3.angeli.so.truba

Охрид, 12ти јули 2020 лето Господово- храм на Св.Софија

 

Достоен, Достоен, Достоен и сто пати, и илјадапати по толку и пак и пак по толку.

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку громогласно Достоин не сум чул, се прашувам дали ќе чујам...

Имав поинаков благослов од првопредвидениот: место да сослужувам, од мал монитор, во репортажното возило на МТВ, го проследував и доловував настанот. Во ниеден момент со разочарување, зашто бев и со тие,присутните, но и со оние отсутните. Се радувам зашто ми се даде оваа улога, ова послушание - да го коментирам животниот настан, личната Педесетница на овој скромен и достоен човек. Овој достоблажен господин ме научи што е послушание и кои се сладостите од таа доблест. А ме научи и многу други нешта за Господа, достојни и блажени, кои кога ќе се преживеат нема зборови со кои би се искажале... Ќе ме учи уште, ќе ни сведочи уште за Господа и Неговата љубов.

Денес ,имаше еден транспарент, навидум незабележителен, и на него пишуваше: “Срце на срцето зборува”. Денес беше тоа, многуте срца зборуваа како едно со Бога.

Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

 

 

Избор од фб профил на

Презвитер Бобан Митевски