логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 





Korica-Arhierej-za-WEB

 Невидливиот Небесен Архиереј на Тихон Барсуков

  • Архиереј не може да се смета за типичен мал роман, но попрво за своевидно мало чудо во проза зашто во текот на неговото приопштување на современ македонски јазик актот на преведување излегуваше од неговата толкувачка рамка, поточно, преведувањето премина во пренесување во еден друг текст кој како да постои зад текстот на Архиереј. Овој метатекст раскажува приказна која небаре постои криејќи се зад официјалното сиже на романот, чиј говор како да нѐ опфаќа сите, немилосрдно нѐ содржи претворајќи нѐ во негови персонажи, негови метакнижевни ликови, на ист оној начин на кој се осуштествиле отец Павел, отец Герасим, матушка, самиот Архиереј во видливиот текст... Тој невидлив текст премина, претворајќи се од книжевен, во текст исткаен од струните на самото историско време, текст од идно време, пророштво за собитијата што непосредно ќе се случат не така долго по објавувањето на романот.

При самиот акт на преведување, Архиереј се откри како мал книжевен филигран во чии засеци се гравираат нашите лични судбини.  Попрво произлегува дека Тихон Барсуков е наш современик, чија скудна биографија на овој релативно непознат парохиски свештеник, укажува дека Тихон Барсуков, многу веројатно и самиот е жртва на оној режим чиј пеколен претвкус претходно и самиот го претчувствувал... Зад скудната биографија на Тихон Барсуков, најверојатно се крие „живата рана“ – неговата лична свирепа биографија.
Кој кого преведе? Преведувачот – Архиереј или Архиереј го преведе, пренесе преведувачот во еден свет чиј систем од знаци е невозможно да се преведе на ниту еден човечки јазик? Ова прашање упатува кон самочувството на човекот кој како да сака да ги искористи двата текста на Архиереј; оној видливиот кој раскажува за христијанскиот начин на живот на т.н „мал човек“ во една од бројните руски паланки на бреговите на Волга, и оној невидлив текст кој претчувствува историска катастрофа на една голема цивилизација, позната од средниот век како Киевска Рус. После само некоја деценија од издавањето на ,,Архиереј“, патем речено, книга која поминала речиси незабележано од тогашната критичка јавност, се нижат настани што не ветуваат ништо добро. Особено тоа се однесува на Октомвриската Револуција која ги промени корените на Русија, таа видоизменета Русија, ја промени Европа на полошо, а пак таа, олошена Европа и таа олошена Русија, како што е познато, за малку ќе се стрмоглавеа на работ од историската бездна. Денес, кога на лицето на евро-азискиот континент дуваат некои стари, од почетокот на ХХ век - ветришта, романот Архиереј, посегна по денешните критичари од правливите долапи на историскиот заборав за да предупреди, да го притисне копчето за тревога, пристигнувајќи како временска машина во нашата зазбивтана постмодерна современост за да биде преоткриен овозможувајќи ѝ на сегашна Русија да посегне по себеси низ измаглините на минатото време и да си рече самата на себе: Застани. Помисли малку. Не прави го тоа. Револуцијата, освен сечовечко страдање не му донела никому ништо добро.

  • Архиереј е многу повеќе од обичен мал роман кој раскажува за кризата на христијанскиот морал, за стврднувањето на човековото срце, за закоравеноста на духот во рамнодушен кон туѓите страдања - мрамор, за ослабнувањето на верата, дури и за ослабнувањето на врската на човекот со Самиот Христос, но истовремено доаѓаат денови на големи искушенија за Црквата и верните, за нејзините пастири и архипастири: дојдено е време кога архиереите треба да ја симнат од себе позлатената митра, и во слава на Исус Христос да наденат трновит венец, зашто не се слави, но повеќе се хули името Господово среде народот.

Архиереј, раскажува предупредувајќи за трагичната погибел“ што заканувачки демне над  „човекот во футрола“, на начин на кој тоа го правеше Чехов, а го претчувствува светскиот хаос на оној начин на кој тоа го претчувствуваше Достоевски дека нештата човечки навистина можат да заземат непосакуван идиотски тек доколку тој ист човек, денес повторно му го сврти грбот на Бога.

               Критички осврт кон книгата Архиереј од Тихон Барсуков  направи:
                                        Пантелеј Кондратјук

 

Друго:

     Ново издание на Скопската епархија (28.11.2014)     

4-ти декември, лето Господово 2014



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »