Чувството на тага е природна човечка реакција на некои тешки животни околности. Меѓу тоа лошо е кога таквите емоции преовладеат, кога тагата трае.Бидејќи тогаш сме чекор до  д е п р е с и ј а. Долготрајната тага, всушност е болна соотојба на душата. Човекот станува зависник од тагата, почнува да и служи, а таа како и секој идол бара жртва.

Меѓутоа кога личноста со Божја помош успее да се ослободи од тоа негативно чувство, се менува и неговата перцепција, и таа со други очи гледа на депресијата. Сето она што човекот дотогаш го вознемирувало, што личело како чудовишен проблем, сега му е смешно и апсурдно.

Депресијата е една врста лесно лудило, помрачување на умот и душата. Депресивниот човек не е во оостојба да на одговорен начин ги проценува животните околности, луѓето, па така ни себе си. Во неговата глава почнуваат да се вртат мисли: се е лошо, никој не ме сака, не ме разбира, мојот живот нема смисол, јас сум најнесреќниот човек, губитнк, глуп и безвреден, на луѓето им донесувам само страдања.

Факт е дека во животот не  може да биде се лошо - тоа е апсурд (невозможно) бесмислено, бидејќи на секој човек му се дава можнот да биде среќен, само што депресивната личноот не гледа ниту прифаќа кога некој ќе и укаже на таа можност. А сигурно е бар донекаде дека е здрава, дека има работа, одредени вештини, навики, дека има пријатели, роднини, колеги другари, и дека секогаш да биде корисен и сакан.

Човекот кога го мачи тагата, не управува разумот, туку некој друг. К о ј?  Неговата страст. Таа завладеала со неговата душа и свеста. Но страстите (гревовите) не се дел од нашата душа, тие доаѓаат од надвор а ние ги пуштаме во душата. Сега е јасно кој ни ги уфрла во главата тие лоши мисли, а ние мирно ги слушаме, примајќи ги неговите пораки како сопствени мисли. Неопходно е да се бориме со тие демони. Не треба да им допуштиме да се наоѓаат во нашата душа. Доколку се во неа треба да ги избркаме и да ги замениме со добри мисли, бидејќи добрите мисли внесуваат светлост во нашата душа.


Зошто тагата и вознимереноста се толку распростанети во современиот свет?

Причина за тоа е губењето на вера. Кога во човекот нема вистинска вера во  Б о г а, тој биднува вознемирен и ете му депресија. Човекот од се се плаши и почнува да размислува што ќе биде со мене утре, што ако се разболам, пензијата нема да ја дочекам. Што ако ја изгубам работата и умрам од глад, а на сето тоа и оваа економока криза. Стравот и вознимереноста не дозволуваат на луѓето да веруваат едни на други, да основаат семејство, да раѓаат деца.


Оној кој верува добро знае: ако помагаш на други, никогаш нема да се остане без парче леб - тоа е законот на духовниот живот. Исто така во недостаток на вера се јавува уште една помисла;  животок нема смисол, никому не сум му потребен, и всушност  во тоа лежи основата на депресијата. Тоа е голем грев бидејќи секој христијанин секогаш има смисол за живот; тоа е љубов кон Бога и ближниот, тој знае и верува дека Бог никогаш нема да го остави, со Создателот никогаш нема да остане сам во неволјите. Тагата и депресијата можат да се победат кога човекот сета надеж ја насочи кон Господа, па Му ја довери својата тага и проблеми и побара од Него помош и подршка. Човек кој сака да се оттргне од депресија, мора да научи да гледа смисол и радост во секој ден, час и минута во животот. На пример додека шетаме да се трудиме да на се обрнуваме внимание, да разгледуваме и да разговараме со некој. Така нашиот живот ќе биде осмислен и исполнет. Така и секоја работна активност може да се работи со радост, дури и на човек кога не му се работи. Кога ќе научиме да во секоја работа пронаоѓаме нешто пријатно, ќе откриеме дека тоа ни донесува задоволство. Дури и чистењето на станот и перење на садови може да донесе задоволство ако е одработено добро. Сакале или не сакале, страданијата се неизбежни во животот, и  ни еден човек на земјата не може да ги избегне.

„Бог никогаш и никому не праќа повече искушенија отколку што може да поднесе“.  Он е наш Отец и подобро знае од нас што можат да поднесат неговите деца: „верен е Бог кој нас нема да не пушти да бидеме искушувани повеќе отколку што можеме, ќе направи крај со искушувањата, да можеме да поднесеме. (I кор. 10-13). После периодот на страдања настапува утехата. Ако некаде од човекот се зема на друго место му се дава, ништо во животот не се случува случајно, секоја случка си има свое значење.

Страдаме или поради очистување на гревови, или да не би се повеќе вдлабиле во грев и опасност. Понекогаш дури после многу години гледаме дека искушенијата не биле пратени случајно. Тие нам ни биле потребни за да би биле посилни. Се што работи Господ, води кон подобро - ова треба да ни биде секојдневен став. Против паниката и грижите постои одлично средство: М о л и т в а.

Исто така, корисно е кај депресивниот човек да најде работа за која се интересира,. Секој саат или дури минута во денот мора да биде со нешто исполнет, за да не би останало место за темните мисли. Човек не може истовремено да мисли за две работи, затоа е неопходно она што е негативно да го замени со  п о з и т и в н о  и да мисли на добро. Посета на психотерапеут и антидепресивите имаат привремен ефект, но вистински тагата се лекува само со духовен живот и работа.

Тагата може да се победи со засилување на верата во  Б о г а  и полагање надеж во Него. Треба да научиме да ја видиме неговата безгранична благодат кон нас и на тоа да му бидеме благодарни.
Депресивниот човек одбива да живее, не го цени Божиот дар. Тагата и очајанието - тоа е слабост на волјата, а со волјата може да управува само човекот. Б о г  не може да не спаси - ако човекот не сака да се спаси, Тој нам ни праќа помош и средства, а ние мораме да ги искористиме.


Лето Господово 2016        

 

 

 Протојереј Зоран Стаменковиќ