логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Возот, браќа - тргнува




 
Нивниот сон не е криминал.

Криминал е кршењето на нивниот сон.

Веќе ми е јасно кај тргнале емигрантите, но не ми е јасно кај сме тргнале ние, бидејќи ние, наместо да одиме по зборовите Христови: не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават, трчајќи по материјалното, отидовме по ѓаволите.

 Emigranti.plakat.jpg

 



Еве ме конечно.

Верувам, моите редовни читатели а и некои од вас,  приметиле дека ме нема на насловна, дека отиде мојата бавча во мирување наместо на првата страна. Простете што доцнам, а доцнам од две причини.

Првата, ме фати празничната гужва и многу патувања, а втората, од цела таа гужва и немање време за пишување, немав ни некоја инспирација, искрено кажано.

Кога требаше да заминам службено во Лондон, си помислив... Ај ќе одам таму,  па ќе барам инспирација за творење. Ќе прошета метрополитот неколку дена низ светска метропола , па кај и да е, нешто ќе ме мотивира. Дали некој мост на Темза, дали Биг Бен, дали некој музеј, споменик (оти сè поретки се отколку кај нас), дали тоа окото лондонско (додека стигне нашето скопско), дали монархијата, дали некој паб со лондонско пиво... За автобусите знаев дека не, оти и ние си имаме исти.

Си викав, односно не дека не си викав, ама од набиена агенда, Лондон ме виде - а јас не го видов.

Црковната општина во Лондон имаше слава, свети Архангел Михаил. Сепак, литургиите беа примарна цел на посетата, а после тоа,  мора да се најде време и за дружба со нашинците кои ги има во голем број.

На заминување од Македонија, покрај куферите и желбата за подобар и подостоинствен живот ,си ја понеле и верата своја. И милина ти е да ги гледаш. Од најмалиот Стефан со само 40 дена, до највозрасните (не велам најстарите оти по дух помлади и од мене ми се видоа), дамите Светле и Беба.

Лондонски дами со сите нишани. Колешки мои, јас дедо, а тие бабички. И појако од мене е, и сакам да кажам дека не мора многу да се патува, дека не мора да се оди во светска метропола, дека доволно е и во најмалечко живо село да прошеташ, и да сретнеш детенце со ѕвезда, кое не можеш, а да не го сакаш. Ама да сретнеш бабичка со ѕвезда, е тоа е реткост, навистина.

Мора човек до Лондон да тркне, и да испие кафе или пивце со Светле, за да разбере што кажувам.

И да ми кажуваше некој дека од цел Лондон со историја од 20 века, со население од 8,5 милиони вклучувајќи ја тука и Елизабета со синот Чарлс и со Камилата, внуците и правнукот и сваќата Пипа, јас не ќе најдам што да пишувам, абе имаше поштено да му се изнасмеам во фаца.

Е арно ама...

Феноменот емиграција ми стана лајт мотив и многуте прашања и сознанија за истата.

Наместо инспирација, во глава се ми се вртеше прашањето: зошто луѓето емигрираат? Што толку им дотежнало на душа во Македонија, за да се спакуваат, и за враќање да не му ја мислат?

Ќе чуеш мал милион прикаски за причините за емиграција. Од тажни, до весели, љубовни.

Тоа што ме мачи, а воедно ме интересира е како овие луѓе се справуваат со тоа сегде да се странци. Кога ќе се во Македонија, да ги нарекуваат Швабите, Англичаните, Итаљанците, Швајцарците, а кога се во земјите во кои заминале, да ги викаат Македонците. Во глава ги имаш секогаш оние: само дома си е дома, доме сладок доме, само едно место е дом, а сепак...

Знаеш и дека системите на овие земји и напредувањето во кариерата ти го ускратуваат поради неадекватноста на твоето презиме. Сè ќе мрчиш дека се ксенофобични, дека надмено се однесуваат кон дојденците, а сепак наведнуваш глава и продолжуваш, одејќи често и против своите принципи човечки. Се фалиш дека ние сме прекрасен гостољубив народ кој ги освојува странците, притоа наведувајќи примери како твоите гости кои дошле со тебе во Македонија, на заминување плачеле од воодушевеноста од приемот на домаќините, а сепак заминуваш и ти со нив.

Од друга страна пак, имаме реклами кои нè учат дека сме ужасни домаќини кои се однесуваат како ендемски видови, и кои треба да исчезнат, и конфузија во глава ти станува.

Згора на сите овие размисли, пред некој ден прочитав на ФБ сведоштво на еден мој ФБ пријател дека чул како некои нашинци од југот ги пречекувале имигрантите кои транзитираат низ нашата земја кон побогатиот север, во надеж дека ќе го зачуваат сопствениот живот пред вперените во нив пушки на Блискиот Исток, и дека ќе успеат да добијат азил, да обезбедат парче леб кое подоцна ќе може да го поделат со послабите нивни роднини кои не можеле ни да бегаат. Ги пречекувале, ги ограбувале, уценувале... Се богателе на нивната човечка судбина мачна.

И се запрашав... можно ли е тоа?

Мојот народ ли го прави тоа?

Оној кој си ги помодре градите од чукање во нив како сме ние најгостопримливите?

Не можев и не сакав да поверувам.

Сепак го споделив статусот на мојот пријател за да видам реакции.

Штама.

Ни лајк, ни споделување, ни коментар.

Реков, ќе напишам нешто за ова кога ќе се вратам. Нека биде тоа следната тема, па ајде уште еднаш да проверам пулс. Белким ќе ме разубеди народот дека ова се празни и злобни муабети само.

Си дојдов.

Патувајќи кон Ресен, ја склопував во глава новата колумна. Застанавме на автопат на една бензинска. Откако платив движејќи се кон колата, се разминав со двајца преморени луѓе. Веројатно татко и син. Ме поздравија на лош англиски, отпоздравив.

Луѓето влегоа во продавницата и се обидуваа нешто да побараат од пумпашите. Не издржа срце јуначко, се вратив и јас. Ги прашав сакаат ли нешто за јадење, пиење. Културно се заблагодарија. Рекоа дека имаат јадење во ранецот, но дека им треба сон, дека четири ноќи не спиеле.

Пумпашите им донесоа топло кафе, чај да се загрејат. Имигрантите, заблагодарувајќи ни се, потврдија дека сме многу љубезни, дека сме добри луѓе ние Македонците. Но кажаа и дека некој ги олеснил за 2000 евра, и  дека не им е дозволено да преспијат во некои попатни мотели ни за пари.

Не сум чул ни дека нешто многу сме организирани како држава да се справиме со овој предизвик.

Наместо со одговор на прашањето зошто човек имигрира, заминав со пелин во душата од сознанието дека и најтажната приказна не некој наш имигрант, не е ни приближно тажна како на секој од овие измачени души со кои е преполн нашиот автопат, нашата пруга, а уште повеќе од сознанието дека како поединци не можеме ништо повеќе да сториме за нив, освен да им подариме кафе и чај да згреат душа, од тоа што како држава немаме стратегија да им понудиме барем едно преспивање да одморат душа како луѓе, да измијат нозе од долгиот пат кој го поминале, а пред да го продолжат.

А најмногу од тоа што некои од нас, гостопримливите, ја загубиле не само гостопримливоста, ами и човечноста во себе, сфаќајќи ја тажната судбина на овие наши транзитни гости како начин за нивно богатење.

А кутрите времени гости само чекорат кон остварување на својот сон, сон за мирен живот пред сè.

Нивниот сон не е криминал.

Криминал е кршењето на нивниот сон.

Веќе ми е јасно кај тргнале имигрантите. Не ми е јасно кај сме тргнале ние, бидејќи ние, наместо да одиме по зборовите Христови: не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават, трчајќи по материјалното отидовме по ѓаволите.

O. Пимен

  1- ви декември 2014 год.

Извор: http://off.net.mk/bavchi/pimen/nivniot-son

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 778
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1060
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1005
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »