логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Објавено на 1 февруари 2014


Плоштад

ПЛОШТАД: Ваше Високопреосвештенство, после поделбата на Полошко-кумановската епархија, Вие бевте избран за Митрополит на Кумановско-осоговската епархија. Како изгледа духовниот живот на овие простори од ваш аспект, сега скоро три месеци после интронизацијата?

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Како Митрополит Кумановско-осоговски кој веќе три месеци активно го споделува секојдневието со народот на овие простори, не би можеле, а да не ја објавиме со радост сеидбата којашто Бог благоволи преку нашата рака да се изврши на ова парче од нивната Господова. Навистина, велик е Господ и чудесни се Неговите дела!

Духовниот живот што, како што и самото име кажува, е дело на Духот Свет, е вечно Богојавление пројавено во животите на членовите на Црквата, без разлика дали се тие клирици или лаици. За своја основа, исходиште и печат ја има Божествената Литургија, како Тајна на Црквата, односно на Богочовекот. Богословието ни открива дека оној што ја разбира Литургијата, ја разбира Црквата и обратно: Црквата не може да се разбере од некој што не ја разбира Литургијата. Затоа смирено можам да потврдам дека верниот народ на овие простори, полека но сигурно се враќа кон евхаристиското славословење, кон литургискиот етос што е и единствен облик на православна духовност, онака како што Црквата тоа го разбира.

Бидејќи и претходно бевме запознаени со приликите и потребите на овие простори, нашите први впечатоци, од времето кога бевме викарен Епископ, се потврдија. Верниот народ и свештенството на оваа Свештена Епархија, кои Бог ни ги довери се евангелски луѓе, луѓе во коишто верата и љубовта кон Бога горат со древниот и свет пламен на верата на нашите предци. Поради тоа, нашата благодарност кон Бога е голема.

Од друга страна, не сме наивни, туку свесни сме за искушенијата и проблемите со коишто се соочуваат луѓето од ова поднебје, а кои доаѓаат дел одвнатре, дел однадвор. Но, повторно, според милоста Господова, нашата надеж не потклекнува пред заканите на навидум-сивата реалност.

ПЛОШТАД: Бидејќи како што велите и претходно сте ги познавале потребите и состојбите на овие простори, направени ли се некои значајни промени во она што значи организациона структура на една епархија?

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Како надлежен Првоерарх, веднаш по нашето востоличување пристапивме кон конституирање на сите органи и тела со цел оформување на организационата структура на Епархијата, согласно Уставот на МПЦ-ОА. Избрани се и членовите и замениците на најважните епархиски тела, како на пример на Епархиското Собрание, Епархискиот управен одбор, Епархиски црковно-просветен совет… Новоформираните тела се активни и функционираат согласно нивните овластувања и задолженија.

Во таа линија, за поефективно функционирање на овие тела, продолживме со подетално скенирање на состојбите во парохиите на нашата Епархија, како и севкупните економско-социјални чинители од животот на народот што ни е доверен. Ова ни помогна во фазата на планирање на следните активности и чекори.

Понатаму, бивајќи свесни за потребите што произлегуваат од секојдневниот парохиски живот, целосно се реорганизиравме за да можеме успешно да се справиме со предизвиците кои произлегуваат од парохиската работа и служба.

А најважната промена, би рекле, поради којашто и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА пристапи кон поделба на Полошко-кумановската епархија, е нашето постојано присуство, односно присуството на надлежниот Архиереј во границите на она што е територија на една епархија, и активната пастирска грижа, којашто по молитвите на сите верни чеда, се трудиме да ја спроведеме.

ПЛОШТАД: Што правите за поголемо запознавање на верниците со учењето на Црквата?

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Нашата дејност на ова поле се одвива на два фронта, да се позајмиме со речникот на стратезите. Првиот и најважен начин на просветување се одвива на самите богослужби, на гозбата на која, како што ни вели Евангелието, секој еден е поканет. На Утрените, на Божествените Литургии и Вечерните богослужби верниците се учат не само на ортодоксија туку и на ортопраксија, односно на правата вера и правилното практикување, живеење на вистините објавени од Православието.

Токму затоа еден од првите чекори по нашето востоличување на Кумановско-осоговската катедра беше и продолжувањето и обезбедувањето на непречено исполнување на богослужбениот дневен круг, за да можат верните, зависно од нивните животни прилики, да дојдат во црква и да се помолат, но и да се поучат во Законот Божји. Би рекле, да ја учат живата вера во аскетско-литургискиот простор на Црквата.

Вториот фронт на којшто делуваме е издаваштвото. Во рамките на Епархијата е активна издавачка дејност, и како нејзин плод се јави епархискиот тромесечник „Тавор“, чијшто прв број излезе на почетокот од Божикниот пост, а вториот број е планирано да излезе од печат пред почетокот од Великиот пост. Беше издадена и книгата „Православен катихизис“ на св. Филарет Московски, книга којашто е од особено значење за почетниците во верата.

Покрај традиционалното издаваштво, активни сме и на интернет просторот и современите медиуми, преку официјалниот сајт на Епархијата (www.koe.mk), но и фејсбук страната, како и профилите на другите социјални мрежи. Печатените изданија кои претходно ги споменавме, се исто така достапни за преземање во електронска верзија на нашиот сајт. Се трудиме, колку што е возможно, преку овие средства секојдневно да објавуваме содржини за кои сметаме дека ќе им користат на нашите верници.

Дополнително, во некои парохии започнаа да функционираат и катихетски училишта, преку кои на оние коишто се позаинтересирани за учењето на нашата вера им се нуди подетално и поконкретно воведение во учењата на православието.

Да се послужам со параболата на Сејачот на која се повикав претходно во разговорот – нашето свештенство е излезено и сее семе во древните бразди. Какви ќе бидат плодовите при жетвата, оставаме Бог да благослови.

ПЛОШТАД: Ако ова се активности кои што сте ги превзеле во изминатиов период, кои се плановите за оваа година? Постои ли агенда на активности или самото време ги дефинира активностите?


МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Ќе продолжиме со она што го започнавме, ќе додаваме повеќе труд и усрдие, и веруваме дека Божјата Промисла ќе нѐ води и понатаму. Според ветувањето Господово, не се грижиме за утрешниот ден, оти на секој ден доста му е неговото зло. Тоа пак не значи дека препуштаме нештата да се случуваат стихијно. Напротив, епархиските тела имаат јасно утврдени програми и активности, со зададени крајни рокови кон кои се придржуваат.

Генерално, планираме да ја засилиме издавачката дејност. Во план ни се неколку наслови и едиции за печатење, кои ќе придонесат за популаризација на христијанската мисла и свест. Би сакале епархискиот тромесечник да започне да се издава секој месец. Подготвуваме и изработка на мултимедијални содржини и преводи на видеа – со еден збор го развиваме медиолошкиот мисионерски пристап, како одговор на современата комуникациска парадигма.

Понатаму, би кажале дека сме свесни за потребата за реконструкција на одредени цркви и манастири, па нашите планови се насочени кон подготовка и евентуален почеток на реконструкција на истите, зависно од времетрањето на подготовките.

Сето ова би одело паралелно со одржувањето на свештенички собранија за координација и делегирање на одговорности според календарот на активности предложен од епархиските управни тела, одржување на трибини и предавања, и слично.

ПЛОШТАД: Има ли Православната Црква проблем, со разните учења кои се туѓи за нејзината традиција, мислам на многу големиот број на бајачи, гатачи…


МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Црквата е носител на полнотата на Троичната вера, таа е единствениот критериум на Вистината, затоа што е тело на самата отелотворена Вистина, зашто е возглавена од Оној Чија полнота исполнува сѐ во сѐ. Според ветувањето Христово, иако постојано гонета, неа вратите на адот нема да ја надвладеат. Токму затоа, кога говориме на проблемите со кои се соочува Црквата мора да знаеме дека Црквата секогаш настапува од позиција на победник.

Сепак, еден од тие проблеми со кои од дамнина се соочува Црквата е и проблемот, како што посочивте, со мноштвото бајачи, гатачи, маѓепсници, окултисти, астролози – со еден збор – духовно и душевно болни лица.

Веднаш да нагласам: секој бајач и гатач, окултист, астролог или нумеролог, колку и да се обидува да докаже дека тоа што тој го прави е во согласност со Преданието на Црквата и христијанската вера – ЛАЖЕ. Без разлика на навидум христијанскиот декор (икони и слично) што може да се забележи по домовите на овие слуги на ѓаволот – тие остануваат да бидат токму тоа, слуги на ѓаволот и богопротивни погубувачи на души.

На секој кој им верува на ваквите душегубители би му го упатил прашањето Христово: „Може ли слеп човек да води слеп? Зар не ќе паднат обајцата в јама?“

Таквите луѓе, мислам – бајачите и другите гатачи и окултисти, доколку јавно не се покаат за своите гревови – биваат осудени на вечна пропаст. Она што е жално е што заедно со нив, осуда добиваат и луѓето кои ги користат нивните „улуги“.

Затоа, ја користам оваа можност да ги повикам сите луѓе коишто во некој момент од нивните животи, поради болка или тага, но пред сѐ поради незнаење, западнале во замките на ваквите крадци на души, да се вратат кон Бога и кон Црквата, и да принесат покајание за ваквото нивно однесување. Нашиот Бог Отец трпеливо чека на нашето покајание и преумување.

ПЛОШТАД: Православната црква сигурно има некој воспоставен кодекс за внатрешното уредување на самите храмови, можна ли е некаква промена во она што значи внатрешна поставеност на сите елементи кои го сочинуваат еден храм: икони, места за палење свеќи, певници и слично.

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Како место во коешто се совршува Светата Литургија, кадешто Црквата се собира како Црква, архитектурата и уредувањето на храмовите претставуваат еден вид на симболичка евхаристиска топографија.

Секој дел од православниот храм, припратата, наосот, иконостасот и олтарот, како и нивните поодделни елементи служат за објаснување на една повозвишена реалност, но и задоволување на реална потреба и функција, и токму затоа постои ваквиот воспоставен кодекс, како што рековте, за внатрешно но и надворешно уредување на храмот.

Тој кодекс или поредок на уредување може да претрпи помали промени, секако, доколку причините за ваквите промени се од практичен богослужбен или аскетско-литургиски тип. Истите треба да поминат преку будното око на свештенството во дадениот храм. Без благослов од свештенството, не може да се дозволи своеволна анархија и самовластие на поединци.

ПЛОШТАД: Во околината на Куманово има повеќе значајни манастири, дали се планирани некакви активности во нив?

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ:: За почеток, нашето внимание е насочено кон манастирот во Старо Нагоричани и во Бељаковце. Ги разгледуваме условите кои ги нудат и правиме планови за нивно подобрување, со цел да можат да си ја остварат својата намена. Во текот на оваа година ќе има и конкретни активности, но во овој момент не можам да кажам какви, зашто се уште нашите активности се на ниво на анализи.

ПЛОШТАД: Кога ќе се спомне некој манастир, веднаш се поставува прашањето дали станува збор за жив манастир, односно дали во него живеат монаси. Денес во вашата епархија нема манастир во кој живеат монаси, кои се плановите во таа насока?


МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ:Монаштвото како реализиран христијански максимализам, како воплотено покајание е сведоштво на еден жив однос помеѓу човекот и Бога. Во својата радикална негација на светот, човекот – монах го одбива сето она што не е од Бога, за на тој начин да одговори на евангелскиот предлог „Ако сакаш да бидеш совршен“.

Покајанието што еден монах го живее се предава и на другите околу него, и на тој начин би можеле да речеме дека монаштвото на еден народ е показател на неговото соборно покајание. Патот на монахот е пат на вечна и ненаситна потрага на божествената убавина, вистина и слобода, патот на општење со Бога во молитвата. Оттука природно е местото на монасите да биде во манастирите, како центри на молитва и богослужение.

Како што кажавте, во Нашата Свештена Епархија постојат повеќе светилишта кои, за жал, до овој момент се без свештени обители во нив. Како Митрополит кој доаѓа од монашките редови, правиме сѐ што е потребно за да се создадат услови за повторно заживување на монашките центри во нашата Епархија. Истовремено се надеваме и веруваме дека Бог ќе ги благослови нашите напори и наскоро ќе може да го посведочиме воскресението на овие древни молитвени источници.

ПЛОШТАД: За крај, што би им порачале на верниците во нашиот град?


МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ: Не губете надеж и не очајувајте пред искушенијата и проблемите во светот, туку радувајте се на животот! Самиот Христос вели: „Вие сте светлината на светот! Вие сте солта на земјата!“, а апостолот дополнува: „Вие сте храм на живиот Бог!“. Никогаш не го заборавајте овој свет повик кон кој сте повикани. Живејте го животот на Црквата во Црквата, зашто сиот свет е создаден да биде Црква.

 Извор: http://koe.mk/interview-nedelnik-plostad/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6440
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5629
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная