Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25). Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво.

Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство” е сѐ подалеку и подалеку од нас?

Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување (држава, нација, партија) – наместо пастирскиот пристап кон истите, па сѐ до опиеноста, како и зависноста од овој свет и неговите минливи убавини.

Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство” е сѐ подалеку и подалеку од нас?

Не напразно Богочовекот Христос рекол: барајте го најнапред Царството Небесно и сѐ друго ќе ви се додаде (види: Лука 12, 31). Црквата Христова и нејзините верни служители не проповедаат и не нѐ подготвуваат за „царство земно“, туку за Царство Небесно.

До тоа Царство Небесно, кое е, пред сѐ, внатре во нас (види: Лука 17, 21), се влегува на два начина: или преку волев подвиг на очистување на срцето од страстите – кога Божјата благодат на Крштението ни го покажува местото на срцето каде што нашиот ум треба аскетски, а потоа и благодатно да се соедини со својата суштина и преку неа со Бог; или преку трпение – со благодарност за неволните страдања што Божјата промисла ги допушта во нашиот живот заради наше спасение.

Главно на овие два начина, иако има и други комбинации, во зависност од степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме. Оние што преку овие доброволни подвизи, во послушание, ќе го пронајдат Царството Небесно внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на Суд нема да излезат.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!



Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА

31.03.2018 год.