логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го Царството,
приготвено за вас од почетокот на светот
(Матеј 25,34)


Драги браќа и сестри,
Од нашата земја Македонија дојдовме при Вас во Виена, во третата подготвителна недела позната како Месопусна недела кога од исхраната ги отфрламе месните производи, односно во неделата на Страшниот суд пред Сиропусната или Прошталната недела, во храмот посветен на нашиот преподобен отец Наум, Охридскиот чудотворец, сите заедно, народот Божји околу своите пастири, собрани како црква на Света Божествена Литургија, прославувајќи Го нашиот Бог, Единосушната и Неразделната Троица и спомнувајќи си за споменот на значајните Три светители: Василиј, Григориј и Јован, на дело – да ја посведочиме и ние нашата соборност и да ги исполниме Господовите зборови: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18,20).
Денес молитвено и единодушно во овој храм сме собрани повеќемина и нашата радост е полна, бидејќи е заедничка во домот на нашиот Отец небесен, во Божјата Црква, чиј аголен камен е Самиот наш Спасител. Кога сме во Црква ние сме членови и се наоѓаме во вистинската заедница, во која сите ние сме светлината на земјата, која треба повеќе да свети пред сите луѓе – за да ги видат добрите дела и да Го прослават Бога (сп. Матеј 5, 14-16). За да се биде вистински христијанин – треба постојано да се трудиме во подвизите да станеме подобри личности. Во тој подвиг во лоното на едната, света, соборна и апостолска Црква се осветиле и светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, тројцата големи богослови, чиј живот и дела до ден денес е пример како треба да живееме и твориме. Многумина од христијаните во тоа време се прашувале кој од овие три светители е најголем. Дури настанал и мал спор, кој по Божја Промисла бил решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Од тој спор и ние денес добиваме значајна поука. Евхаитскиот епископ Јован имал едно видение во сон, имено: прво му се јавил секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекле: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари, односно 12 февруари се одредил како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.
Почитувани верници,
Соборноста е значајно својство на Црквата. Нема Црква – таму каде што нема соборност, каде што нема меѓусебна љубов помеѓу Вас и единство со Вашиот епископ. Тоа го потврдил Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, епископот Атиохиски, уште во II век, кој за тоа вели: „Епископот е икона Христова во Црквата, тој ја олицетворува полнотата на Црквата и нејзиното единство, и неединството со него значи раскинување со Црквата. Заедницата со Владиката значи единство со Црквата: „каде е епископот – таму нека бидат и верните, зашто каде е Христос – таму е и соборната Црква“. Соборноста и единството се израс на живата вера, на смирението, на меѓусебната љубов, но не и на гордоста, на неверието и омразата. Да се биде во соборност - значи да сме едно во Бога, како што Синот е едно со Отецот (сп. Јован 10,30) и Светиот Дух – така и сите ние тука присутни постојано да се стремиме да бидиме едно и да напредуваме во духовниот подвиг кон обожението и осветувањето – кое е цел на нашиот живот овде на земјата за во денот на Страшниот суд, да можеме да стоиме од десната страна и да го слушнеме гласот Божји: „Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го Царството, приготвено за вас од почетокот на светот; оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене“ (Матеј 25,34-36).
Возљубени,
Кога ја негуваме соборноста, ние на дело ја исполнуваме Христовата заповед: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15,12). А само кога сме во љубов и слога, ние тогаш не забораваме да правиме добрини на сите, бидејќи само преку взаемно служење, едни со други, ние Му служиме и на Бога, Кој токму за тоа ни сведочи и нè поучува и во денешното евангелие, каде вели: „Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25,40). Затоа, почитувани, секојдневно да се трудиме да живееме во љубов и разбирање со секој еден човек, бидејќи во Христос, секој е наш брат. Постојано да се смируваме еден пред друг, да се молиме еден за друг и тежината еден со друг ја носиме и како што се молиме преку молитвата на старецот Софрониј никогаш да не заборавиме дека братот наш е нашиот живот.
Свети апостол Павле на многу места во своите посланија ја истакнувал добродетелта на Македонците, особено братољубието. Во првото послание до Солунјаните, вели: За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи и така постапувате со сите браќа по цела Македонија...“ (4,9-10). Ја користам оваа прилика од мое име и од името на мојот собрат Митрополитот г. Јосиф да ве пофалам и да ви се заблагодарам на сите Вам, на Управата на овој храм и секако на Вашиот надлежен епархиски архиереј, Митрополитот Европски г. Пимен за поканата, која е израз на Вашето братољубие и гостољубие. Немајќи зборови да го опишам Вашето братољубие и гостољубие аврамово и јас како апостолот Павле Ве замолувам браќа, уште повеќе да преуспевате во тие добродетели, бидејќи благодарение на тоа братољубие и гостољубие – ние денес сме заедно, собрани во соборна љубов.
Во мигов сите заедно да се помолиме Господа, Кој нè собра на ова место непосредно пред почетокот на Великиот пост – да ни даде длабока вера, надеж и љубов за да успеме во духовниот подвиг и напредокот кон добродетелите, за да ја поставиме правдата и вистината над користа и чинењето на благочестви дела над минливите задоволства, за да ги поставиме другите над себе си, за да ги исполниме зборовите на Тројцата свети архиереи: „Ние сме едно во Бога, ... и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“ и Божјата убавина, добрина и љубов да заблескаат во сите нас. Амин!
Нека е за многу години!

Извор: http://tge.mk/story/527/


Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Рецитал посветен на св Кипријан

Мај 06, 2018
Од стихозбирките богољубива поезија Манастирски води на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир посветени на светиот свештеномаченик, игумен на Слепченската обител КИПРИЈАН, по повод…

Промоцијата на „Водич за долговечност” од д-р Митов

Апр 30, 2018
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на…

Велика сабота: слегување на благодатниот оган

Апр 09, 2018
Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено…

Се симна благодатниот оган

Апр 09, 2018
Денес, Велика сабота 2018 година, во 13:17 часот по македонско време, во Кувуклијата во Ерусалим се симна благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на верните…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…
Јануари 27, 2018

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘Св. Серафим Саровски „Умствената молитва е опитна потврда за…

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со…

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Ное 16, 2017 Полезно и Потребно 1069
Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во…

Македонски преродбеник Теодосиј Синаитски

Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората…

Беседи

БЕСЕДА за тoа какo сo грeвoвитe сe oдбива дoбрoтo oд луѓeтo

БЕСЕДА за тoа какo сo грeвoвитe сe oдбива дoбрoтo oд луѓeтo

 А вистинскитe прoрoци oдат прoтив грeвoвитe на нарoдoт, бидeјќи тиe oдат сo дoбрoтo и викаат прoтив грeвoт за да мoжат да гo внeсат дoбрoтo штo e oд Бoга вo душитe...

 БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа  (18.05.2018)

БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа (18.05.2018)

 Бoг e вeрeн сопруг на чoвeчката душа. Oн никoгаш нeвeстата – душата нe ја изнeвeрува. Нeгoвата љубoв кoн душата никoгаш нe изгаснува сè дoдeка душата нe сe сврти oд Бoга...

о.Константин Стефковски: Беседа (20.05.2018)

о.Константин Стефковски: Беседа (20.05.2018)

Спасителот поставува услов кон слепите, за да можат тие га го добијат бараното. Господ Христос им поставил кусо и едноставно прашање: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?". На...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

БЕСЕДА за извoрoт на жива вoда и за сувиoт извoр

БЕСЕДА за извoрoт на жива вoда и за сувиoт извoр

Извoр на живата вoда e самиoт Гoспoд, нeпрeсушeн, прeпoлн, сладoк. Бунарoт e сeкoја чoвeчка рабoта штo сe извршува спрoтивнo на Бoга и на Бoжјиoт закoн и oд кoја луѓeтo oчeкуваат...

Митрополит Струмички Наум:  Недела на слепите (12.05.2018)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепите (12.05.2018)

А кога Богочовекот Исус Христос нè води, тогаш телесниот подвиг преминува во аскетска љубов кон непријателите, па и во мачеништво заради Него; тогаш умната молитва преминува во умно-срдечна, па и...

Митрополит Струмички Наум: Вода жива (05.05.2018)

Митрополит Струмички Наум: Вода жива (05.05.2018)

Кој сака да дознае што значи ова, односно кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на...

Митрополит Струмички Наум: Уво не ми чуе... (28.04.2018)

Митрополит Струмички Наум: Уво не ми чуе... (28.04.2018)

Најпотресна, за мене, е симболиката за исконскиот крик на човекот во потрага по урнек на вистински Човек и човечност, преточена во само двата збора на раслабениот: немам човек!, како и...

Митрополит Струмички Наум: Свети Апостол Тома и ние (20.04.2018)

Митрополит Струмички Наум: Свети Апостол Тома и ние (20.04.2018)

Кој е тој опит за кој постојано говориме и овде и порано, а кој го опишуваме како знаење на умот (разумот), што произлегува од опит на заедницата со Бог, во...

« »

Најново од духовност

Православен календар

26/05/2018 - сабота

Св. мч-ци Гликерија и Лаодикиј; св. мч. Александар (Задушница)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на Светата Христова маченичка Гликерија (26.05.2018)

Тропар на Светата Христова маченичка Гликерија (26.05.2018)

 Со духовното миро на благодатта полеана, Со Крст на челото обрезана, света Гликерио,патот маченички ода на радоста постана,душата твоја така...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Излезе од печат втората книга од едицијата Манастирски води - Лебедот

 

Информации за продажба на книгата „Манастирски води - Лебедот“ може да ги добиете на сајтот на манастирот и преку: s.haritina@yahoo.com или 078 384 867

во Струмица:  075 490 655  и  во Скопје:  070 276 721   Повеќе...

 

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји. Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? ..  Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная