Слика
Прсти придвижени во етер
Фигури заборавени на претек
Замисли изгубени во тек
Желби изоставени занавек

Се придвижува во след недоследно
Како марионетка на двигало
Сака да каже –
Нема што да рече,
Иде време за повечерие

Тек тогаш прсти се откажаа
Наредба кон ближен изоставија
На Љубов место и отстапија
Уметник уметност запиша



Ти ме створи
Воља предност Ти даде
Побрзај, незнам, можеби
Некој да не ме украде

Но, ех во право си
Кој би зел здела неупотреблива
Особено ако дно не & се гледа,
Се оправда мудроста и сега

Лесно од тело направи слика
Но, ке има ли прилика
Од душа да исковаш Ангел
А од срце чист предел

Предел, јагоден да се вика
Каде плод расте, расте
А никој не го гиба

Само сето тоа да е
Една слика,
Која ниедно време
Никогаш не ја допира,
А останува содржина
Во секоја Твоја Икона.    

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: