логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Старец Пајсиј Јуродив Киево-печерски
(се празнува на 17 април)

„Бог благоволи со безумството на проповедта
да ги спаси оние што веруваат".
(1. Кор. 1,21)
„Бог го избра она, што е слабо во овој свет,
за да ги посрами силните" (1. Кор. 1,27)
 

Старец Пајсиј, во световниот живот Прокопиј, Григориевич Јоротски, се родил на 8 јули 1821 година во градот Лубнах, Полтавска област, и потекнувал од среден сталеж. Родителите на Прокопиј имале шест синови, и се занимавале со продажба на овошје. Бидејќи биле богати, имале голема почит. Мајката на Прокопиј, Марија, била позната по својата добродушност и побожност. Бидејќи ги љубела странците и сиромашните, со радост им давала помош. Честопати ги примала бездомниците и богомолителите, кои секоја година го посетувале Лубенско-магарскиот манастир се со цел потоа од таму да го продолжат патот за Киево-печерската лавра.
Мајката со сето свое срце го сакала синот, па целата своја сила и ум ги фокусирала за негово воспитување. Оваа посебна љубов се покажала многу корисна за Прокопиј. Уште од рано детство, го научила усрдно да се моли на Бога, да оди во црквата Божја и да биде милостив кон сиромашните. Наоѓајќи се во такви околности и раководство Прокопиј уште во првите години на детството се издвојувал помеѓу браќата и врсниците со мудрост и побожност. Растејќи, зајакнувал во духот и стравот Божји.
Набрзо починал Прокопиевиот татко, така што детето било потполно препуштено на старателство и раководство на својата мајка. Постари синови повеќе немало во куќата. Тие ја напуштиле и отишле во светот на служба. Гледајќи во Прокопиј голема ревност и разбирање, мајката вдовица сакала од него да добие најблизок помошник во куќата. Но, нејзината идеја не се остварила. По смртта на сопругот продажбата почнала силно да опаѓа и со тек на време пропаднала. Депресивната и болна мајка го однела Прокопиј во Киев и го дала на воспитување кај постариот свој син Григориј. Прокопиј тогаш имал десет години, па го испратиле во Киево-подолската духовна семинарија. Животот во духовната школа му го изменил правецот на неговиот живот. Момчето не покажувало некоја наклоност кон световните науки. Понекогаш подолго се задржувал единствено на Историјата од Карамазов, но затоа, пак, часовите по веронаука и читањето од Житијата на светиите, особено Печерските послушници, го привлекувале неговото внимание. Подоцна, кога ќе се потсетел на тие радосни мигови од својата младост, старецот Пајсиј често говорел дека тој, читајќи од тие Боговдахновени книги, се топел како восок. Особено ги сакал неделните и празничните денови кога управителот на школата им наложувал на сите да одат во својата домашна црква. Бидејќи Прокопиј одлично го познавал црковното правило, прислужувал во олтарот и помагал во читањето и пеењето на певницата. Од сите киевски манастири најмногу ја сакал Киево-печерската лавра, каде што го привлекувале тогашните подвижници. Познанството со нив и поучните примери кои ги покажувале со нивниот живот, благотворно делувале на осетливата природа на момчето. Колку повеќе ги гледал овие подвижници, толку повеќе во неговата душа растела желбата и самиот да ги подражува нивните праведни животи. Прокопиј станал замислен и навидум недружељубив и груб. Честопати бегал од школото во Лаврата и не се враќал дома. Таквите негови постапки многупати биле предмет на забелешки од школската управа, а родителите старатели биле во непријатна ситуација поради тоа. Сите деца го сметале за своеволен, тврдоглав, непослушен, и на сите начини се труделе да го исправат неговиот специфичен карактер. Но, попусто; момчето, уште пред да заврши со школувањето, било избркано од школото и било поставено за писар во киевската општина каде што постариот брат бил секретар.
Но, на Прокопиј и овој начин на живот не му одговарал, па една вечер, кога сите спиеле, тој тајно го напуштил домот на своите воспитувачи.
Неговиот пат не бил долг. Првин отишол во Печерската лавра. Влегол во неа додека се служела утрената и со воодушевување паднал пред иконата на Мајката Божја молејќи се усрдно и со солзи да не ја отфрла неговата намера и да го удостои да биде внесен во списокот на жители во Нејзиниот строг манастир.
И молитвата на Прокопиј била услишана. Кога се разденило, бегалецот - дојденец се обратил на управата на манастирот за да го прими, старешината на Лаврата со љубов тоа го сторил, па гледајќи дека момчето има дар за црковно пеење, го запишал во манастирот како послушник - искушеник.
Поминувале денови и недели, а Прокопиј не се враќал во својот роден дом. Исплашените роднини се вознемириле и за ова ја известиле полицијата. Дале оглас и по весниците. Но, сето тоа било попусто; бегалецот исчезнал без трага и глас. Неговите роднини биле во голема неизвесност. Мајка му пролеала многу горчливи солзи, очајувајќи дека никогаш повеќе нема да го види својот син, ја доверила својата тага кон Господа.


Тоа било на 3 мај, на денот кога се празнува преподобниот Теодосиј Печерски. Дента во Лаврата дошол многу народ. Почитувајќи ја манастирската одлука донесена уште во времето на Теодосиј на тој ден да се постави трпеза, монасите уште од рано утро почнале да ги поставуваат масите пред Големата црква и да ги полнат казаните со квас. А, кога камбаните на Лаврата ќе заѕвонеле, излегувал митрополитот Филарет на оградата за да ја благослови народната трпеза, по што богомолителите седнувале. Григориј, брат му на Прокопиј, заедно со неговата жена исто така биле присутни и од страна ја следеле оваа сцена. И одеднаш, острото око на Ирина, Григориевата жена, го здогледала младиот Прокопиј. Тој се движел помеѓу масите служејќи го народот за време на ручекот. Жената му се приближила и гласно го повикала. Прокопиј исплашено ја погледнал и сакал да се сокрие, но брат му Григориј го фатил за рака и цврсто го прегрнал, облиен во солзи радосници. Сепак, не успеале да го вратат дома.


Поминале неколку години. Прокопиј веќе се навикнал на местото на живеење. Но, бидејќи бил привремен искушеник, неговото име не било запишано во списокот на Лаврата и немал право себеси да се нарекува манастирско чедо. Тоа многу го вознемирувало и мачело. За да го постигне тоа, требало да помине и совлада многу препреки. Пред се, му било потребно да добие писмен отпуст од Лубенското малограѓанско Друштво, а за ова тој лично морал да отиде. Навистина, друштвото без никаков збор го отпуштило и на себе ги презело сите трошоци како и останатите обврски. Останала уште една, главната препрека: согласност од родителите, роднините, а посебно благословот од мајката која во него гледала потпора во староста и упорно барала од него да се врати во куќата заради утврдување на работите. Младиот подвижник кој со сето свое срце се поврзал со Печерскиот манастир, сепак со голем труд и напор добил согласност од мајка му и нејзин благослов. Браќата за негова потпора му дале и писмена потврда за тоа. Меѓутоа, работата со тоа не се завршила. Духовниот Собор при Лаврата прегледувајќи го уверението од отпустот кое Прокопиј го предал, наишле на непотполност и го препратиле во Полтавскиот државен двор на понатамошен преглед и потврда. Ова проверување траело три години и тоа толку ја ослабело Прокопиевата волја и ја поколебала сета негова надеж што влијаело на бескрајното одлагање на младиот подвижник да предаде молба за напуштање на Лаврата. Истиот ден кога го добил решението и документацијата, Прокопиј тешко се разболел и бил пратен во братската болница на лечење. Истата ноќ, како што кажуваат, бил удостоен со некоја чудна светлина одозгора. Нему му била откриена тајната за понатамошниот негов подвиг на кој Господ го повикал, а Мајката Божја го критикувала заради малодушноста. Ветувајќи му ја својата небесна помош, го зацврстила со надеж и вера. Кога за тоа видение бил известен старешината на манастирот, архимандритот Лаврентиј, веднаш наредил Прокопиј да се задржи во Лаврата.
Со тоа исчезнале многубројните препирки, а младиот подвижник по желба на митрополитот бил впишан во списокот на вистинските подвижници на лаврата на 23 март 1850 година и доделен на располагање на хоровите при пештерите.
Светиот Киево-печерски манастир кој одамна се прославил со своите подвижници, му обезбедил на Прокопиј и овој пат едно широко поле за неговите духовни белешки. Незаборавниот светител Филарет лично, тогаш познат аскет и администратор, заедно со подвижниците - јеромонасите Партениј и заради Христа јуродивиот Теофил и со други монаси од лаврата, кои со своите високи поучни примери многу допринеле за монаштвото, имале значително влијание на Прокопиј. Ќелијата на големиот старец Партениј, кој тогаш Прокопиј го избрал за негов духовник, се наоѓала тука, во Блажените пештери. И штом ќе почнеле да го мачат некои мисли или го обземале некои страсти, Прокопиј со својата детска незлобливост и доверба итал кон старецот Партениј за од него да добие корисни поуки. Повеќе пати доаѓал и старецТеофил. Се сретнувал со него на патот или во ќелијата, во шумата или во Китаевската градина. Тогаш земал благослов, за да започне разговор со него за спасение на душата. Обврските кои Прокопиј со клирот ги извршувал во пештерите, не биле лесни. Освен катадневните служби во црква и многуте други бденија и тоа како биле прекрасни за слушање, со своите лаврски напеви биле заморувачки за гласот, клириците имале и други обврски со вршење на молитвословија: благодарење, молебен, акатист, парастоси и друго. Прокопиј, кој целото свое време го посветил на тој труд, никогаш не се жалел за тежината на послушанието, со што на сите им служел како пример за смиреност, трпение и кротост. Младите прокопиеви другари, гледајќи ја големата ревност кон манастирот и завидувајќи му на убавите особини на неговата чиста душа, наумиле малку да си поиграат со него и да го исмејат. Така во измама го натерале да се напие вино, па му се смееле. Тој на своите другари не им вратил зло за зло, туку, за да го казни таквото дело, постел два дена и две ноќи и се молел на Бог да му прости за тој неволно направен грев. Оттогаш осаменоста и безмолвието станале главно вообичаено правило во неговиот живот. Поминувајќи го целото слободно време во ќелија и останувајќи така сам, можел да си ги среди сите свои мисли, така што ги спречувал и најмалите грешни помисли. Ќелијата и осаменоста му служеле како начин за духовно растење, а страсните помисли, не наоѓајќи своја потпора, умирале и сосема исчезнувале. И покрај тоа што напредувал во доблестите и се повеќе зајакнувал духовно, Прокопиј бил свесен дека се уште не созреал за да може да помине низ искушенија и бедите, како оние кои својата душа ја исчистиле како злато. Помислата дека тој се уште е далеку од вистинските Христови подвижници и дека се уште на себе не искусил навреди, постојано го прогонувала. Секоја неправ+++да и огорченост која луѓето му ја нанесувале, неговата смиреност ги одбивала, па така тие губеле желба да го навредуваат. Кога слабоста го совладувала и кога бодриот дух би се посомневал, Прокопиј се храбрел со силната волја и се тешел со надежта во Божјата милост. Некој од браќата кои имале среќа да бидат Прокопиеви соќелијници, биле повеќепати очевидци на ноќните молитвени подвизи и жестоки борби кои тој ги водел со своите помисли. После тоа во неговата душа настанувал тивок мир, а со мирот доаѓала и радоста во Духот Свет.


Негувајќи голема трудољубивост кон Бог и пламена љубов кон Спасителот, а бидејќи незадоволен со обичното исполнување на правилото на постот, побожноста и молитвите, Прокопиј почнал да бара начин како да Му угоди на Бога со уште поголеми подвизи. Иако ќелијата му била сосема блиску, не се задоволувал со тоа. Неговото смртно тело се исушило од постот, но и тоа му се чинело силно и како опасен непријател. Во неговата душа посебно длабоко одекнале божествените зборови на светиот Павле: „Ние сме безумни заради Христа..." (1. Кор. 4,10). Секој човек го бира патот според својата сила и призив. Така и Прокопиј, кој бил надарен со силно тело и цврста волја, го избрал за себе тешкиот, макотрпен и за обичните луѓе опасен подвиг: јуродивоста заради Христа.

+++

 

ЈУРОДИВОСТ

Јуродивоста на Светите заради Христа се состои во тоа што подвижниците, останувале да живеат помеѓу луѓето, се труделе да се ослободат од обичаите и условите на средината, во потполност занемарувајќи ги интересите на животот и правилата, и невидливо за другите се предавале на духовниот живот.
Гледано од страна, животот на таквите подвижници изгледал чуден, несфатлив, се противел на се, со што тие доаѓале во допир. Животот на јуродивите е најтежок христијански подвиг. Да се одречеш од сиот имот, удобноста и животната наслада, ослободен од поврзаноста за земното, немајќи одредено место на живеење и подложувајќи се на разни случаи на бездомно живеење, тие како да се дојденци од некој друг свет. Храната, облеката, местото на живеење, за нив како да не претставувале суштинска потреба.
Јуродивоста заради Христа - тоа е доброволно, постојано мачеништво, постојана борба против себе, против светот и злото. Не срамејќи се секому да му ја кажат вистината во лице, јуродивите со своите зборови или необични дела и постапки, сурово ги разобличувале и им нанесувале пораз на неправедните и грешните, често и на насилните луѓе од овој свет, а понекогаш ги тешеле и радувале побожните луѓе. Порочните ги поправале, спасувале и враќале на патот на вистината и доброто.


„... нека биде луд за да биде мудар.
Бидејќи мудроста на овој свет е лудост пред Бога".

 

Издавач:

„СВ.ЃОРЃИ ПОЛОШКИ“, Велес 2016

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Повардарски г. Агатангел

13.09.2018 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5613
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная