логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2014/07/rsz_exorcistpriesthouse.jpg

Во самиот момент кога го донесуваме решението да Го следиме Христос, неминовно на тој пат ќе го сретнеме сатаната. Во кршталниот чин, којшто претставува акт на ослободување и победа, пред сè, се извршува изгонување на нечистите духови (или забранување на сатаната – егзорцизам), бидејќи на нашиот пат кон крштелниот купел ние неизбежно се соочуваме со темната и моќна фигура, која ни попречува на тој пат. Ако сакаме да се придвижиме нанапред, потребно е да ја прогониме неа. Во моментот кога раката на свештеникот се допира до главата на чедото Божјо и се осенува со знакот на Христос, сатаната е тука за да го заштити она што го украл од Бога и го објавил како своја сопственост. Ние можеме и да не го видиме, но Црквата знае дека тој е тука. Ние можеме и да не почувствуваме ништо, освен топла семејна атмосфера, но Црквата знае дека сега ќе се распламти смртоносна битка, во која конечната ставка не се толкувањата и теориите, туку вечниот живот или вечната смрт. Зашто, сакале ние или не, знаеле ние или не, сите сме вовлечени во духовна војна, која се води од самото создавање на светот. Се разбира, Господ извојува решителна победа, но сатаната сè уште не се предал. Напротив, според Писмото, токму смртно ранет и повреден, тој ја подготвува последната и најкрвава битка. Тој ништо не може да направи против Христа, но многу може да направи против нас. Затоа забраната на сатаната е само почеток на борбата, која ја сочинува првата суштинска страна на христијанскиот живот.

Ние се обраќаме кон сатаната! Токму тука се пројавува христијанското поимање на словото/зборот, пред сè,како сила. Во десакрализираниот и секуларизиран светоглед на современиот човек, зборот, како и сè друго, е обезвреднет и редуциран единствено на неговото рационално значење. Но, во библиското откровение, зборот е секогаш сила и живот. Бог го создал светот со Своето Слово. Тоа е создавачка сила и разорувачка сила, зашто не предава само идеи и поими, но попрво духовни реалности, кои можат да бидат како позитивни, така и негативни. Од аспект на световното поимање на зборот, „да се обраќа“ кон сатаната не е само бескорисно, но и смешно, затоа што не може да има „рационален дијалог“ со самиот носител на ирационалното. Но „забраната на сатаната“ не е објаснување, кое има за цел да му докаже нешто на некое суштество кое од вечноста мрази, лаже и разорува. Според зборовите на свети Јован Златоуст, тоа е „застрашувачко и чудесно“ [1] заколнување, дејство на „заплашувачка и ужаснувачка“ сила, дејство коешто ја расејува и уништува злата власт на демонскиот свет:

:6a00d8345269c569e2012876c07dab970c-800wi   

Ти забранува тебе, ѓаволе, Господ, Кој дојде во светот и се всели меѓу луѓето, да го разруши твоето мачење и да те изгони од луѓето, Оној Кој на дрвото ги победи противничките сили, кога сонцето се помрачи и земјата се затресе, гробовите се отворија и тела на светии воскреснаа; Оној Кој со смртта ја униши смртта и ја разруши власта на оној што ја имаше смртта, т.е. тебе, ѓаволе. Ти забранувам со Бога, Кој го покажа дрвото на животот и постави херувими, и огнено оружје кое се движеше пред него: да ти биде забрането. Ти забранувам со Оној Кој како по суво одеше по морската шир и им забрани на бурните ветрови. Неговиот поглед ги пресушува бездните и Неговата закана ги растопува горите; Он и сега преку нас ти забранува тебе. Исплаши се, излези и отстапи од ова создание, и немој да се враќаш, ниту да се скриеш во него, ниту да го напаѓаш или да дејствуваш на него, ниту ноќе, ниту дење, или во некој час, или попладне: но отиди во својот тартар (бездна), сè до подготвениот велик ден на Судот. Исплаши се од Бога Кој седи на херувими и ги гледа бездните, од Кого треперат ангелите, архангелите, престолите, господствата, началата, властите, силите, многуоките херувими и шестрокрилестите серафими, од Него треперат небото и земјата, морето и сè што е во нив. Излези и отстапи од новоизбраниот и запечатен војник на Христа Бога наш. Со Него ти забранувам, Кој се служи со ветрот како со крилја, Кој ги прави Своите ангели огнен пламен: излези и отстапи од ова создание со сета сила твоја и со сите ангели твои.

 

Оваа забрана претставува поема во најдлабоката смисла на тој збор, кој на грчки значи „творење/создавање“. Таа навистина го јавува и твори она што го јавува; таа го претвора во дејствена сила она што го тврди; таа повторно ги исполнува зборовите со Божествена енергија, од која тие произлегуваат. Забраната го извршува сето тоа, затоа што се произнесува во името на Христа. Таа вистински е исполнета со силата на Христа, Кој „навлегол“ во непријателската територија, примил човечки живот и човечките зборови ги направил Свои, затоа што Он веќе ја разрушил однатре ѓаволската сила.Изгонувајќи ја оваа зла сила, свештенослужителот ја твори следната молитва:  

  …Погледни на Твојот слуга, побарај, испитај и оттргни го од него секое дејство на ѓаволот. Забрани му на нечистиот дух и оттргни го, очисти го делото на Твојата рака и употреби го Твоето силно дејство, покори го наскоро сатаната под неговите нозе и дарувај му победа над него и над неговите нечисти духови. Та добивајќи милост од Тебе, да се удостои за бесмртните и небесни Твои Тајни… Прими го во Твоето наднебесно Царство, отвори му ги духовните очи, за да заблеска во нив просвештението на Твоето Евангелие…

Ослободувањето од демонските власти е почетокот на обновата на човекот. А крајот – Царството Небесно, каде човекот е примен во Христа, така што вознесението на небесата, соединувањето со Бога и обожувањето навистина станале највозвишеното назначување и повик на човекот.Изгонувајќи ги нечистите духови од огласениот, свештеникот, согласно укажаното, „дува на неговата уста, на челото и на градите“. Дишењето е основната физиолошка функција, која го одржува животот во нас, но истовремено нè осудува на потполна зависност од светот. А светот е безнадежно заразен од гревот, злото и смртта. Во ранохристијанското поимање на човекот немало строга поделба на физичкото и духовното, нешто што е карактеристично за нашата современост. Првите христијани го гледале човекот во неговата севкупност, во органското единство и взаемна зависност на духовното и физичкото. Целиот свет е отруен и болен, и затоа актот на ослободувањето нема само духовен карактер, но и физички: тој го очистува и самиот воздух што го дишиме и кој, како резултат на изгонувањето на духовите, станува Божји дар; тој го востановува животот како зависност од Бога, првично даден на човекот од Бога.

И свештеникот продолжува:   

Оттргни од него секаков лукав и нечист дух што се скрил и вгнездил во неговото срце… Дух на прелест, дух на лукавство, дух на идолослужење и на секоја алчност, дух на лага и на секоја нечистотија која делува по внушување на ѓаволот, и направи го словесна овца на Светото стадо на Твојот Христос, чесен член на Твојата Црква, син и наследник на Твоето Царство, та живеејќи според Твоите заповеди и запазувајќи го печатот неразрушен, и зачувувајќи ја облеката нескверна, да ги добие блаженствата на светиите во Твоето Царство…

Изгонувањето на нечистите духови е извршено. Настапило првото ослободување. Човекот е востановен како слободно суштество, способно да има вистинска слобода – не онаа што ние ја нарекуваме слобода и која, всушност, го претвора човекот во постојан роб на своите желби, туку слобода повторно да го прими вистинскиот живот кој исходи од Бога и води кон Бога, слобода да го направи единствениот вистински слободен и навистина ослободувачки избор – изборот на Бога.

отец Александар Шмеман[1]

Огласително слово на Јован Златоуст 2,14. Во раната Црква имало особени служители за извршување на заколнувањето на злите духови, пришто не било задолжително да имаат свештен чин. „Правилата на светите апостоли“ го содржат следново правило: „Егзорцистот не се ракополага: бидејќи славниот подвиг на заколнувањето е дело на доброволното благорасположение и благодатта Божја преку Христа, со наитието на Светиот Дух; затоа што оној кој добил дар на исцелување го ползува преку откровение од Бога, и благодатта која е во него, станува јавна за сите. Ако е потребно тој да биде епископ или презвитер или ѓакон, тогаш нека биде ракоположен“ (8.26.

Види: Ante-Nicene Fathers, 7, 493).

Поглавје од книгата: Водою и духом

Прв дел

Г.Г.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5792
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6612
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6390
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5588
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная