика кај дел од свештенството кои се обидоа да ми кажат дека тие се фамилијарни и дека треба да се грижат и за своето семејство, но не разбирам каква е нивната грижа кон семејството, ако не го видам нивното семејство во денот Господен, во недела во црква. Ако тие самите немаат авторитет пред своите рожби да ги донесат во црква, да бидат дел од благодатната заедница, тогаш, за каква грижа станува збор? Тогаш, како очекуваат да имаат сила нивните апели да се доаѓа редовно во црква? А згора на тоа, и да се ставаат над обичниот народ. Тогаш е нормално главна тема да ни биде тарифата. А и таа не е објаснета - што ние добиваме од Бога со чинот, за потоа да бараме наплата.

Како ја оценувате навалицата на ктитори на новоизградени цркви – како плакнење на гревовите на транзиционите богаташи или се работи за вистински верници кои сакаат да остават трага на своето постоење? Зошто уште постојат луѓе „кои мислат дека на Бога му се потребни црквички и крстови расфрлени на околните ридови само за да се оддолжиме и да обележиме територија“? Каков е Вашиот став за изградбата на пет цркви во само една скопска општина, или за идејата на премиерот за градење на црква на централниот скопски плоштад...?

- Не е наше да судиме од кои побуди некој е ктитор на некоја црква или манастир, бидејќи, фала му на Бога, се гради и одржува она што веќе постои, но кога веќе се гради и вложува во тоа, дај барем рационално да се користат тие вложувања. Како што споменавте, централниот дел на Скопје се пренатрупа со храмови, а на потегот од Соборниот храм до Ѓорче Петров нема ниту еден храм. А кога ќе се пренатрупаат храмови на одредено место, не е реално да се очекува тие да се развијат како парохиски цркви, туку за очекување е дека тие попрво ќе бидат цркви на случајни минувачи. Истото важи и за храмовите изградени на некои места за одбележување на територија, за кои е прашање колку често ктиторите ги посетуваат. Смислата на градењето на храмови е тие да се на места каде што народот има потреба да се собира околу својот пастир. А колку се вложува во живата Црква, тоа е друго прашање.

Лично сметам дека плоштадот како и многу други метрополи, но и мали селца по светот, има потреба од еден сакрален објект. Сведоци сме во последниве години дека сите жалости и радости не собираат на плоштадот и палиме свеќи и се молиме, па наместо тоа да го правиме на местото што моментално се користи за украсување на елка за Нова година, би можеле тоа да го правиме во и околу храмот. Но, тоа секако не подразбира мегаломански проект, туку според мене, еден мал храм со димензии на оној во Клиничкиот центар кој ја оправда потребата од неговото постоење.

Има ли можност за посовремен пристап за приближување на теолошкото учење на младите? Кој и како треба да ја предава веронауката? Како теолошки да се образуваат деца на родители кои заради минатото биле атеисти и лаици? Колку МПЦ им остави простор на разните ТВ-бајачи и гледачи кои на гледачите им порачуваа и да си ги исечат крушите во дворот како „ѓаволски дрвја“?

- Не само што има можност, туку има и потреба од посовремен пристап кон предавање на веронауката на младите. Колку би била интресна веронауката за децата кои се опкружени со „милион“ технички средства што го полнуваат нивното слободно време, ако им ја предадеме како уште еден схоластички предмет на кој вероучителот ќе им одржи четириесет и петминутно предавање? Ќе поставуваат ли децата прашања од областа што воопшто не ја познаваат? Ако не се осовремениме и не најдеме начин за да допреме до децата, се плашам дека ке биде тоа уште еден неуспешен обид за воведување на веронауката. Лично сметам дека мора да се направи тоа со презентации, комјутерски анимации, играни серии..., како би имале современ начин на предавање за да се задржи детското внимание, а потоа, од тоа да произлезе интерес за поставување на прашања и секое дете да добие одговор на сопствено прашање.

Имавте впечатливо чествување на Велигден во Лондон. Колку црквувањето кај нашите иселеници и гастајбајтери е прашање на носталгија, а колку можност за зачувување на идентитетот?

 

- Кај постарите генерации наши иселеници, за жал, верата е повеќе носталгија или традиција, адет и желба за зачувување на националниот идентитет. Но, кај децата на првите емигранти, или поточно, кај нашата нова емиграција од деведесетите години на минатиот век, сепак, е само вера и желба за духовен живот! Тоа е и за очекување бидејќи оној духовен препород од средината на деведесетите години што се случи во Македонија имаше ехо и кај нашата дијаспора.

Како ги оценувате актуелните односи на МПЦ со ГПЦ и СПЦ и каков е можниот понатамошен развој на односите?

- Актуелните односи се во своевидно мирување, со оглед на случувањата во Српската православна црква, додека пак, односите со Грчката православна црква се во своевидно заложништво на еден наметнат политички проблем кој, за жал, се покажа дека има големо влијание и на црковен план. Контакти секако постојат, иако поединечни, пред се, мислам на оние контакти остварени во рамките на Конференцијата во Охрид минатата година што беше организирана под покровителство на македонската Влада, како и контакти остварени по меѓусебни покани кои секако придонесуваат за да не се предадеме на оттуѓувањето, кое не е својствено во животот на Црквата, како и на првославното христијанско искуство. Сметам дека само доколку проблемите се решаваат на литургиска основа и со љубов во Христа - тие ќе бидат надминати, на начин на кој тоа го стори Руската православна црква со Задграничната Руска црква.

Напишавте дека и кога Македонците немале држава имале „Црква полна со живот“, дека „искушенијата се правопропорционални со благодатта“, а дека Македонија има доволно искушенија „од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби“... Како гледате на иднината на Македонија?

– Иднина не постои, исто како и минато. И првото и второто се само последици од сегашноста. Постои само сегашност! И затоа, поучен од семудрото православно духовно искуство, со сигурност можам да кажам дека нашата иднина зависи од тоа што ние како поединци, како народ и Црква, ќе го направиме во сегашноста. Доколку во сегашноста избереме да одиме по патот на Животот, а не по патот на смртта, односно, избереме да живееме во светлината и топлината на Божјата љубов, вистина и вредности, тогаш плодот на тој избор е извесен, а ако избереме некој друг пат, и тогаш нештата се јасни. Во еден свој псалм св. пророк и цар Давид го напишал следното: „Тој (праведниот човек, народ) е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме и чиј лист не венее; и во се што прави, напредува. Но, не се такви безбожинците; тие се како прав што го разнесува ветрот“. (Псалм 1, 3 - 4).

                                                                                    
пишува: СИНИША СТАНКОВИЌ

 

извор: „Глобус магазин“,број 61 од 17.06.2008

Посети:{moshits}


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5811
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1256
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1578
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная