логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Толкување на Господовата приказна за блудниот син.

1. Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба на лишеност и воедно потреба од најнеопходната храна. Но, постои и глад што е полоша и потрагична од оваа, а таа е - кога човекот лишен од она што е неопходно за неговото спасение, не се ужаснува од таквата несреќа и не чувствува дури ни потреба за спасение. Гладниот човек бара насекаде, заоѓа и обиколува како би нашол малку леб; го радува дури и наоѓањето на плесниво тесто, или кога некој му даде просена погача, мекица или било каква друга неценета храна и тоа во иста мера со која претходно пател, додека гладувал. Така и духовно гладниот човек, лишен од духовната храна по која чувствува потреба, бара насекаде, заоѓа и обиколува во потрага по Богонадарен учител, од кого ако го пронајде, со радост го прима и вкусува лебот на духовниот живот,  спасоносното слово; него не може да не го најде секој кој упорно и до крај го бара. Секому кој што сака - ќе му се даде, кој бара - ќе најде, и кој тропа - ќе му отворат - рекол Господ.

2. Но постојат и такви, кои след долготрајниот глад ја губат и самата желба да го задоволат истиот; стануваат сосема апатични, па дури и во присуство на духовниот учител, тие немаат повеќе желба да слушаат поуки; а кога и не би имале некој да ги поучува - не би го ни барале, препуштајќи го својот живот на гревот, повеќе и од блудниот син. Затоа што тој, бивајќи лишен со оддалечувањето од заедничкиот Хранител, Татко и Господар, попаднал во уште поголем глад и сеќавајќи таква немоќ, горко се покајал, се вратил и одново добил Божествена и чиста храна, та благодарение на своето покајание во таква мера  задобил дарови на Духот, што станал предмет на завист за богатиот.

3. Но подобро е да тргнеме од самиот почеток и да ја изложиме на Вашата љубов оваа евангелска Господова приказна, која денес вообичаено се чита во црквите.

4. "Некој човек" - вели Господ -"имал два сина". Овде, под поимот "човек", Господ се подразбира Самиот Себе, и во тоа нема ништо чудно. Зошто, ако Тој навистина заради нашето спасение станал Човек, тогаш воопшто не е чудно кога истото тоа е случај, заради нашата корист (во оваа приказна). Себе се представува како еден од луѓето, Тој - Кој одсекогаш представува Чувар за нашите души и тела, како Владика и Творец на едното и другото, Тој - Кој покажа љубовни дела кон нас и преизобилна грижа, уште пред и да бидеме доведени во битие?

5. Зошто, како што и Тој Самиот вели, ни го припремил за вечно наследство Царството уште пред да дојдеме на овој свет: „пред постанокот на светот“. Претходно, заради нас ги создал и Ангелите кои се створени за да служат, како што вели Апостолот Павле - „заради оние кои треба да го наследат спасението“. Претходно, исто така заради нас, над целиот тој тварен свет го прострел небото, подигнато како некаков заеднички шатор за сите во светот, кое што постојано е многукратно самодвижно, веројатно за да го сочува своето место низ постојан в рамнотежен  себедвиг. Секогаш движечко во самото себе, тоа со себе носи и мноштво од ѕвезди, како од тоа би ја согледале минливоста на сегашниот живот и би имале корист од она што се наоѓа над нашите глави, како што впрочем и имаме од се што се наоѓа под него (небото). Поради нас, Тој создал големо светило за по ден, а помали за ноќе; нив и другите ѕвезди ги поставил на небескиот свод да се движат во ист или спротивен правец со небото, да се движат заедно или да се оддалечуваат, така да ни послужат за одредување на (годишните) времиња и периоди од годината; ангелите, кои се над чувствено бележитите доживувања, но и бесловесните животни, кои живеат раководејќи се исклучиво од својот инстинкт, немаат такви потреби. Значи, сето тоа е создадено за нас, затоа што сме надарени и со други сетила, како и со усетот за убавина на видливото, па затоа со умот преку сетилата ги примаме овие знаци.

6. Поради нас ја утврдил земјата, го прострел морето и над него богато излил воздух, над кого потоа премудро ја поставил огнената стихија, како би ја ублажил претераната ладнотија во се она што се наоѓа доле под него, а воедно би се задржала огнената топлина во својата област; ако бесловесните животни, за да би опстанале, имаат потреба од истото како и луѓето, тие сепак, како што вели Пророкот Давид, се створени пред нас, за да им служат на луѓето (Пс. 104,20).

7. Значи, пред да не создаде нас, Творецот, поради нашето тело, го создал сиот овој свет; го произвел од ништо. Што ли се направил Владиката кој ја љуби добродетелта, како би не поправил и повел кон добродетелта (доблеста)? Целиот овој материјален свет представува некакво огледало на она што се наоѓа над него, за низ духовно созерцување на овој, како по некоја чудесна скала, да би можеле да доспееме до оној виш свет. Тој во нас положил вроден закон, како некаква неодстапна норма, непогрешлив судија и учител - сопствената совест на секој од нас - во случај кога нашата душа ја вознемири некоја помисла, да нема потреба од друг учител за разбирање на доброто; ако на надворешното чувство благообразно му го принесеме нашиот ум, тогаш според зборовите на Апостолот, се што е кај Него невидливо уште од постанокот на светот, умствено во созданијата јасно се согледува (Рим. 1, 20).

8. Значи, откривајќи ја за познание добродетелта (доблеста) низ природата и створението, Тој ги поставил Ангелите Чувари, ги подигнал Отците и Пророците да не раководат, покажал знаменија и чудеса што приведуваат кон верата, ни го дал пишаниот Закон заради помош на законот положен во нашата разумна природа и на познанието добиено од согледувањето на созданието. Конечно, откако сето тоа сме го запоставиле - о, каква негрижа од наша страна и напротив, каква великодушност и воедно брига од Оној кој не љуби! - Тој Самиот Себе се предаде за нас, излевајќи од богатството на Своето Божество во нашата слабост, примајќи ја нашата природа и станувајќи Човек како што сме ние, благоизволел да стане наш Учител. Самиот не учи за возвишеноста на човекољубието, покажувајќи го со збор и на дело и воедно не подтикнува да го подражаваме Неговото сострадание кон луѓето, изгонувајќи го немилосрдното расположение во душите на оние кои го слушаат.

9. Доколку дарот на љубовта воопшто им е својствен на оние кои управуваат со државата, како и на пастирите на овците или оние кои управуваат со сопствениот имот, сепак тој дар не е толку силен како кај сродниците по тело и крв, а меѓу нив особено во односот на татковците кон нивните деца, затоа и Тој нивната љубов ја наведува како пример за Своето Човекољубие, нарекувајќи Се Човек и Отец на сите нас, бидејќи навистина поради нас постанал Човек и не препородил низ Божественото крштение и со благодатта на Својот Божествен Дух.

10. Така - вели Тој - некој Човек имал два сина; овде се прикажува како карактерната разлика ја разделила едната природа на две, како што и разликата помеѓу добродетелта (доблеста) и гревот го разбила мноштвото на две групи. И ние понекогаш велиме дека некое лице е дволично, кога има двоволен, непостојан карактер, како и тоа дека мнозина представуваат едно кога пребиваат во взаемност. И му рече помладиот од нив на татка си - навистина, "помладиот" (т.е. по-несериозниот, по-недозреаниот), затоа што поставил младешко (несериозно) и сосема неразумно барање; така, како што и гревот на кој се помислува и кој доведува до одстапување (од Бога), представува чедо на нашата зла намера, е понов по постанок и покасен по раѓање. А добродетелта е првородена, таа од вечноста постои во Бога, неа Бог од самиот почеток, како последица на благодатта, ја положил во нашата душа.

11. Значи, помладиот син му пристапил на татка си и му рекол: "Оче, дај ми го делот од имотот што ми припаѓа". Погледни каква неразумност: тој не паднал на колена, ниту замолил, туку просто "рекол"; и не само тоа, но настапил и како да бара враќање на долг од Оној Кој на сите се им дава. Дај ми го делот од имотот што ми припаѓа. Кој е тој закон и како може да биде праведен, ако според него татковците им се должни на децата?! Напротив, и самата природа покажала дека децата им се должни на татковците, бидејќи од нив го примиле животот. Ваквото однесување дополнително ја истакнува сета незрелост на неговото размислување.

12. Што сторил Оној Кој подеднакво им испраќа дожд на праведните и на неправедните, и му заповеда на сонцето да свети и на злите и на добрите? Тој - се вели - им го раздели имотот. Гледаш ли, дека на овој Човек и Татко, ништо не му недостасува? Зошто друг не би го разделил имотот само на двајца и на два дела, туку третиот дел од средствата за живот би го задржал за себе. Но, Тој бидејќи е Бог, како што и Пророкот Давид вели (Пс. 15, 2), нема потреба од нашите добра, па само на тие двајца синови им го разделил имотот, односно целиот свет: зошто, како што едно битие се разделува според различната настроеност, така и светот се разделува според начинот на негово користење. Така, додека еден вели: "По цел ден, Господи, ги исправам рацете свои кон Тебе " (Пс. 88,9), и "Седумпати на ден ги величам судовите на Твојата правда"(Пс. 119,164), и "На полноќ станувам да Те славам за твоите праведни судови“(Пс. 119,62), и "Се надевам на Твојата реч" (Пс. 119,42), и "Наутро ги уништувам безбожниците на земјата" (Пс. 101,8) - одсекувајќи ги сите стремежи на телото кои водат кон наслада. Друг пак го поминува денот во пијанство и трага каде има некаква пијанка, додека ноќта ја проведува во недостојни и безакони дела и брза на другите да им поставува скриени замки или нескриено ги спроведува своите зли намери, ита да краде пари и смислува секакво зло. Зарем не споделуваат (овие два наведени типа на луѓе) иста ноќ и исто сонце, а пред се иста сопствена природа, користејќи се од едното и другото на сосема различен начин. Бог на сите подеднакво го разделил сето створение, оставајќи на секому по сопствена волја како ќе се користи со тоа.

13. И после неколку дена - вели (Христос) - помладиот син собра се свое и замина во далечна земја. Зошто не отишол веднаш, туку после неколку дни? Затоа што лукавиот прелажувач ѓаволот, не му го предлага веднаш на човекот својот сопствен начин на делување и чинење грев, туку постепено не убедува, ни подшепнува и ни говори: "И ако живееш по свое, како што самиот сметаш дека треба, не посетувајќи го Божјиот храм и не грижејќи се за учењето на Црквата, сепак ќе можеш да согледаш што треба да чиниш за да не се оддалечиш од доброто". Кога некого го одвои од свештените богослужби и од слушањето на свештените учители, со самото тоа го одвојува од Божјата заштита и го предава на правење зли дела. Бог е секаде присутен; единствено низ она што е далеку од доброто - а тоа е злото, во кое запаѓаме со гревот - ние се оддалечуваме од Бога. "Безакониците нема да излезат пред очите Твои" (Пс. 5,5) - му вели на Бога Пророкот Давид.

14. Тако, помладиот син се оддалечил (од својот Отец) и заминал во далечна земја; и таму - се вели - го потроши својот имот живеејќи развратно. На кој начин го потрошил својот имот? Нашето главно богатство и имот е - нашиот сопствен ум. Се додека се држиме до спасоносниот пат, умот е восредоточен на себе и на Првиот и Севишен Ум - на Бога. Кога им ја отвораме умствената врата на страстите, тогаш тој брзо се троши, лута по телесни и земни нешта, по секакви наслади и страсни помисли поврзани со нив. Богатството на умот е - здравиот разум кој во него престојува и кој што е способен да разликува добро и зло се дотогаш додека самиот останува во рамките на заповедите Божји и во единството со Бога, покорувајќи се на Севишниот Отец. Ако ја отфрли уздата, умот се расејува на блуд и лудост, тратејќи се на секакво зло.

15. Истото се однесува и на секоја наша добродетел (доблест), што за нас претставува вистинско богатство и кое штом подпаднеме под дејство на злото, залудно и расипнички се троши.. Умот, по својата природа тежнее кон единствениот вистински Бог - единствениот благ, единствениот посакуван, единствениот што ни подава вистинска наслада, непоматена и нималку примесена со било каква горчина. Кога умот заслаби и се расколеба, тогаш душевната сила на вистинската љубов се одвраќа од вистински достојниот предмет на своите стремежи, та почнува да се расејува во секакви тежненија за наслада: час им се предава на желбите кон ненасуштни јадења, час на нескромни телесни задоволства, па на желби кон бескорисни нешта, а понекогаш и на занесно копнеење по суетна и бедна слава. Ете како, несреќниот човек се претвора во ситничар: врзан мислено за таквите нешта, тој неволно го гледа самото сонце, и самиот воздух - тоа заедничко сеопшто богатство - го гледа и вдишува без задоволство.

16. Самиот наш ум, кој сеуште не одстапил од Бога, го предизвикува во нас гневот против ѓаволот и ја употребува сета храброст на душата за борба против гнасните страсти, против кнезовите на темнината, против духовите на злото. Ако пак не се држи до божествените заповеди и до Владиката кој го вооружил, тогаш таквиот војува против своите ближни, беснее на своите сонародници, се срди на оние кои не ги одобруваат неговите безумни тежненија, па така, за чудо, човекот станува човекоубиец, налик не само на безумните животни, но дури и на влекачите и отровниците - оној кој е поставен да биде меѓу синовите Божји, станува како шкорпија или змија, како аспидин пород. Гледаш ли сега, на каков начин го потрошил и загубил својот имот? А кога потрошил се - вели - (помладиот син) почна да пати во скудност. Гладувал, но сеуште не помислувал на тоа, да се измени од својата развратеност. Затоа се пристани кај еден од жителите на таа земја, и тој го испрати во своето поле да чува свињи.
17.
18. Кои се граѓаните и владетелите на таа земја што е далеку од Бога? Се разбира - демоните, под чија што власт, синот на Небесниот Отец, постанал прв во разбојничкото гнездо и главен цариник, водач на разбојниците и предводник на побунетите: зошто секоја  една страст во својата врвна нечистотија се нарекува свинска. Свињите се представници и образ на оние кои се валкаат во калта на страстите, а помладиот син станал токму нивен предводник, како таков кој ги надминува во потрагата по задоволства, бивајќи поненаситен и од нив во гадната храна, односно не можејќи да ја задоволи својата страст.

SRETENIE.na.Hristos

19. Зошто, природноста на телото не може да ја задоволи страста на развратникот? Златото или среброто, множејќи се во рацете на златољубивиот или среброљубивиот човек, само му ја зголемуваат потребата и желбата; колку и да прибави злато и сребро, дотолку повеќе копнее по нив; зошто и целиот свет не ќе му биде доволен на користољубивиот или властољубивиот. Бидејќи такви луѓе има многу, а светот е еден, како е воопшто можно некој од нив да ја задоволи својата страст? Така и тој кој одстапил од Бога, не можел да се насити, "зошто никој не му давал". А кој и да му даде? Бог бил далеку, па единствено во Негово созерцување, созерцателот може радосно да се насити, како што е и речено: "Во правда ќе го гледам лицето Твое; ќе се будам сит, од призорот на славата Твоја"(Пс. 16,15). Ѓаволот не сака да дозволи човекот да ги засити своите ниски желби, бидејќи во душите склони на расположни промени, ситоста обично предизвикува промена во односот кон тие желби. Значи, со право никој не му давал да јаде.

20. Дури откако си дошол при себе и сватил во каква беда се наоѓа, синот кој се беше одвоил од својот Отец, почнал да се оплакува себе си, говорејќи:: "Колкумина наемници на мојот Татко имаат одповеќе леб, а јас умирам од глад!". Кои се тие наемници? Тоа се оние, кои за своите покајнички солзи и смирение, како своевидна плата, добиваат - спасение. Синовите, тоа се оние кои од љубов кон Него, се покоруваат на Неговите заповеди; и Господ вели: "Ако некој ме љуби, ќе го пази словото Мое" (Јн. 14,23).

21. Значи, тој најмлад син, кој себе се лишил од синовското достоинство и кој по сопствена волја се протерал од дома, најпосле се смирил, се покајал и рекол: "Ќе станам и ќе отидам при својот Отец, па ќе речам: Татко, згрешив против небото и против Тебе". Правилно на почетокот заклучивме дека Отецот (во приказната за блудниот син) - е Бог; зошто, како би згрешил против небото синот што го оставил татка си, кога тој не би бил Небесниот Отец? Значи, тој вели: згрешив против небото - т.е. против Светиите и оние кои престојуваат на небото - и против Тебе, Кој престојуваш на небото со Своите Светии. И повеќе не сум достоен да се нарекувам Твој син; прими ме како еден од Своите наемници. Во потполно смирение, возвишено додава: "Прими ме, зошто никој сам, со своите сили не зачекорува на степениците кои водат кон добродетелта, иако тоа не станува без сопствен слободен избор (волја) ". И стана - вели - па појде при својот Отец. А додека сеуште беше далеку.. Како треба да се разбере тоа дека "пошол", а истовремено, "бил далеку"? Зошто Отецот, сажалувајќи се на него, му излегол во пресрет? Човекот кој со сета душа се кае, со својата добра волја и одстапувајќи од гревот, се приближува кон Бога. Но, наоѓајќи се под власта на лошите навики и погрешни сваќања, тој се уште е далеку од Бога; за да се спаси му е потребна голема милост и помош од горе.

22. Поради тоа, Отецот на секое добро, сожалувајќи се, му излегол во пресрет, го прегрнал, го целивал и им заповедал на слугите, т.е. на свештениците, да го променат во неговото првобитно свечено руво, т.е. во достоинството на син, во кое одпорано, преку светото крштение, бил облечен; и да му дадат прстен на раката, т.е. на душевното делување, бидејќи раката симболизира делување, му се стави печат на созерцателна добродетел, како залог на идното наследство; воедно, заповедал на нозете да му обујат обувки - Божествена заштита и цврстина, која му дава моќ да гази на змии и шкорпии и на секаква ѓаволска сила. Потоа заповеда да се доведе угоено теле, да се заколе и послужи за јадење. Ово теле е Самиот Господ, Кој излегува од скровитоста на Божеството, од она што се наоѓа над секој престол, и Кој како Човек се јавил на земјата, а како теле бидува заклан за нас грешните, и како Леб ни се нуди за храна.

23. Притоа, Бог приредува заедничко славје и веселба со Своите Светии, та земајќи според Своето неизмерно човекољубие, од она што нам ни е својствено, повикува: "Дојдете, да јадеме и да се веселиме". Но, постариот син се лути. Ми изгледа дека во него Христос ги представил Јудејците, кои се лутеле поради повикувањето на незнабожците, и книжниците и фарисеите кои се соблазнувале од тоа што Господ прима грешници и јаде со нив. Ако пак ова сакаш да го сватиш во таа смисла дека се говори за праведниците, нема ништо невообичаено во тоа што ниту на праведникот не му е познато сето богатство на милоста Божја, бидејќи тоа е над поимањето на сечиј ум? Затоа заедничкиот Отец го теши и доведува до свест за праведноста, говорејќи му: ти си секогаш со мене и учествуваш во непроменлива радост; требаше да се развеселиме и зарадуваме, зошто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен, и се најде - тој бил мртов след гревот, воскрснал благодарејќи на покајанието; пропаѓал, не наоѓајќи се во Бога; кога пак е пронајден, тој небесата ги исполнил со радост, како што е и напишано: "Небото се радува за секој грешник кој се кае" (Лк.15,7).
 
24. Што е тоа, што особено го вознемирува постариот син? Мене, никогаш не си ми дал ни јаре да се провеселам со своите пријатели. А кога дојде тој Твој син, кој го расфрла Твојот имот со блудниците, му закла угоено теле: до таа мерка е преобилна милоста Божја кон нас, како што вели првиот меѓу Апостолите Петар, што и самите ангели би сакале да се приближат на благодатта, што ни се дарува низ Неговото воплотување (1.Пет. 1,12). Праведниците исто така посакувале Христос порано да дојде (од времето што било предодредено за Негово воплотување), токму заради таквите добродетели, како што и Авраам сакал да го види Неговиот ден. Но, Тој тогаш не дошол; а кога дошол, не ги повикал праведниците, туку грешниците на покајание, и заради нив се распнал, земајќи ги на Себе гревовите на светот, зошто каде што се умножува гревот, таму уште повеќе се умножува благодатта (Рим. 5, 20).

25. А тоа дека на праведниците и покрај нивното барање, не им дал ниту едно јаре, т.е. ниеден грешник, можеме изразено силно да видиме, како врз основа на многу други примери, и во видението на свештениот и блажен Карп. Зошто тој, беше бил проколнувал некои зли луѓе говорејќи дека е неправедно безакониците и оние кои се одвраќаат од правите Божји патишта, да се оставаат во живот, па не само што не бил услишен, туку дури го почувствувал и Божјото незадоволство и чул страшни зборови кои доведуваат до познание неискажното и за нашиот ум недостижно трпение Божје, зборови кои не учат да не ги проколнуваме луѓето кои живеат во грев, зошто на таквите Бог им дава уште време за покајание ("Еве, удри Ме! - му рекол Господ на Карп во видението - Спремен Сум уште многу пати да бидам распнат за спасението на луѓето, подраго ми е тоа отколку луѓето да грешат. А ти види сам,  дали ти е подраго да се најдеш во бездната заедно со змијата, која како и ти ги мрази грешниците и сака да ги погуби, или да бидеш на небото заедно со Бога и човекољубивите и добри ангели?"). Значи, Богот на оние кои се кајат и Отецот на милосрдието, ја раскажал оваа приказна (за блудниот син) да би го покажал и представил тоа, дека оние кои му се обраќаат преку покајание Тој ги дарува со големи дарови - дарови што предизвикуваат завист.

26. Затоа браќа, дајте и ние преку покајнички дела да се соземеме во сопствените раце, да се збогуваме од злото, да се одвоиме од свињите и оние што јадат гнасотии, т.е. од гнасните страсти и оние приврзани со нив; да го напуштиме лошиот пасник, т.е. злата навика; да избегаме од земјата на страстите - од неверието, незаситноста и неумереноста, да избегаме од земјата во која владее тежок глад за доброто, и толку тешка состојба, полоша и од самата глад; да притекнеме кон Отецот на бесмртноста, Дародавецот на животот, чекорејќи со посредство на добродетелта, по патот на животот; зошто таму ќе го најдеме Него, кој во пресрет ни излегува и ни дарува простување на нашите гревови, знамение на бесмртноста, залог на идното наследство. Така и блудниот син -  како што не учи Спасителот - за сето време на својот престој во земјата на страстите, иако помислувал, па дури и изговарал покајнички зборови, сепак не добивал никакво добро се дури не ги оставил сите гревовни дела и поитал кон Отецот. А кога го добил она што било над сите негови надежи, конечно во смирение го провел остатокот од својот живот, живеејќи целомудрено и праведно и чувајќи ја неповредена божествената благодат обновена во него,

27. таквата и ние да ја стекнеме и сочуваме неповредена, да би се радувале во идниот век заедно со спасениот блуден син во Горниот Ерусалим, Мајката на сите живи, во Црквата на првородените, во Самиот Христос Господ наш, Кому му доликува слава во векови. Амин.

 sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

 Св.  Григориј Палама

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6411
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная