логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Епископ Тихон Шевкунов


Што се случуваше
во духовниот свет
во тие моменти?


       Што е случајност? Зошто тулата паѓа на главата, токму на тој парохијанин – на еден од илјада? Вакви длабоки мисли го вознемируваат човештвото со илјадници години.

       Еднаш, Троица – сергиевскиот благочин, архимандритот Онуфриј и духовникот на лаврата, архимандритот Кирил, ми препуштија мене да помогнам да се однесе на Кавказ, во планините, каде што многу години илегално се подвизуваат монаси – отшелници, еден од монасите на лаврата, јероѓаконот Рафаил (Берестов). Тоа беше монх со сосема малечок, детски раст, без брада, со тенок глас и навистина простодушен како дете.

        Со заговорнички шепот, отец Рафаилчик ми кажа, дека со благослов на отец Кирил е принуден да бега во планините, затоа што во лаврата сам се бори со екуменизмот. На влезот на вратата од неговата ќелија, тој закачил лист од училишна тетратка со натпис:

„СРАМ ДА ИМ Е НА ЕКУМЕНИСТИТЕ!!!“

        Јас, исто така, немав никакви симпатии кон екуменизмот и затоа прифатив да му помогнам, иако многу се сомневав во реалноста на надвиснатата голема закана над отецот јероѓакон. Толку голема, што е принуден да бега од манастирот.

-    Најверојатно по мене ќе пуштат очајна потера за да ме затворат во затвор! – со страшен шепот ми кажа отец Рафаил. Тој се изразуваше срдечно, образовано и со многу висок стил.
-    
      Во „затворот“ јас, исто така, не поверував многу. Кому му беше потребен малечкиот јероѓакон?

       Отец Рафаил беше и уметник. Освен личните работи, тој сакаше да земе со себе во планините и предмети за иконопис, штафелај, бои, а исто така и резервни даски за икони. Сфатив дека сам нема да можам да се справам со тоа и решив да викнам со мене другар, печерскиот послушник Саша Шевцов, кој во тоа време беше на посета кај родителите во Москва. Со благослов на архимандритот Кирил, ни се придружи уште еден млад човек – дипломец на Московската духовна академија, Константин. Сега тој е игумен Никита и служи во Брјанската епархија.

       На железничката станица во Сухуми нѐ пречека ѓаконот Григориј – човек со сериозен, бушав изглед и неговата сопруга, матушка Олга – негова сушта спротивност, многу грижлива и љубезна. Ние застанавме во нивниот дом на улица Казбеги. Потоа дознавме дека тука секогаш наоѓаат покрив над глава оние кои тајно заминуваат во планините кај монасите.

       Отец Рафаил не можеше да дотрпи побрзо да стигнеме до горните ќелии, но испадна дека не било сѐ толку едноставно. На матушка Олга ѝ се јавија од Загорск и ја предупредија дека во градот се шират гласини дека јероѓаконот Рафаил дошол во Сухуму и се подготвува да замине во планините, каде што живеат слободните од своветската власт, без никакви пасоши, пописи и регистрации. А ако за тоа се зборувало во Загорск, тогаш значи дека наскоро ќе дознаат и локалните власти. Православните во Сухуми се трудеа на различни работни места, и затоа уште следниот ден дознавме, дека во сухумската полиција стигнала наредба да се задржи опасниот престапник, јероѓаконот Рафаил (Берестов), кој сака да премине во илегала, и можеби да се занимава со антисоветска дејност и да живее живот на „џабе –лебојадец“.


       Јас многу се изненадив, бидејќи тревожното претчувство на малечкиот отец Рафаил се остваруваше. А самиот тој, иако како да се подготвуваше за таков пресврт на настаните, дознавајќи за отворениот лов насочен кон него, толку се исплаши, што како вистинско дете од страв влезе под кревет и никако не сакаше да излезе. Ние со смеа се обидувавме да го извлечеме оттаму. Кратко речено, улогата на страшен злосторник и голем државен престапник кон кого е насочена цела полициска рација, никако не личеше на отец Рафаилчик.

       Но, како и да беше, заминувањето во планините требаше да се одложи. Се посоветувавме со духовните деца на печерскиот игумен Адријан, кои беа во посета на Сухуми и тој ни рече да чекаме, додека не се намали внимателноста на полицијата. На нас, младата тројка – послушникот Саша Шевцов, академистот Константин и мене – тоа ептен ни се погоди. Цела недела ништо друго не правевме, освен што се капевме в море и се сончавме, додека тоа флагрантно безделничење не го радразни до највисок степен домаќинот на домот, отец Григориј.

       Еднаш, будејќи нѐ порано, тој торжествено ни објави дека слаткото време на безделниците завршило. Конечно се нашла работа за нас. Денот беше посебно сончев и жежок. Ласкавото море плискаше во близина. Било што, но да се работи, немавме желба. Но, немаше што да се прави и по појадокот се искачивме по отец Григориј низ целиот град, до местото кое тој ни го определи за работни подвизи.

       Тоа беше на самиот излез од Сухуми. Ѓаконот нѐ доведе до една полуразрушена градба, која минатата ноќ ја купил за беспари и ни нареди внимателно да ги расчистиме тие урнатини, за да може да се направи доградба за летна кујна. Нѐ чекаше долга и тешка работа, и во буквална смисла, валкана.

       Турнавме дел од ѕидот, потоа цигла по цигла, ги одлепувавме, ги чистевме од стариот засушен цемент и внимателно ги редевме за претовар во кола. Откако ни даде работа, отец Григориј веднаш се развесели. Тој ја врза главата со голема бела марама, со што сосема заличи на забраден разбојник, седна на својот мотор и замина по камионот, кажувајќи ни дека ќе се врати по пет часа.

       Сите пет часа, ние депресивно се справувавме со високиот ѕид и направивме цела планина од исчистени тули. Беше неподносливо жешко. Пот ни течеше насекаде, прашината од цементот ни ја јадеше кожата од глава до пети. И конечно, во три часот попладне, се појави отец Григориј на камион. За наша среќа, сепак решил да се погрижи за нас и донесе ведро со три литра вода, за да успееме да ги звршиме неговите цигли пред да умреме од жед.

       Откако се напивме, јас побрзав да седнам на единственото место, каде што имаше сенка – под полуразрушениот ѕид. Сенка имаше точно за еден човек, и јас седнав токму таму. Но, среќата не траеше долго. Ѓаконот ми викна, и неволно требаше да го оставам свежото место. Веќе не се сеќавам што ми рече да направам отец Григориј, некаква ситница, но повторно брзајќи кон сенката, видов дека таму веќе ужива академистот Константин. Јас се повртив, се повртив, но дури и да се приберам до него немаше место. И си заминав настрана.

       Тогаш Константин забележа дека Саша Шевцов црпи веќе четврта или петта чаша со вода, и налутено викна:  

-    Еј, така ти цела ќе ја испиеш! Остави барем малку!

       Но, тој не обраќајќи внимание на него, демонстративно ја црпеше следната чаша. Константин се фрли кон него, му ја зеде чашата, а итриот Саша, отстапувајќи го садот без борба, летна кај легендарниот ѕид и си седна под сенка.

       Ние со завист гледавме на него. Но и Саша не можеше долго да ужива. Ѓаконот Григориј, гледајќи дека ние повторно безделничиме, викна:

-    Вие таму се ладите!? Брзо товарајте ги циглите! На возачот му платив само за еден час. И ниту рубља повеќе не давам поради вас!


       Ние послушно станавме да ја исполниме наредбата. А отец Григориј самиот дојде кај ѕидот и задоволно седна под него.

       Понатаму сѐ се случи во еден миг. Ние носевме тули во камионот, кога се разнесе заглушувачки трескот. Кога се завртивме, видовме како на местото каде што тукушто седна отец Григориј, се крева густ облак од прашина. Ѕидот неочекувано се сруши. Кога дотрчавме, низ матната завеса го видовме несреќниот ѓакон, засипан со куп големи цигли. Тогаш ме порази марамата на неговата глава: пред наши очи, од бела стануваше црвена. Тоа беше како во филмовите за црвените командири и прво што ми падна на памет беше: „Кога успеа толку брзо да се преврзе?“ И веднаш сфаќајќи дека тоа е истата марама, натопена со крв, со која беше преврзана косата на отец Григориј, јас скокнав кај него.

       Отецот ѓакон беше во несвест. Зедовме да го ослободуваме од циглите. Возачот на камионот побрза да викне „брза помош“. Лекарите дојдоа по половина час. Гледајќи го отец Григориј, тие намуртено промрморија дека е многу лошо и веднаш го одведоа на оерација. По сето тоа што се случи, отец Григориј осум месеци прележа во различни болници, претрпе неколку операции, но уште долго не можеше ниту да служи, ниту да се врати во својата претходна состојба.

       Таа вечер, ние – Константин, Александар и јас – си го поставивме прашањето: зошто токму отец Григориј се најде под ѕидот во оној момент, кога овој падна? Зашто секој од нас, барем малку седеше под него. Зошто се сруши баш над ѓаконот? И што се случуваше во духовниот свет, што нашите ангели чувари, на секој начин нѐ оттргнуваа од тоа проклето место? Или сѐ што се случи е само случајност?

       Тие прашања толку нѐ вознемирија, што отидовме за совет кај отец Адријан. Отецот се замисли и рече:

-    Нема да можам да ви одговорам на вашето прашање. Само ќе речам (тоа не е тајна исповед и не е тајна) дека отец Григориј веќе неколку години служи Литургија без да се исповеда. И јас, и свештениците од неговиот храм многупати му велевме дека сето тоа лошо ќе се заврши. Но, отец Григориј само мавташе со рака: „Не е задолжително. Подоцна ќе се исповедам“. И цело време ја одложуваше исповедта. А јас очекував дека со него ќе се случи некоја трагедија. Не смееме да си играме со тие работи.


       По неколку дена, конечно добивајќи благослов од отец Адријан, се искачивме во планината, носејќи ги со себе тешките ранци со работите на отец Рафаил. Се пријави да нѐ води една локална монахиња од четириесет години, извонредно силна, која на своите плеќи го зеде најтешкиот багаж.

       Одевме само ноќе, на месечева светлина, искачувајќи се по стрмните планински патекички, фаќајќи се за камењата и за гранките од родендроните. А дење застанувавме во монашките ќелии, за да не им паднеме во очи на ловџиите.

       Видовме траги од мачки и елени. Јадевме вкусен планински мед. Се запознавме со планинските монаси. Некои од нив беа вистински подвижници. Ние разговаравме со нив, им помагавме во ремонтирањето на ќелиите, изградени од стебла и од дрва, расцепени со секира.

       Кај една многу добра стара схимничка моравме да останеме неколку дена: наоколу шетаа ловџии. За тие два дена ја изедовме сета резерва од продукти, подготвени од монахињата за зимата. Не сакавме да јадеме, но поради планинскиот воздух, нас, младите луѓе нѐ нападна таков ѕверски апетит, што ништо не можевме да направиме со себе и како занесени јадевме конзерви, печени компири и некакви каши.

       Кротката монахиња, успеваше само да ни готви. Таа ниту збор не рече, но откако си заминавме (како што дознавме со срам) таа била принудена да се спушти од планината и повторно да си подготви резерва за зимата.

        Конечно, на шестиот ден од патот, кај планинскиот поток го сретнавме јеромонахот Пајсиј, другар на отец Рафаил, млад, весел и учен монах, кој веќе неколку години живеел тука.

-    Пајсиј!!! – гласно викна малечкиот Рафаилчик и отрча кон него низ потокот.

       Така и заврши таа историја. Преку брзиот поток ги пренесовме работите на отец Рафаил и поздравувајќи се тргнавме назад, разговарајќи по патот: зошто и поради што во нашиот живот наеднаш се појавија тие планини, нови луѓе, и сите тие необични авантури?



Извор: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ и други раскази, Кумановско-осоговска епархија, 2016.

 Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

22-ри јуни  2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5792
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6611
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6390
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5588
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная