7.Vselenski.sobor

 

Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие.
Или поинаку кажано: животот на Самопостоечкиот Бог влегува во нас по тој канал. Молитвата е акт на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство. Молитвата е свет занес на нашиот дух. Но, патиштата на ова творење се сложени. Илјадници пати може да доживееме и огнено стремење кон Бога, и повторно отпаѓање од Неговата Светлина. Често и на повеќе начини ја чувствуваме неспособноста на нашиот ум да се вознесе кон Него; понекогаш ќе стоиме како на границата на некое безумие и со болка во срцето ќе Му ја исповедаме Нему нашата бедна состојба: „Ти си ми ја дал Твојата заповед – да љубам, и јас ја примам со сето мое битие; но ете, во самиот себе не наоѓам сила за таа љубов… Ти си Љубов; дојди Самиот Ти и всели се во мене, и изврши го во мене сето тоа што си ни го заповедал нам, бидејќи Твојата заповед неизмерно ги надминува моите сили… Мојот ум се измори во напорот да Те постигне. Мојот дух не може да проникне во тајната на Твојот живот… сакам во сe да ја творам волјата Твоја, но моите денови истекуваат во безизлезни противречности… Стравувам да не Те изгубам заради злите мисли кои се во моето срце; и тој страв ме раскинува… Дојди и спаси ме мене кој потонувам, како што си го спасил Петар, кога се осмели да Ти појде во пресрет по морските води“ ( Матеј 14, 28 -31). Понекогаш ни изгледа дека молитвата дејствува премногу споро: несразмерно со краткоста на нашето постоење; и крик извира од градите:„Побрзај!“ Не секогаш се случува Тој веднаш да одговори на нашиот повик. Како некој плод на дрво, Тој ја остава нашата душа да биде печена од сонцето, да поднесува удари од ладни и врели ветрови, да се мачи од жед или да поднесува поројни дождови. Но ако не ги испуштиме од нашите раце краевите на ризата Негова, ќе дочекаме добри резултати.
Неопходно е да пребиваме во молитва што е можно подолго време, за Неговата непобедлива сила да проникне во нас и да не' направи способни да се спротивставиме на сите разрушителни влијанија. И кога ќе нарасте во нас оваа сила, тогаш радоста на надежта за конечната победа засветлува во нас.

 

 Извор:https://www.manastirslepche.mk/pouka/molitvata-e-neprestajno-tvorenje-arhimandrit-sofronij-saharov/

 

 

Друго:

7.Vselenski.sobor

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor