ГОРДОСТ...

„...Не само горенаведените светители туку и секој свет отец ќе ја каже вистината дека Господ допушта да пристапуваат до возгордеаниот ум и срце блудни помисли како знак и освестувачки фактор за човечката ништожност.

Се` со цел да се увиди својата и така реална слабост и да се здобие смирението.
Секако ако тие помисли се подолготрајни и интензивни и ако отсуствува исповеста, признавањето на својата слабост и никаквост тие со сигурност преоѓаат и се населуваат во срцето кое и го поробуваат и стануваат страст којашто почнува да владее и безумно да управува.

Ако и на овој степен не се интервенира со покајание, исповест и тоа искрена тогаш крајот е повеќе од очигледен. Синајскиот Светител ќе рече :

„Каде се случил пад, таму претходно се вселила гордоста:
второто го објавува доаѓањето на првото“.

Ова најчесто се случува заради безглавата гордост која вели дека може да се справи и со острастеното срце и изопачениот ум.

Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.

Кога сме кај искуството во духовниот живот да кажеме дека во евиденцијата влегуваат само оние моменти или периоди кои се поминати и кои давале издржани благодатни резултати.

Поелементарно кажано, не се зема во предвид квантитетот, т.е. годините поминати во водење духовен живот, туку квалитетот со кој што е поминат тој временски период.

Гордоста осудува, оговара, а си ласка со неосновани факти. Гордоста е против исповедта и ја мрази. Гордоста заслепува до таму што и при телесниот пад што го допуштил Бог заради здобивање на смирение, го подметнува чувството на т.н.„јакост“ кое и се противи на од Бога благословената немоќ во која состојба се пројавува силата Божја.

Така што на возгодеаниот човек не му треба демон за да падне или погреши.
Гордоста е замена за сите демонски сили.

Св. Никодим Агиорит

 

 Избор од фб профил на

Православна Ризница