логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Недела на сите Светии

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во Црквата е исклучиво дар на Светиот Дух. Таа можност ни ја даде Светиот Дух, оти Тој е единствениот Кој осветува и оживотворува. Никој без Светиот Дух не може да рече „Господи“, да Му се обрати на Бог и да Го познае, ниту пак, да се победи себеси, паднатата човечка природа, и да му каже не на гревот.

Неделата на сите Светии е празник на Црквата и на сите што се членови на телото Христово, оти единствено така стануваме свети. Сме читале како апостол Павле им се обраќа на првите христијански заедници во своите Посланија. Ги нарекува свети: Светиите во Рим, Коринт итн. Сите што биле членови на Црквата Христова тој ги нарекувал свети, без оглед што сите ние добро знаеме дека никој од нас не е свет. И тоа го исповедаме во Литургијата кога Епископот (свештеникот) нè повикува да се причестиме, велејќи: „Да внимаваме: Светињата е за Светиите“, а од друга страна народот одговара, признавајќи дека ниту еден меѓу нас не е свет, но Еден е Свет, Еден е Господ Исус Христос, во Слава на Бога Отца, амин. Надевајќи се на заедницата со Него, и ние да земеме учество во славата на Бога и Отецот; во Неговата Светост и ние да се осветиме.

И кај Светиите на Црквата, кои ги гледаме насликани со ореоли околу нивните глави, тоа е светлина што се рефлектира од Изворот на светлината, од Христовата светлина. Бидејќи тие изградиле љубовна заедница со Бог, се приближиле до Бог и станале едно со Него, Бог ги осветлува онака како што Сонцето ја осветлува месечината. Како што вели Владиката Наум во една од своите беседи, ние не сме енергетски (благодатно) самостојни битија. Ние во целост зависиме од Бог. Месечината нема извор на светлина самата од себе. Таа е сушта темнина, и ако не постои Сонцето да ја осветлува, не може никој да ја забележи, ниту да ја види. Така и оној што е блиску до Бог, Кој е извор на секоја светлина, и самиот ќе биде осветлен и ќе зрачи со истата несоздадена благодат, со несоздадените енергии на Светиот Дух, слично на Самиот Бог.

Нешто слично доживеал свети Дионисиј Ареопагит кога првпат Ја сретнал Пресвета Богородица и Ја опишал. Според неговите зборови ние го изобразуваме Нејзиниот лик во Црквата. Многу е важно правилно да ги разбираме овие нешта, оти многу незнаење има во Црквата. И оние што немаат добра намера го користат тоа незнаење на народот Божји за да манипулираат со него. Затоа, многу е важно да станете богослови, и не само да ги читате Светите отци, туку и да живеете според нивното учење за да не може никој да ве лаже.

Ги слушнавме денешните евангелски зборови, што вели Христос: „Кој се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец Небесен“ (Матеј 10, 33). Бог не може никогаш да се одрече од нас. Ќе ви објаснам што значи тоа: зарем може родител да се одрече од своето дете, иако со целокупниот свој живот, понекогаш, децата можат да ги одрекуваат родителите и сè што тие направиле за нив (знаеме многубројни такви примери), но повеќето од вас сте родители и знаете што може, а што не може родителското срце. А ние немаме повозвишена и поголема љубов од Бог и не сме подобри родители од Него. Еве, внимавајте на Литургијата, кога ќе рече Епископот или свештеникот: „Да Му Благодариме на Господа“, певницата одговара: „Достојно и праведно е“. Тогаш, веќе во континуитет на тоа „Достојно и праведно е“, свештеникот во олтарот продолжува: „Достојно и праведно е Тебе да Ти благодариме , Тебе да Ти пееме, Тебе да Те фалиме“ итн., и меѓу другото вели: „Зашто не си се одрекол сè да направиш за нас, додека не нè возведе на Небесата и Царството идно не ни го дарува...“ Внимавајте на овие зборови: „не си се одрекол“, и споредете ги со денешните евангелски зборови: „Кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него“. Бог не се одрекол, ниту ќе се одрече од нас. Ние сме тие што се одрекуваме. А како се одрекуваме? Ние Бог Го сведочиме со нашиот живот и Го одрекуваме. Секоја понуда за грев на која ќе ѝ кажеме да, секоја гревовна помисла со која ќе се согласиме ние од Бог сме се одрекле, а гревот сме го избрале.

Христос уште вели: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10, 37). Тоа се зборови што го параат увото на секој човек, и тоа е љубов каква што, за жал, повеќето од нас немаат. И, „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10, 38). А такви мигови во кои треба да се пројави нашата љубов кон Бог ќе дојдат, ќе дојдат на терезија тие наши плотски односи со нашите ближни – со мажот, со жената, со децата, со роднините, и Бог на другата страна.

Минатата недела ви зборував дека Бог не остави ништо за Себе, ништо што не ни дал – ни Го даде најскапоценото, Единородниот Свој Син, Го предаде на смрт за да можеме ние да живееме. И за да запази сѐ совршено и да не остане нешто што не го споделил со нас, во последните дни Го испрати животворниот Свој Дух да нѐ оживотворува и пребива со нас и во нас, и во Црквата на Единородниот Негов Син до крајот на вековите. Народот вели: „За љубов се потребни двајца“; не може само едниот да љуби безрезервно, а другиот да ја дозира љубовта и да остава по нешто за себе, па макар тоа биле татко, мајка, син, ќерка итн. Бог нема да се одрече од нас, ние самите се одрекуваме од Него, ако не возвратиме целосрдечно на истата таа љубов. Ништо друго на Бог не треба да Му покажеме.

Еве, читам деновиве, де за ова ќе сме одговарале на Страшниот суд, де за она ќе сме одговарале, и не можам да се изначудам на тоа од каде таква претстава за Бог од луѓе од Црквата. Навистина, Страшниот Суд ќе е проверка за сечија мисла, за сечие дело, за секој збор, но многу добро треба да знаеме што ќе одговараме и што ќе треба да покажеме на таа средба со Живиот Бог. Христос не треба ништо друго да ни кажува и да ни покажува – ќе ни го покаже само Својот крст како гарант за Неговата љубов кон нас. И, пред тој крст што ќе се појави на небото, пред самото доаѓање на Синот Божји ќе замолкне секој јазик човечки, оти не ќе може да изговори слово на оправдание. Мачениците ќе ги покажаат своите рани, свети Јован Крстител ќе ја покаже својата отсечена глава, што често на иконите ја држи отсечена заради Христос, а светата маченичка Параскева своите извадени очи заради Христос; преподобните ќе ги покажат своите подвизи, своите солзи, своите деноноќни стоења и коленопреклонувања, своите доброволни маки и страдања заради Христос. Во сето тоа Бог ќе ја види нивната љубов. А што ќе покажеме ние? Зарем некој мисли дека нешто друго треба да покаже и дека на злото од овој свет треба да се спротивстави на поинаков, световен начин? Сочувај нѐ, Господи, од таква прелест.

Така, драги мои, кој љуби нешто друго повеќе за во овој миг да биде таму, а не во недела на Литургија, на литургиското собрание овде, каде ве пречекува Христос, со Неговото Пресвето Тело и Неговата животворна Крв, тој нека нe зборува дека Го љуби Бог. Љубовта секогаш изискува конкретно сведоштво. Овој свет пее и зборува за љубовта, сите зборуваат за љубовта, но само еден Човек покажа вистинска љубов во овој свет, оти умре за оние што велеше дека ги љуби, и таа љубов не може никој да ја оспори. Сѐ друго е магла и измама. Затоа, многу е важно да се посведочи нашата љубов кон Бог во овој живот, овде.

Бог да ве благослови сите и да ве направи носители на Неговата божествена љубов, на Неговата божествена кротост и смирение, и да ни даде соврешена љубов кон ближните наши и кон Него Самиот, оти сѐ друго ќе помине, а единствено љубовта ќе остане, и единствено љубовта ќе го промени и разубави овој свет. Амин!

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Божествена Литургија во Струмица (23.06.2019 12:44)

Денес, во Неделата на сите Светии, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7107

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1311
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1854
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1237
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »