3.angeli.so.truba

Скопје,3ти јули 2020 година- храм на св.вмч. Димитриј

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3ти јули 2020. година
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
3та недела по Педесетница (според св. апостол Лука 6:17-23)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Благочестиви христијани,

Денес, светата православна Црква си спомнува за животот и делата на свети Наум Охридски. Овој Божји угоднк е само еден од илјадниците свети мажи кои ги оставиле сите земни блага и угодности и својот живот во потполност, безрезервно го посветиле служејќи му на Бога и на народот.
Невозможно е изолирано да се зборува за житието на свети Наум Охридски, а притоа да не се спомнат словенските рамноапостоли и учители Кирил и Методиј и секако втемелителот и покровителот на нашата Македонска Православна Црква, свети Климент Охридски.


Имено, во времето кога светите браќа Кирил и Методиј работеле на описменувањето на, дотогаш непросветениот словенски народ, нивните сотрудници, покрај останатите биле и свети Климент и свети Наум. Тие учествувале во создавањето на првото словенско писмо и помагале во преводот на светото Писмо и другите богослужбени книги на словенски јазик, но поради тоа биле обвинувани и прогонувани од германското свештенство. По страдањата поради својата благородна и рамноапостолска мисија меѓу словенското население во Чешка и Моравија, и по смртта на првиот словенски епископ Методиј, свети Климент и свети Наум биле испратени во Бугарија, а од таму свети Климент бил испратен како вероучител во охридската област. Седум години потоа, поточно во 893 година, свети Климент бил ракоположен за епископ на градот Охрид и Девол, а свети Наум бил поставен на неговото претходно место.

3.angeli.so.truba


Како епископ, свети Климент го основал и организирал првиот словенски универзитет низ кој, во негово време, поминале повеќе од 3500 ученици, идни свештенослужители, а пак, свети Наум устроил манастир на јужниот брег на Охридското езеро посветен на светите Архангели. Во овој манастир, свети Наум привлекол голем број монаси од секаде на Балканот и го организирал монашкиот живот меѓу, тукушто покрстеното, словенско население и затоа со право се смета за основоположник на монашкиот живот во Македонија. Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на словенски јазик. Но, неговата улога како свештеник и управител со манастирот не завршувала тука. Како многу учен и образован човек, кој познавал многу јазици, кај него секојдневно доаѓало мноштво народ за да се поучи за верата, но и за да слушне совети за секојдневниот живот, за земјоделието, за сточарството и другите практични работи.
По долгогодишно богоуподобовување во манастирот „Свети Архангели" на брегот на Охридското езеро, свети Наум се упокоил во 910 година и бил погребан во манастиот кој самиот го устроил. Неговите свети мошти биле положени во посебна просторија од северната страна на манастирот кадешто се наоѓаат и до денешен ден.
Бог, преку својот угодник, свети Наум Охридски, правел чуда и за време на неговиот живот, но и по неговата смрт. Неговите свети мошти и во минатото и денес восхитуваат со многубројните чуда, посебно со исцелувања од тешки душевни болести.
Манастирот „Свети Архангели" по смртта на свети Наум Охридски Чудотворец, во негова чест е преименуван во „Свети Наум Охридски" и во текот на историјата и во денешен ден останал духовна тврдина на македонскиот народ, па и на сите благочестиви и добронамерни христијани од сите страни на светот кои со вера ќе пристапат во него и со набожност ќе се поклонат на светите мошти на охридскиот чудотворец.
Бог, по молитвите на свети Наум Охридски Чудотворец и на сите македонски светии, да нѐ спаси и помилува како Добар и Човекољубец.

Амин.

3.angeli.so.truba

 Беседа: о. Жарко Ѓорѓиовски

03. јули 2017 година
Свети Наум Охридски

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 3.angeli.so.truba

Друго:

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020) ...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019 ...

Жарко Ѓорѓиевски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019) ...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска ...

Жарко Ѓорѓиевски - Беседа за за крајот на светот и за крајот на човечкото живеење...(06.03.2016)  ...