логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Кога септември ќе заврши
Барајќи сенка

Барајќи сенка цело лето, секој на своја страна, на триста огни изгоревме. И, еве дојде и летото циганско. Изгледа ќе потрае.



Конечно заврши летниот распуст. И за учениците,  и за студентите,  и за мене. И како за почеток на новата учебна година, еве ме назад со вообичаениот писмен состав за учениците на тема "Како го поминав летниот распуст'', а бидејќи се зборува за цели три месеци, одиме со последниот школски час.

Насекаде радосно се огласи последното училишно ѕвонче.

Ова ѕвонче сепак се разликуваше од она во наше време. Ние ги фрлавме книгите, ги земавме точаците и брзавме на езеро. Денешниве деца дури после последниот час ги земаат во рака книгите. Некое екстерно полагаат. Загреваат столици учејќи. Професорите се потат да не ги навјаса некоја казна во разликата на оценките, па да немаат пари да се разладат негде на одмор. Родителите се топеа како сладолед паднат на асфалт да не им се збунат децата со тестот, па да не можат потоа да изберат соодветна професија кога ќе дојде време.

И така почнаа летните жештини.

Политичарите кои се секогаш во право, па дури и кога цел народ мрчи, од ученик до работник и безработник, (исклучок се пензионерите поради нивните придобивки од актуелниве) против нивните одлуки и закони, добив впечаток дека за првпат навистина се во право.

Убаво звучи кога ќе чуеш како политичарите се согласуваат со некоја друга фела. Кога имаат ист став. Ете пред почетокот на летото, на пример, се согласија со метеоролозите. И тие, и тие, најавија жешко лето.

И беше жешко до душа, а јас не знам дали беше жешко од загреаните ученички столови.

После така најавените жештини од двете фели, ни требаше одмор на сите. А одморот според некои толкувања значи промена на секојдневни обврски, а не само одење на море. Па така луѓето не сакаа да работат и согласно со погоре споменатото толкување за поимот одмор, си кампуваа. Кој пред Влада, кој пред Собрание, кој на море, кој на планина, кој во земјава, кој во странство, кој во бегство и граничен логор...

И далечината на местото за одмор оваа година беше пропорционална со цената на очилата.

Кој поскапи очила носи, тој е подалеку од очите на оние кои не само што немаат за наочари, туку ни вода во очите немаат бидејќи проплакале од немаштија. Ама сепак, не местото, туку она што нè потсетува на некое место може да нè усреќи на одморот.

Може на пример да си во Жена парк, ама скапиот сладолед да те направи да се чувствуваш како на море, или во најмала рака како во Дојран. Се пржеа луѓе и на Илинденска чекајќи резултати од Пржино. Договорот им ја расипа идилата, и сите пред време го завршија летувањето и се вратија на своите секојдневни обврски. (Не можеа да се вратат на работа оти и онака ја немаат.)

Имаше и такви кои имаа среќа да се покрај високи карпи, а и да се од град покрај вода, па си скокаа од бетонските карпи и си правеа фотосесија,  се возеа со мала езерска јахта.

И в црква беше жешко лето. Полека но сигурно, се подготвуваме за преговори. Ама ќе почекаме есен.

Жешко прежешко беше и на блискиот Исток, па стотици илјади луѓе тргнаа на северозапад. Изгледа не чуле дека кај нас беше најавено жешко лето, па кутрите минуваа преку нашата територија. Не очекуваа дека и на нашите полицајци може да им удри сонцето во глава, па дека понекогаш ќе има и нељубезност од нивна страна.

Им дожеже изгледа и на новинарите, па слабо работеа летово, па си најдоа еден човек со магичен телефон во рака и го следеа по села и градови. Ништо не коментираа, само го снимаа човекот кој со телефончето решаваше илјадници проблеми.

И полека се ближеше денот кога требаше да залади, да си дојде се на свое место, да почне есента.

Малку порано од календарската, до душа. На 15 септември.

Едни помислија, дојде жената што барем на неколкумина ќе им овозможи да одат под сенка. Други помислија дека чипката е премногу летна гардероба, па човек така облечен, нема да може да суди човек со ладна глава.

И така започна циганското лето.

Изгледа ќе потрае.

Извор: http://off.net.mk/bavchi/pimen/barajkji-senka

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/duhovnost-2/kolumna

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 778
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1060
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1005
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »