Одговор:

Православната Црква, определила за  верните четри  повеќенеделни пости. Од нив, најдолг и назначаен е Велигденскиот пост, бидејќи ги припремаат верните да го дочекаат најголемиот христијански празник Воскресението Христово, Велигден. Овој пост трае седум недели и се состои од света Четриесетница и Страсна седмица.

Постот е време на самоиспрашување, самоодрекување, припрема за покајание и причестување. Постот не е само воздржување од храна, туку и воздржување од секое зло и грев,се состои и од  засилени молитви и  дела на милосрдие, измирување, и други дела на љубов кон Бога и ближниот.

Постот е и време на радост. Можност за„ нов почеток“, очистување на душата и телото во припрема и очекување на славното Воскресение на Господ наш Исус  Христос.

* Не е неопходно  да чекате за причест до крајот на постите. Обратете се до  Вашиот парохиски свештеник, за исповед и причест. Тој ќе оцени и определи,  како да постите (согласно Вашите сили). Голем поздрав и убави Велигденски пости!

 

п.с. Драг Ангеле, ти благодариме за убавите зборови, кои многу ни значат.