3.angeli.so.truba

ПОУКИ ОД АРХИМАНДРИТ ПАЈСИЈ ХИЛЕНДАРЕЦ+

Многупати не сме ни свесни како го сееме семето ѓаволско. На пример, некој нè навредил и ние, така полни со мака и јад, наместо да Му се обратиме на Бога, да се помолиме и тоа да го исповедаме, ние одиме кај личноста која ни е блиска по дух или пак на кого прв ќе наидеме и сета мака и јад ја истресуваме пред неа. Е, сега, што правиме?

Себеси не се растеретуваме сигурно, зашто да ги примат помислите и да нè растеретат можат само оние кои на тоа се повикани, значи, духовниците. Својот ближен сме го заразиле и оптеретиле со којзнае колку помисли, маки и неволји, на неговата мака само придодавајќи ја и својата. Значи, бидејќи и самите сме заразени, ние тоа го правиме и со другите (ги заразуваме).
Особено ние кои го знаеме законот Божји, мораме не само да се чуваме себеси од другите, туку и другите од себеси. А тоа значи дека, кога во нас ќе се придвижи страста на гневот, да ги избегнуваме средбите и разговорите, зашто тогаш најчесто доаѓа до безумни зборови, поради кои подоцна горко се каеме.
Не си дозволувај себеси не само да се гневиш, туку ни тонот да го повишуваш, макар за тоа и да постои причина. „Нека од твоите усни не излезе таков збор, за кој во денот на Судот би требало да дадеш одговор.“


Преподобна Теодора Александриска+

 

Избор од фб профил на

Тимотеј Соколов Македонски