Треба да се предадеме на милосрдните Божји раце – ѓаволот не го прави она што го сака, туку само она што Бог му допушта


Кој ќе ни го помести каменот од гробот, зашто е навистина голем?!“ И кој го поместил? По Божја заповед, го помести ангелот. Тој ќе го помести и од нашето срце каменот на безчувствителноста, кога ќе дојде време. Неопходно е да се покаже верност кон Господ по време на бесчувствителност, маловерие, сомнеж, ладнокрвност, но време на неволји, болести и секакви непријатности. Неопходно е со свесен напор да се утврдиме себеси во верата, кога таа се гаси по Божјо допуштање – за човекот да покаже секогаш повторно кон каде тежнее, што сè му претстои…

Постои изрека на старите: „На секое добро дело или му претходи искушение или му следува“. А на секое добро дело како што е молитвата од сè срце, а особено причестувањето, не може да помине без освета на ѓаволот. Тој ги употребува сите сили да не се момолиме како што треба, ниту да се причестиме. Доколку не може тоа да го направи, тогаш ќе се потруди подоцна да ни напакости, и дури ни трага да не остане од добиената корист. Тоа е познато на сите кои имаат учество во духовниот живот. Ете затоа треба со смирение и понизност, ако е можно, да Го молиме Господа да нè сочува од непријателските сплетки, кои влијаат или непосредно на душата, или преку луѓето кои се во негова власт.

Не чудете се на тоа. Тоа е жестока битка, и „ако Господ не изгради дом, напразно е залагањето на ѕидарот и ако Господ не го сочува градот, залудно е бдеењето на стражарите“. Треба да се предадеме на милосрдие во Божјите раце, гледајќи ја пред Бога својата бессилност и немоќ сами да се одбраниме од непријателите видливи и невидливи. Не плашете се! Ѓаволот не го прави она што сака, туку она што Господ му допушта. Прочитајте ја книгата за Јов.

Божјиот благослов нека биде секогаш со Вас! Никогаш не очајувајте. Крстот Христов секогаш нека Ве потсетува на бесконечната Божја љубов кон паднатиот човек. Зар таа мисија не е доволна за човекот повторно да се предаде во рацете Божји? Човекот треба барем малку да го бара Божјото Царство и Господ никогаш нема да го остави без помош и утеха. Господ Ве моли! Бидете трпеливи кон Господ!

Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје

Извор:Бигорски манастир