логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Дневен весник (Ед. бр. 23798)
Колумни

04.07.2016 12:00

Венко Андоновски

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Повеќе од овој автор

Следам: се отворил нов државен универзитет. Зошто? Зошто ни е уште една фабрика за производство на незнаење? Па незнаењето од поодамна владее со знаењето. Имаме доволно неписмени
со магистратури и со докторати. Или можеби вистинското знаење уште не е победено, па треба
завршен удар?

„Речник на човековата  душа“e заеднички наслов на новиот серијал колумни  на Венко Андоновски, што премиерно ги објавува „Нова Македонија“. Во нив Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот  на современото живеењеСо загриженост следам што се случува со студентите. Следам колку што можам, зашто подолго време не сум во Македонија. Со години изборот за лидер на студентите внесува зла политичка крв меѓу нив. Дојде до тоа да не може да се направат студентски избори без полиција?! Полиција во автономен академски кампус?! Готово е со академската чест - згазено е она зрно што Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Михаил Д. Петрушевски, Ѓорѓи Шоптрајанов, Љубен Лапе и другите преттечи го посеале во далечната 1946 година, како почеток на Универзитетот (оформен 1949 г.), со првите предавања на тогашниот Филозофски факултет. А денес ревносно, систематски се уништува.

Студентите се политички закрвени, зашто не создадовме општествен амбиент да се чувствуваат како суперсила, натпартија. Да сфатат дека од нив и од ЗНАЕЊЕТО зависат и партиите и државата, а не тие од партиите и од државата. Се тепаат затоа што гледаат дека знаењето (и покрај паролите) не е тоа што дава леб, туку политиката. Не им отворивме надеж во иднината. Верба дека секој добива според заслугите, а заслугите се стекнуваат со знаење.

Следам: се отворил нов државен универзитет. Зошто? Зошто ни е уште една фабрика за производство на незнаење? Па незнаењето од поодамна владее со знаењето. Имаме доволно неписмени со магистратури и со докторати. Или можеби вистинското знаење уште не е победено, па треба завршен удар?

Минатиот пат пишував за табеларната интелигенција и за професорите претворени во бирократи. Наместо да предаваат, истражуваат и пишуваат, постојано пополнуваат некои табели, за фиктивни бирократски инстанци, кои најпрвин им ги составуваат таквите табели на професорите, а потем, откако овие ќе ги пополнат, им ги проверуваат и или им ги враќаат на „корекции“, или им ги усвојуваат и акредитираат. Така, највисокото достигнување во животот на еден професор денес е коректно пополнување формулар. Таквото потценување на интелигенцијата, која личи на шимпанзо што се движи горе-долу и лево-десно пополнувајќи графи и колони, опасно продолжува. Еве што примив пред некој ден: „сугестија“ за пополнување на веќе спомнатите табели.

Имено, однекаде (бирократијата е анонимна власт посилна и од судската и од извршната), „по вертикала“, некои мои колеги добија сугестија од која зависи опстанокот на вселената: при пополнувањето на графата „Цели и компетенции“ (на наставната програма), поради УНИФИЦИРАЊЕ на таквите табели, да се користат униформни јазични формулации, за да „не отскокнува“ еден формулар од друг. Така, излегува дека сите предмети имаат исти цели, што е пример за неосталинизам од западен тип (сите образовни реформи денес доаѓаат од запад, како што свилата порано доаѓала од исток). Еве само два примера за готова формулација, кога говориме со кои компетенции ќе се стекне студентот откако ќе го ислуша и положи нашиот предмет (цитирам): „Презема одговорност за сопствените резултати и поделена одговорност за колективните резултати“; „Донесува соодветна процена земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти“.

Не, не е преземено од некој учебник по марксизам, иако она со колективната одговорност многу потсетува на социјалистичкото криење зад колективот - „колективната одговорност“. Претпоставувам дека некој анонимен бирократ, без и да знае дека рециклира комунистички мисли, ги истргнал и превел овие неколку реченици од некој западен „Водич низ целите и компетенциите на Болоњската декларација“ или некоја слична образовна „револуција“, за да се „огребе“ кај шефот за подобро место и плата. Да видиме што ни советува демократско-униформна, образовна Европа: значи, моите студенти, и кога слушаат „теорија на прозата“ и кога слушаат „хрватска книжевност“, ги слушаат овие предмети за да научат „да преземат одговорност за сопствените резултати и поделена одговорност за колективните резултати.“ А дали знаат кои се Ролан Барт или Иван Мажураниќ, тоа не е важно. Оваа препорака симулира дека е знаење, затоа што она што го кажува се подразбира, како што се подразбира дека кога ќе побарате вода, нема да ви донесат само вода, туку и чаша, односно вода во чаша. Кој има потреба да ги подучи професорите да го имаат тоа предвид? И какво ли мислење има тогаш, за нив?

Втората „генијалност“ нè учи како се донесува стручна процена. Кај филолозите тоа е, да речеме, литературната критика - суд за едно дело, да речеме поетско. Според препораката, не е важно само што мислиш ти за песните и метафорите во делото, туку што мисли и општеството, науката (другите научници) и се разбира - етиката. Генијално! Си знаеш ти што е добра метафора, ама за секој случај, прашај го и општеството. Одиш од партија до партија и прашуваш што е добра метафора. Е дури потоа, доаѓа на ред науката. Дури по општеството, консултираш книги од Аристотел, Умберто Еко или Пол Рикер, па гледаш што мислат тие за метафората. И на крајот - се прашуваш - дали метафорите во делото (на Шекспир, на пример) се етични или не - да не се можеби „пребоцкави“, да не се алузија на нешто... Ако така донесуваш ПРОЦЕНА, односно искажуваш СВОЈ СУД, тешко нам!
Штета што пред повеќе од десет години, кога со Сашо Миленковски го поставувавме „Кандид во земјата на чудата“ немавме вакви драгоцени „читенија“. Моравме да измислуваме бесмислици од типот „Јавен пат е секој оној пат што според Законот за јавни патишта е прогласен за јавен пат“. Тогаш ни забележуваа дека драмата има слаба врска со реалноста. А сега?
Прашање: кој пишува вакви бесмислици? Одговор: некој што дошол незаслужено на тоа место. А зошто се однесува така? - Затоа што оној што нема интелектуално покритие за местото на кое незаслужено дошол, по дефиниција кон претпоставените ќе се однесува како слуга, а кон подредените како тиранин (така тврдат одамна духовните мислители). Ова е тиранија врз интелигенцијата и професорите од страна на нивните бивши студенти, на кои незаслужено, формално, ТАБЕЛАРНО им пишале преодни оцени. И кај нас, и во светот.

Барем едно научивме од таа западна чума на овој век - површното, формално, табеларно (не)знаење: дека полошо од едноумието е БЕДНОУМИЕТО. Всушност, едноумието се одржува создавајќи бедноумие. Поради тоа бедноумие се заканува и пролевање студентска крв во кампусите на универзитетите. Сите гревови доаѓаат од незнаење. Не од она простосрдечно „блажено е незнаењето“, туку од она незнаење што мисли дека знае, закитено со титули и дипломи, а раководи со сè, па и со образованието. Еден писател вели: „Само незнаењето се гордее со себе“. Бедноумието, де, по нашки кажано!

Извор: Нова Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 778
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1060
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1005
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »