Прашање од: Т.М.
Според христијанството дали е дозволена демократија, комунизам, социјализам... или владеење на Божји закони ?
Одговара: Златко Дивјаковски
Според христијанството е дозволен живот во Христос (во било кое општество). „Царството Мое не е од овој свет“ (Јн. 18, 36). Владеење на Божјиот Закон во животот на секој одреден човек, ма каков бил системот на уредување во раната Црква може да се види од делата апостолски, каде христијаните го полагале својот имот пред нозете на апостолите (Дела 4.34), и живееле како едно семејство, на браќа и сестри во Христос.
Извор: ФБ страната на Преминпортал