логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Погледнато од перспектива на денешните центри на светот, зад седум мориња и седум езера, зад седум рида и планини, зад седум членки и седум со кандидатски статус за влез во Европска унија, си постоеше една малечка и убава шумичка.

Ezop.lav.jpg
И убаво поле веднаш до неа, идеално тука живеат и дивите и питомите животни, можеби и цели два милиона. И имаше во шумичката и полето, кога правилно би се распределило, место за живеалишта и храна за сите. Море, дури и за луксуз имаше за оние полакоми животни, ако не се претерува и во него.

А шумичката беше на една стрмнинка.

Зиме знаеше и снег да падне, ама немаше кој да му се радува оти сè помалку се раѓаа млади животни. Младите животинки како еленот и срната како репрезентативни и убави, порадо сакаа да си ја жртвуваат слободата, и да позираат од кафезот на некоја зоолошка градина на некој голем град, отколку да се ашкаат без работа низ шумата.

Некои од домашните животни како мачката, не можејќи да најдат ангажман во зоолошките, се кажуваа рисови за да може да заминат на печалба. Некои пак како потполошката, гледајќи дека можат да бидат покорисни на некоја убава и богата фарма во странство, се припитомуваа и се селеа на истите.

И јагнињата заминуваа за странство на Велигден, и никогаш не се враќаа. Имаше и такви како папагалот, на кој што им фаќаше главата да изучат нешто, и кои одеа во странските земји, та брзо го учеа јазикот и уште некои вештини и добро живееја таму воодушевувајќи ги оние кои ги сретнале. И така и така требало да учат некој јазик, па си викале барем да е некој корисен. Волкот пак сам си ги бркал работите и бил дебел во вратот, и поради тоа преживувал лесно. Некогаш знаел да претера со давење на цело стадо овци за да изеде само едно јагне.

Ама важно волкот си бил сит, а овците на број (веројатно бидејќи не се правело попис во шумичката), и на гладниот не му верувал кога овој се жалел дека нема што да јаде. Истото го правела и ласицата (куната) со кокошките, а кучињата лаеле по нив подеднакво навидум, ама кон куната повеќе демонстрирале сила бидејќи знаеле дека нема сила да им врати, за разлика од волкот кој можел да се заврти и со глутница да ги нападне нив и да ги растргне. А и глупаво би било да се осудува самиот волк за да не сфатат другите животни дека тој е казнет само затоа што е неравноправно малцинство.

А лисицата мудра нели, знаела да си ја употреби мудроста шетајќи низ шумата, и убедувајќи ги другите животни дека не е се онака како што гледаат тие со своите очи. И имајќи убава опашка, ги криела трагите за поморот на јагнињата и кокошките, па потоа кој прв ќе поминел и ќе оставел трага, ќе си загазел па дури и да било некое од тревопасните животни како полжавот и желката.

Е па кој им е крив нив што си имаат сопствени куќи.

Од кај тие пари?

Хиените морале да испитаат потекло на имот и да наплатат данок на луксуз. И жирафата не поминувала полесно со данокот. Животот на висока нога се плаќа. Ете толку умешно лиска си ширела муабети низ шумата што сите потоа среќни и весели си живееле. Ех колку ли ја почитувал лавот поради тоа само да знаете. И така кучињата си лаеле, а караванот си врвел и носел се повеќе животинки во странство.

А баба меца не била расположена за имиграција. Со самото тоа што била баба, се гледа дека била стара пензионерка, па оттука и нејзината желба да си остане во шумичката. Имаше и коали кои наместо домашна, добиваа странска плата. Тие често спиеја, но кога ќе се разбудеа, од време на време, знаеја и да промрчат нешто.

Зајакот пак немал храброст да направи ваков чекор. А и задоволен бил со зелката секојдневна, а верувал и дека ќе го достигне, еден ден морковот кој врзан на стап, секогаш бил на чекор од него. Во неговата природа беше и размножувањето.

Во шумата беше и лавот на кој не му личеше според царското достоинство да го напушти царството, а се трудеше да ги задржи и другите жители. Си викаше јас од земја веќе контролирам сѐ, ама да го замолев орелот заедно да владееме. Ќе гледа тој од горе, ќе даде некој ум, а јас нему ќе му дадам малку власт и дел од воздушната територија на шумата која и онака не ја контролирам.

Речено – сторено...

Се договорија.

Прошетаа низ шумата, ја видоа стрмнината со снег, и ѝ рекоја на мечката:

-Деца, нема што нема, ама греота е да не се користи, скијај се и ти бесплатно. Ако паднеш и скршиш нешто, ќе те пратиме без пари, и на топлото изворче да се лечиш. Море,  и без пари да се возиш дотаму ќе може.

Потаму го сретнаа и зајакот, и започнаа муабет:

- Зајко, а бе кој те лаже дека си плашлив? Сакаш ли херој ти да бидеш? Ако ти заврземе уште еден морков на стапот, ќе се обидеш ли да ја наполниш шумава со мали зајачиња?

Почестен зајко од понудата, веднаш се фати за работа.

Остануваше прашањето, а што дотогаш со вишокот земја? Та царот, цар ли би бил ако не се досетеше дека како што заминуваат животни, така може и да доаѓаат од странство. Испитаа и видоа дека тигрите од Индокина се спремни да дојдат и чуда да направат. И не само тигри, туку и разни други мајмуни.

И патуваа лавот и орелот, сегде и секого што ќе го сретнеа го убедуваа дека шумичката е сиромашна, ама убава.

- Дојди, му велеа. Не нѐ гледај нас како ни е. Тебе важно ќе ти биде убаво. Вредни се нашите, работат и заслужуваат плата убава. Ама ти немој да им даваш многу. Лоши се. Штом заработат за карта во еден правец, одма ја купуваат и за назад не мислат...

Не лажеа. Ако лажеа ќе им растеше носот како на Пинокио. До душа, на лавот му порасна уште една опашка, а на орелот уште една глава, на животните што останаа, им порасна грпка од работа – а на оние што заминаа стандардот...

И сите среќно си живееја. Барем така се убедуваа.

Раскажано од Отец Пимен

Извор:  http://off.net.mk/bavchi/pimen/basna

30-ти декември, лето Господово 2014

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »