логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


„О, роде неверен и развратен, до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ве трпам„ (Мт.17,17)
„Само во блудната страст не можеш да бидеш сигурен дека си ја победил, дури и кога ќе бидеш во гробот„ – св. Јован Лествичник


Навистина, светот и човекот не би го доживеале ни овој миг без благодатта Божја. Невозможно е нешто да суштествува без несоздадените енергии. Тоа учење низ сведоштво ни го предале Отците на Православната Црква. Но, она на кое тие го граделе темелот на охристовеноста е непоколебливата вера, доверба во Бога, покајание изедначено со довербата која Бог ја има во човекот, од таква вера како што сведочат светите Апостоли се раѓа надежта, а она по кое нашите свети отци се препознатливи е пројавувањето на Христовата љубов. Од љубов Бог го создаде човекот и светот, од истата љубов се предава Распнат на човекот и светот, а ете, таа љубов богочовечка човекот во Христа  ја има кон човек кој е икона Божја, таа е љубовта која ја повикува благодатта во сета своја полнота и го чини човекот свет, оти го препознала светиот во ништо друго, туку во молитвата, во тој дијалог на Бог кој милува и спасува и човекот кој се покајува.


Во најавата на текстот ги ставив оние зборови на укор од Спасителот кон учениците Негови, о роде неверен и развратен, до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ве трпам? Потоа во една беседа „Овој род се истерува само со благодат„, се насети и одговорот дека демоните се изгонуваат со благодат, постот и молитвата се само средства до целта на обожувањето на човекот преку благодатта. Ние сме род неверен, а заради немањето вера сме развратен, а неверата и развратот е нешто што најмногу го жалости дологотрпеливиот  Бог, за што сведочи и Самиот Спасител. Соодветно на значењето на зборот, развратот се преведува слободно како неморал, а неморалот е пројава на немањето вера во Бога, и спротиставување на совеста како закон Божји во човекот. „Горан, да не одолговлекувам, но треба да бидеме јасни, ако ние ги спроведеме десетте Божји заповеди, то би било рај на земјата, или доволно, да го љубиш ближниот свој, како себе„. Тоа беше реченица на пријател во разговор во кој не ни разговаравме за верата, туку само епизодно за ужасот на војната која го зафатила своевремено неговиот крај, и нам познат. Да не го мразиш човекот туку постапките неговите лоши постапки, заради кои не мора даотплатуваат блиските,  тоа е голема добродетел која му помогнала да остане православен, или како што вели: ете, толку јас ти знам од православие. И, останувам да молчам, секако добив поука. Веќе напишав и еден друг текст, за развратот и „потребата„ на современиот човек од потопот наваму, истиот да биде легализиран, кога веќе не може да биде осуден, а како да биде кога срамот пројавен од голотијата на нашиот грев избледе од нас како наследници на Адам и Ева, да го наследивме и гревот, но треба и срамот кој не потсетува дека Бог невидливо престојува тука со нас и меѓу нас (од Литургијата), и треба да се пројави и во нас,за да засветлат нашите добри дела во Негово Име со светлината на Кршението кое сме го примиле. Но, ете, наместо икона Божја,човекот од себе прави карикатура, која демонот ни ја покажува во светло, но тоа светло е пеколно пригушено. Човекот е добро битие, со тежнеење да стане вечно добро битие, велеше еден педагог на Православната Црква, но отуството на верата, значи и „чистење„ на совеста од гревот. Тоа не е спасителното чистење на срцето од гревот, туку световното кое гревот го одобрува. Срамот заради сторениот грев раѓа страв Божји заради што се пројавува покајанието, но не заради страв од одмазда Божја туку како увереност во проштевањето, доколку гревот не се повтори. Во поглед на неморалноста или развратот се случува како по демонски прирачник срамот да отсуствува, стравот да не постои, бидејќи, ете, Бог не постои. Моралот не е цел само по себе, или цел сам за себе, тој едноставно се подразбира кога човекот сака да го исчисти своето срце од гревот, за да може неговото преумување да биде осветлено од Божјата благодат, а во очистеното срце живее Самиот Бог, оти царството небесно е во вас внатре (Лк.17,21). Моралот скриен во заповедите Божји ја откриваат благодатта Божја кој не крепи ако постапуваме по истите, оти по крштевањето, тоа и ни е заповедано да правиме (види Мт.28,19-20), ние да бидеме од Бога запазени, постапувајќи според Христа. Одењето по Божјите заповеди значи и просветлување на умот со Божјата благодат, кога веќе човекот е решен да биде распнат на крстот кој го земал и со кој врви по Господ, бидејќи го возљубил Бог со сето срце, со сиот свој разум и со сета своја душа, одејќи кон целта да биде обожен кога сораспнат со Христа ќе го љуби ближниот свој како себе си, онака како што Христос го возљуби сето човештво и сиот свет, токму на Крстот.
Да повториме дека моралниот закон е врежан во совеста на човекот, а таа е пригушена кога за сторениот грев нема покајание, а особено ако истиот се повторува. Тој Божји закон, од други третиран како етика на живеењето, не е цел сама по себе, туку да го исправи паднатиот човек од зло во добро, паднатиот да го исправи. Моралниот живот не смее да биде фарисејско алиби за себе, а судница за другите луѓе кои исто така го носат образот Божји, туку со цел да се открие Бог во заповедите Негови, и привлекување на благодатта со извршувањето на заповедите кои не ги држиме ние, туку тие нас. Извршувањето на заповедите не подразбира ропска состојба, т.е. извршување за награда или казна за неизвршување, туку извршувањето на истите значи слободно дејствување на човекот од љубов кон Бога, и секако кон ближниот (особено заповедите кон ближниот, од петта до десетта Божја заповед), како плод на нашето покајание, кое нè уподобува на Бога, растејќи во благодатта нашето времено добро битие да се реализира во вечно, што подразбира единство со Бога, а никој не е добар, освен Единиот Бог, вели Спасителот, Кој бара да бидеме Едно со Него преку сокрвноста од причестувањето во благодатта на Светиот Дух, како што Е Он едно со Отецот (види Јован 17,21).
Ве замолувам, од сето срце, секако првенствено важи ова и за мене, препрочитувајте ги Десетте Божји заповеди секојдневно, оти човекот и светот и покрај сиот свој развој особено оној правниот, ништо не постигна бидејќи ги отфрли оние камени плочи од Синај кои требаше да ги запише на срцето. Препрочитувајте ги и потрудете се низ секојдневните молитви да бидат истите запазувани, тие се големо НЕ на развратот од кого гледаме дека секојдневно сме окупирани, а за жал веќе и асимилирани. Кога ќе биде извршено тоа НЕ на развратот, тогаш ќе бидеме активни во извршувањето на двете заповеди од Христа: Возљуби го Бога, и ближниот свој како себе, кои се вподобување на самиот живот на Света Троица – љубовта.
Бог од нас бара вера, верност и решеност да се релизираме како човек, а не нечовек. Бара отфрлање на секоја страст што сме ја довеле во позиција на идол на кого се поклонуваме како што вели св. Јосиф Исихаст. Сака да разговара со нас преку непрестајната молитва која Го повикува Неговото Име (Исус Христос) во Кого ни се откри во сета полнота на Божеството, а не само напразно да го изговараме кога со јазикот Го почитуваме, а со срцето сме далеку од Него. Да не заборавиме на Денот Господен кога празнуваме дека сме повикани да јадеме и пиеме со Него на Трпезата Негова причестувајќи се во Литургијата за да отпочинеме во Бога празнувајќи. Почитта кон секој како кон татко и мајка за да немаме нетрпение, гнев и омраза кои ги намалуваат нашите години за покајние. Да бидеме луѓе, оти сме нелуѓе, а нити имаме достоинство на човек, кога убиваме, прељубодејствуваме, крадеме, лажеме, и особено кога посакуваме нешто што не е наше.
Развратот има денес многу имиња и подимиња, иако истите точно ги наброил своевремено и светиот апостол Павле, посочувајќи кои се тие кои нема да го положат испитот на луѓе и нема да го наследат царството небесно (1Кор.6,9-10). Денес, тоа дали станува збор за ЛГБТИ, вонбрачен живот, менување на партенери, неверства, флерт... очигледно е дека страстите од кои не сакаме да се ослободиме, сведочат дека како образ Божји не внимаваме на похотта на телото, на желбата на очите, а сето тоа го претвораме во гордост на животот, од кои наместо срам, избираме бесрамност со која нема да стигнеме до подобие. Се сеќавате, прародителите по гревопадот видоа дека се голи и се засрамија, но понатаму се повеќе и повеќе колку човекот бегаше од верата во Бога, толку паѓаше во разврат, и затоа страдањето на светот и во меѓучовечките односи заради развратот и блудот станаа неподносливи.
Господи, слава на Твоето долготрпение, прости ни нам родот неверен и развратен, помилуј не нас и Твојот свет особено по молитвите на образецот на боговподобената човечка чистота, Пресветата Владичица наша Богородица и сите светии, и по молитвите на оние што во чистота и чесен живот живеат и дај ни, Господи, нам и ним, спокоен и мирен живот, та да поживееме во секое благочестие и чесност.
П.С. Господи си рекол со Твојата пречиста уста кога повторно ќе дојдеш, дали ќе најдеш вера на земјата, знаејќи дека ќе не затекнеш во разврат. Помилуј нè...
Прилог:
-    Вие сте Ми пријатели, ако го вршите она што ви Го заповедав Јас. Не ве нарекувам веќе слуги, зашто слугата не знае што работи господарот, туку ве викам пријатели, оти ви кажав сè што сум чул од Мојот Отец. (Јн.15,14)
-    Зар не знаете дека телата ваши се Христови членови? Ќе ги земам ли членовите Христови да ги направам членови на блудница? Тоа никако!...Бегајте од блудството! Секој грев што го прави човекот е надвор од телото, а блудникот греши против сопственото тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси? (1Кор. 6 глава)
Епилог: СКАПО СТЕ КУПЕНИ. Затоа прославете го Бога во своите тела и во своите души, КОИ СЕ БОЖЈИ – св. апостол Павле

Извор: ПРЕМИН 123/124 

2017 лето Господово



Видео содржини

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Октомври 18, 2018

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што…
Октомври 18, 2018

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на неговото служение, проповедта е трубата на неговото слово и творештво. Неговата проповед е образец за сите времиња и места – по својата библиска основа, православно…

Св. Климент Охридски: Слово за зачнувањето на св. Јован Претеча

Окт 14, 2018 Житија 38
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

Фев 17, 2018 Полезно и Потребно 7165
sv.efrem.sirin2.jpg
СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи,…

Беседи

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

БEСEДА за Христoвата тага

БEСEДА за Христoвата тага

Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на...

Воздвижение на Чесниот Крст

Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

Кoј e тoј другиoт кoј ќe дoјдe вo свoe имe и кoгo грeшнитe луѓe пoлeснo ќe гo примат oткoлку Христа Гoспoда? Тoа e oнoј кoј нe нoси крст и нe...

   Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Секој празник на Mајката Божја е чиста радост; тоа е радост не само заради љубовта Божја кон нас, туку и радост заради тоа што земјата – нашата едноставна, родна, обична...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и...

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто,...

« »

Најново од духовност

Православен календар

20/10/2018 - сабота

Светите маченици Сергиј и Вакх; Светиот маченик Полихрониј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Од темнина изведи ја душата моја –повикуваше о, ти славна мајко Пелагиокон Небесниот Женик твој Христос,Он те поведе во познание,

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Величание на Христовите страдалници, и очи на Црквата Христова, Сергее многустрадалени Вакхе преславен, просветете ги очите на нашите души.

 Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Ученик Христов бивајќи, на Божествениот Апостолски Собор сотрудник,со неверие го прими известувањето,за Христовото воскресение,

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная