логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Секоја година на 29 мај (стар стил) Црквата Христова молитвено си спомнува за славниот и маченички подвиг на сите оние што паднале под бедемите на Царицата на градовите, Престолнината на Ромејското царство, Градот на Великиот Константин, бранејќи го од лутите напади на незнабожните Агарјани во годината Спасителова 1453-та. „Целиот свет“, пишува црковниот химнограф , „се опфати од страв, гледајќи го светиот Град од Агарјаните обесчестен; граѓаните со солзи повикуваа: Граде, венецу на славата и на веселието на сета земја, сега си разорен поради гревовите наши; јароста на гневот Божји нѐ достигна, се исполнивме со горчина. Денес на вселената ѝ замижа окото… Но, Господи, во денот на Твојот гнев помилуј нѐ, како благ и човекољубив“.

Константинопол, Градот на Богомајката, окото на светот, падна, но не и неговото бесценето духовно наследство. Ако Византија како царство престана да постои, византиската цивилизација продолжува да живее и да цвета. Бедемите на Новиот Рим, кој ја напои сета вселена со Божественото учење и спасителните догми и го просветли светот со премудрост вишна и земна, се срушија, но неговото евангелско дело не престанува да блеска и да се надоградува и денес преку првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија. Многу прекрасни зданија се разрушија, безбројни скапоцености и префинети дела на највозвишени уметности пропаднаа, но Црквата, како што Самиот Христос рече, вратите на пеколот не ја надвладеаја. Продолжува да свети и денес од нејзиното седиште во Фенер, како вистински фенер за целата православна екумена.

Како и во годините наназад, Бигорската Свештена Обител денес низ молитва си спомна за величието на православната Престолнина и на нејзиното наследство, како и за маченички загинатиот ромејски автократор Константин ΧΙ Палеолог и за сите души што паднале во одбрана на света Христова вера и на нејзините светињи. Нека им биде споменот вечен!

 

Последниот ромејски василевс Константин XI Палеолог (1449-1453)
Во продолжение приложуваме една трогателна и тажачка композиција, составена набрзо по падот на Константинопол од очевидецот на страшните настани, Мануил Дука Хрисаф, на глас осми, во исполнение на Великиот Протопрезвитер на Великата Христова Црква, о. Георгиј Цецис. Во суштина, текстот на композицијата се состои од почетните стихови на псалмот 78: Боже, дојдоа незнабошците во наследството твое… За повеќе податоци околу оваа композиција, како и за црковната музика во отоманскиот период, можете да прочитате тука.

 

Падот на Константинопол 1453 г.
Ова е текстот на псалмот за којшто е создадена мелодијата:

Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство,

го осквернија светиот Твој храм,

мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни,

а телата на Твоите светии – на земните ѕверови;

ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.

Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;

До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано,

до кога ќе гори лутината Твоја како оган?

Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат,

и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,

не спомнувај си за нашите стари гревови,

туку помогни ни скоро и помилуј нè.

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1232
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1773
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1187
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »