логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 о. Горан Стојчевски


ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ


„...А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека

ќе бидат послушани, заради многуте зборови.
И така, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае што ви е потребно, уште пред да Го

помолите.„ (Мт.6,7-8)

Така и вие, ако со јазикот свој не из¬говарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што

го зборувате?„ (1Кор.14,9)


Доколку некој сака подобро да се запознае со животот во Православната Црква секако ќе треба освен преку покајанието и исповедта што е прв чекор за пристапување или поточно враќање во состојба на стоење пред лицето Божјо, да биде вклучен и во богослужбите на Светата Црква. Нераскинлива е таа врска за еден верник кој се декларира како таков, да ја живее и својата вера за која тврди дека ја исповеда. Многу е погрешно и воедно тешко да се занемари овој факт. Од верникот во однос на денешните секојдневни обврски не може да се очекува да биде активен во секојдневниот богослужбен циклус на празнување во Црквата, на начин на кој тоа е клирот и богословите, иако и тука треба да си го поставиме големото прашање колку како клирици „професионално„ сме вклучени во богослуженијата. Сепак, важната нитка во овој процес е воспоставувањето на духовната врска на духовен отец и духовно чедо, односно личносен однос на парохјаните со својот парохиски свештеник при најблискиот православен храм каде што самите живеат. Споменавме дека е стопроцентно неочекувано е парохјаните да присуствуваат на сите богослужби, но сепак доколку сме стапиле на прагот од литургискиот живот во Црквата, полезно и очекувано е учествотото во Светата Литургија, активно, што подразбира причестување со Светите Христови Тајни, бидејќи учеството во Литургијата не подразбира пасивност, туку активност на Трпезата Господова, јадење и пиење на Трпезата Господова што значи видливо единство со Христос и соборно со сите конкретни личности во Црквата независно дали се живи или упокоени, присутни или отсутни (според благословени причини).

Надвор од богослуженијата во храмот, оној кој што стапил во аскетски подвиг преку исповедта од парохискиот свештеник т.е. духовниот отец добива молитвено правило, според силите што се изнесени на исповедта да пости, среда и петок, поголемите пости во текот на годината и Великиот Пост, да има молитвено правило исто така според силите и познавањето на православната вера, утрински и вечерни молитви, и секако она што најмногу може да му користи во личносниот однос со Бога, кратки молитви кои независно од ситуацијата и обврските можат почесто да се произнесуваат во текот денот, а тоа Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме мене грешниот/грешната и пофалната песна за Пресвета Богородица: Богородице Дево..., или пак, Пресвета Богородице, спаси нѐ. Покрај ова, верникот се вклучува и почесто во читањето на Светото Писмо, особено на Новиот Завет за да се запознае со основите на својата вера и запознавање во што се состои неговиот аскестски подвиг со цел секоја постапка да ја споредува со Христовите мисли, зборови и дело. Добар поттик е и читањето на житијата на светителите како примери како подвигот се актуелизира во живот, и спознавајќи дека не се очекува од нас големи дела и имитаторско однесување, туку подражавање на светителите согласно животот во нашиот век, подвиг на љубов во малите дела кон ближните кои се според образот Христов и кон светот кој нѐ опкружува. Иако, вака идеалистички ја насликавме сликата во која верникот го гради својот личен однос со Бога преку духовниот отец според своите сили, сепак истакнуваме дека е непопходен мал труд на нашата воља кој треба да биде надополнет од благодатта Божја во полнота.

Еден, свет отец своевремено забележал дека од нас не се очекува да бидеме свештеници, монаси и чудотворци туку од нас се очекува постојано покајание и покрај сите наши паѓања при многубројните искушенија кои се наши педагози во односот кон Бога и ближните. Значи, нема да одговараме за она што не сме биле туку дали сме покајувале. Нема сезонски верници, туку оние кои живеат, растат и напредуваат во верата, паѓаат и пак и пак, се враќаат на подвигот на осветување на својот живот преку светите тајни на Црквата, исповедта и причеста.


Од друга страна, треба како свештенослужители особено во оние периоди како што Великиот Пост кога низ сите песнопенија, псалми и молитви се запознавме преку покајниот плач во изразен во тие текстови да се запознаеме со догматиката и учењето на Црквата на многу лесен и едноставен начин, да се сообразат според секојдневните работни потреби на верните особено во било која средина, градска, приградска, селска т.е. да се изнесат најпотребните работи (Паримиите, покајните псалми, канонот на св. Андреј...) без кој не може да се одржи богослужбата, со цел да не се претвори сета богослужба во просто механичко читање и пеење развлечено низ многучасовноста која ќе стане дополнително бреме на верните кои сепак сакаат да ја слушнат содржајната убавина на службите, но во еден добро поврзан миг. Затоа,  парафразирајќи го Апостолот, подобро е да кажам пет разбирливи зборови во Црква отколку илјада кои никој нема да ги разбере (1Кор.14,9), треба да ни бидат доволен поттик за тоа како ќе се реализира мисијата не само меѓу верниот народ кои живеат литургиски низ исповедта и покајанието, туку и кон светот, кон кој се отвара Црквата за да го прибере колку што може во своето лоно и да го преобрази во литургискиот миг за царството небесно. Никој не треба да размилсува на менување или отстапување од богослужбениот дел на Црквата што е и нејзината срж, туку да се одвива на начин согласно онака како што може да се адаптира и телесниот пост.


Најубаво е да се посетува и учествува во убавината на Православието при неговите молитвени центри – манастирите каде секој дел од денот е вклучен во богослужбата на Црквата според точното определено време, и да се види тој спој на теологијата на иконата со телогијата на богослужбите проткаено низ аскетскиот подвиг на умносрдечната Исусова молитва и да сѐ види дека сѐ е насочено кон „центарот„ на преображението на Богослужбите неизотавната Богослужба без која светот и ние не постоиме – Литургијата и причестувањето со Телото и Крвта Христови како неопходност за нашата припарност и декларативност во верата и секако вистинско молитвено стоење пред Бога. Но, секако овој мал небесен „дел„ треба да се почувствува насекаде каде што живеат верници и колку што може помалку да се одрази на нивните вообичаени активности. А, молитвата како што вели и нашиот современик, светиот Гаврил Светогорец, молитвата ја заменува секоја разонода, и го надополнува секој труд.


Нашиот труд нека биде мал, но разбирлив и впечатлив за да има и литургиски печат, бидејќи Христос со Својата Крв нѐ спечали да бидеме Негов избран род, царско свештенство во кое учествува секој што се труди низ покајанието да му служи со љубов и добри дела на ближниот за слава Божја.

 

П.С.„Јас ја фалам и целивам таа мудрост, со која се прославиле малите, за која се претпочитани понижените, со која рибарите ја уловиле во мрежата на Евангелието целата вселена, откако ја победиле шупливата мудрост со кусо и совршено слово! За мене не е мудар оној, кој е мудар на зборови, кој има превртлив јазик, кој има недобродетелна душа, кој приличи на гроб, однадвор благообразен и убав, а внатре полн со мртви коски и крие страшна смрдеа, а оној, кој, макар и малку да говори за добродетелта, меѓутоа, многу покажува на дело и со својот живот го потврдува своето слово. За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а да се посведочува на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат„.- св. Григориј Богослов.

 

 31ви јануари 2019 лето Господово

 

Друго:

Goran.S.Velig.jpg

 

  СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ...

ѓакон Горан Стојчевски - ЗА ЦАРСТВОТО БОЖЈО ...

презвитер Горан Стојчевски - ЦРКВАТА ПРИПАЃА НА СИТЕ ...

презвитер Горан Стојчевски -„Послушанието во себе содржи се “ ...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас  ...

о. Горан Стојчевски ИЛИ СИ, ИЛИ НЕ СИ ...

о.Горан Стојчевски: Како св. Василиј Велики во теологијата, така Никола Тесла во науката, а и обратно ...

о. Горан Стојчевски: ПОВЕСТ ...

о. Горан Стојчевски: Секој од нас е Јуда ...

Горан Стојчевски: Откако ќе ја завршиме улогата на Јуда... ...

о. Горан Стојчевски: Простувањето како неопходен услов за пост и молитва ...

о. Горан Стојчевски - Пастирско слово ...

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“ ...

Презвитер Горан Стојчевски - Ниту живи, ниту мртви со ФБ ...

 о.Горан Стојчевски - „Деца во Бадникарски поворки и при Христа, е тоа не можело. И зошто?“  ...

  Отец Горан Стојчевски - Поука  ...

о.Горан Стојчевски - Извртената радост позната како гадост под името разврат ...

о. Горан Стојчевски- ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА РАЗВРАТОТ ...

 о. Горан Стојчевски - ФОРМАЛИЗМОТ ВО ПОКАЈАНИЕТО ...

о. Горан Стојчевски ПОКАЈАНИЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА  ...

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 849
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1121
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1067
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »