логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во подготвителната недела пред Великиот пост, неделата на блудниот син, Бигорската обител со бдение и Божествена Литургија го продолжи духовното приближување кон светите денови на посното очистување, подарено на верните како некое бесценето богатство од неисцрпните ризници на Црквата Христова. Освен покајничките и трогателни песнопенија, дополнителен порив кон тоа приближување за нас беше и смиреното слово на нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј:

„Позната ни е добро на сите, мили мои, денешната парабола од Светото Евангелие – параболата за блудниот син. Во неа, на еден едноставен и сликовит, но во исто време и многу трогателен начин, ни е прикажано враќањето на грешниот човек при Бога. И уште повеќе: тука доаѓа до особен израз неизмерната, неискажлива, надразумна љубов Божја кон грешникот. Во овој блуден син ние треба да го видиме, всушност,  секој човек, од Адам па до денес, бидејќи, како што е речено: „нема човек што ќе живее а да не згреши“. Така што, праведен човек во апсолутна смисла не постои, освен, се разбира, совршениот Богочовек Христос. Следствено, во блудниот син треба да се препознаеме и лично самите себе.

Светото Писмо ни свидетелствува како нашиот прататко Адам отпаднал од Бога и тој гревопад преминал во наследство на неговите потомци. Целото човештво, значи, се струполило во понорот на гревот и се нашло, како што денес Христос опишува, во туѓа, далечна земја (Лука 15,13). Во текот на целото богослужение, особено на бдението вчера, провејуваше една тивка тага за несреќното странствување на човекот во туѓата земја; за тоа како се погодил со некој лош човек, т.е. ѓаволот, којшто го искористувал и злоупотребувал… Од една страна, знаеме дека целата земја и сѐ што неа ја исполнува, е Божјо создание; уште на првите страници од Библијата, каде се говори за Божјото светостроителство, читаме дека сѐ што Бог создал е убаво и добро. Од каде, пак, тогаш таа далечна земја, во која има само несреќа, страдање, грдотија и беда? Секако, таа далечна земја ја означува духовната состојба на апостасија, отуѓеност на човекот од Бога, односно неприродното состојание на човечкиот дух. Бидејќи најприродно за човекот е да живее во заедница и постојано општење со Бога – единствено тогаш тој е задоволен, среќен, се наоѓа дома, во својата Татковина, имајќи Го Бог за свој Татко и Господ. Меѓутоа, со оглед на тоа што човекот од Бога е создаден слободен, тој, по своја сопствена волја може и просторот каде што живее да го претвори во нешто туѓо, далечно, неприродно за него. Кога човекот се оддалечува од Бога, тогаш и целата природа се сменува, се расипува, станува дива и непријателски настроена кон него. Всушност, со гревопадот на првосоздадените, настрадала и целата природа.

Но, и покрај сето тоа, Бог не го оставил човекот да страда во пропадливост, туку испраќал пророци, учители, проповедници, а накрај проговори и преку Својот единороден Син. Всушност, тоа и го означува угоеното теле од приказната – Спасителот Исус Христос, Кој се даде Себеси на заколение за светот, за храна на духовно прегладнетиот човек. Вчера на вечерната, во една од стихирите, светите отци напишале: „Храни ја мојата душа со милост и простување, затворајќи ме во Твојата небесна житница и спаси ме!“ Овие зборови ме натераа да размислувам колку е потребно за човека да биде во непрестајна заедница со Бога, бидејќи само тогаш имаме полнота во сѐ, целосна реализација на нашето битие. Само тогаш човекот може да се нарече вистински човек. А овдешните, земни радости и приврзаности, лажните наслади, страстите што нѐ обземаат, накрај неминовно нѐ оставаат испокрадени, пусти; кога ќе поминат тие, се чувствуваме изгубени и несреќни. Бог, пак, е милостив, Он е љубов – трпеливо го очекува нашето покајание, очекува да се вратиме при Него, за да нѐ нахрани во Својата небесна житница, со изобилната Му добрина. Слушнавме како утешително започна синаксарот – четивото што се чита по шестата песна од канонот на утрената – како еден охрабрувачки повик кон сите оние што паднале во многу гревови, да нѐ очајуваат: „Ако си блудник како мене, биди храбар, оди! Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите“. Гледате, светите отци, кои се труделе да се уподобат на Синот Божји, знаеле колку е потребно Црквата постојано да го повикува човекот на враќање кон Бога, без да очајува. Зашто, за човек кој многу греши, кој ја опустошил својата душа со преодни наслади, постои голема опасност да се оддаде на најлошата страст – очајанието и во таа безнадежност и мрак, да се откаже од секаква помисла за поправање, та прекумерно да потоне во гревот. Токму таков е повикот што денес ни го упатува Црквата преку параболата за блудниот син – да се разбудиме, да станеме и да се вратиме при нашиот Отец небесен, во прегратките Негови, секогаш отворени со љубов за нас. Нема да нѐ срамоти, нема да ни се одмазди, тоа не Му е својствено. Гледаме од параболата како милостивиот татко воопшто не го укори својот грешен син за стореното, туку самиот, кога беше уште далеку, го виде… и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива (Лука 15,20).

Да не Го жалостиме, мили мои, нашиот небесен Отец, Кој тагува за нас и нѐ очекува. Ние сме тие коишто треба да кажеме: „Ќе се вратам при својот Отец, каде што има храна во изобилие“. Ние треба да кажеме, затоа што единствено со нашата слободна волја можеме да се вратиме при Отца. Бог не е насилник над нашата слобода, нѐ создал слободни, и го почитува тоа. Затоа само го чека мигот, искрата на нашата желба за соединување со Него. И ќе притрча кон нас, ќе нѐ поткрепи, ќе нѐ благослови, ќе нѐ облече во убава промена, ќе ни даде прстен – печат на Неговото татковство, ќе ни стави обувки за да можеме лесно да го газиме злото од овој свет.

Да не ја претвораме оваа убава Божја планета во далечна земја. И природата го очекува нашето покајание, како што пишува Св. Ап. Павле: А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји… Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега (Рим. 8,19, 22). Да си дојдеме на себеси и да тргнеме кон Бога, бидејќи со Него е најубаво. Слушнавме во проповедта пред малку, како владиката Николај Охридски кажува дека само Божјата љубов е поголема од мајчинската. Јас би додал дека таа не може дури ни да се спореди со нешто земно – љубовта Божја е над сѐ.

Да ни даде Господ сили да си дојдеме при себе и да повикаме кон Него: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници (Лука 15,18-19).

Да сте благословени сите!“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Извор: Бигорски манастир

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…
Октомври 28, 2018

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки познатиот шампион во спортско качување, Адам Ондра. 25-годишниот Адам, кој е родум од Брно, неколку години е дел од Чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 127
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 91
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Св. Климент Охридски: Слово за зачнувањето на св. Јован Претеча

Окт 14, 2018 Житија 125
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни…

Беседи

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља.  А Неговата воља е совршеноста на...

БEСEДА за пoкајаниeтo на царoт

БEСEДА за пoкајаниeтo на царoт

Пoкајаниeтo нe e самo за eдeн час или за eдeн дeн. Тoа трeба да бидe нашe внатрeшнo занимањe дo крајoт на живoтoт. Сeкoја нoќ гo навлажнувам лeглoтo мoe, гoвoри Давид....

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе да...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

БEСEДА за Христoвата тага

БEСEДА за Христoвата тага

Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на...

« »

Најново од духовност

Православен календар

16/11/2018 - петок

Светиот великомаченик Георгиј;Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември2018

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември2018

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2018

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2018

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на светите  бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2018

Тропар на светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2018

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,  бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная