логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Чаршиски муабети
Ах, златно дома. Изгасен телевизор, телефон далеку од раце ставен на нечујно. ФБ колку да измориш очи пред да заспиеш. Блажена неинформираност.

 

Среќавам многу луѓе. Среќавам наши, среќавам странци, а среќавам и домашни странци. Од моите. И секогаш  следува првото прашање "кога дојде", па второто "до кога си тука",  и неизбежното "шо има ново"... И има многу а различни прашања и потпрашања, па сè нешто човек ќе чуе и послушне.

Велат пуч во Турција имало. Ама малку неуспешен. Море исцениран и нарачан. Таип султан ќе станува. Ај, ај ќе заврши како Гадафи на улица, ќе му пролијат крв. Демократ велиш, а смртна казна ќе воведувал. А зошто па да троши за храна за предавниците дури лежат во затвор? Море убаво им прави, тие на него војска ќе вадат. Ама уставно секуларноста ја брани војската. И нели уставно постапи војската? А што е поважно, Устав или демократија?

Америка првин го фалеше пучот, а сега демек демократ бил Ердоган. Гледаш дека тие се замешани. Само Шарените го поддржаа Пучот. А бе не ги доразбравте, само им смета автократијата. А така е, не можат по магарето, па сега по самарот. Да ги пратиме малку Стамбол да видат шо е демократија. Тука не им чинело.

Слушна дека 40 авиони им фалат на војската? Мислиш завршено е ова? Како експресно ги сменија судиите. 2500 за неколку саати. Е па Путин им го даде списокот. Ај бе Путин, па нели скарани беа? Хах, па нели гледаш дека го зезаат НАТО?

Мислам дека и НАТО е готов, како и Унијата. Еј, а ние глупи уште трчаме по НАТО и ЕУ. Путин златен, православен цар. Не зафркавај, е тој е прав диктатор. Грујо за него е мало дете. Само да ја земеме обврзницата па ќе видиш дали ќе го смени некој после. Уште 20 години ќе владее. Има да попушти сега со Пржинскиов. Готов е затвор не му бега.

А Заев нели е криминалец? Првин тој нека оди во затвор. А бе сите, сите што краделе има да лежат. А кој ќе остане во државава после. Ехее, какви деца млади има способни. Таквите не ти се враќаат за 200 евра да ти работат. Странство не им е поарно, ко црнци работат. Децата не си ги гледаат. Работат ама и земаат. Е шо ќе им се парите ако немаат време да ги трошат. А бе тие ќе се измачат ама барем на децата подобра перспектива им отвараат. Ако падне диктатурава многу ќе се вратат.

Луд си ако мислиш дека ќе е подобро ако дојде СДСМ? Каков СДСМ, кој им дава да се вратат. Избори бараат, а немаат програма. Нека проработи СЈО па ќе видиш како ќе падне ВМРО-то. Катица ли бе? Само Ленче ја признавам. Катица ќе ви го донесе умот. Каков тим направи. Е кој тим, кај се другите само Фатиме и Ленче. Како кој тим? Па нели виде дека сите беа некни во Американска амбасада на прославата? Аууу, значи за ЦИА работат. Ти викам јас, сите се шпиони. ЦИА го дрма цел свет. Мали и безначајни сме ние за Америка. А шо се меша Бејли во сè? Нека го остави Америка нашиот амбасадор таму да им каже нешто. Е па кога бараме пари од нив им даваме право и да ни се мeшаат.

А бе да не беа овие Шарениве да нè кодошат по банкиве сега се ќе беше решено. 650 милиони знаеш ли ти колкави се? Па и внуците наши не ќе можат да го вратат долгот. За мене поарно е да враќаме кредити со години, ама да не можат да ни се мешаат Америве. И на Французиве убаво им направија. Како бе убаво толку народ да изгине? А тие кога бомбардираат цивили? Русите поарни да не се? А ти за Русија да не не си случајно? Кога ни помогнале тие? А бе Славјани се тие, поблиски сме сигурно повеќе нè сакаат. Е ние нели сме Антички?

Абе сме ама ние сме ги покрстиле Русите. Благодарение на свети Кирил и Методиј се описмениле. А кој според тебе е позаслужен светител? Кирил и Методиј или Мајка Тереза? Е шо Мајка Тереза дека скопјанка е, иначе шо направила за Македонија? Еми тогаш шо толкави споменици и правите? Не е од наши пари, шо ти е гајле. Субрата рече ќе го плати. Тој хохштаплер ли ќе плати? Нели е в затвор веќе? Шо го знам ама синовите тука се. А Џумајлија чија е сега? Ти за свети Наум да не ме гибаш? Не бе.

А шо е ова Амфилохие шо ги кани нашиве за свети Јован Владимир. Е тој не е Црногорец? Е, ама зет на Самоил. Значи бугарски зет? Ма немој, Самоил е наш Преспанец. Престолот му е во Охрид. А зошто споменикон е Скопје? Ја претераа со споменици Скопје на оваа сиромаштија голема.

Море пукнавме од жешко. Е жешко е на оваа сиромаштија. Пукање? Еј ја виде ли невестата шо пукаше со калашников? Сестра и рече не пукала со куршуми, со огномет пукала. Со шо и да е, срамота е. Од вашите е, па и се може. Нема врска. Како нема врска? Па секретарка на началникот била...

Луѓе, дај бе баталете политики, наши, ваши, Турција, Америка, Русија, ЦИА... Мора и нешто забавно да има? Шо има ново на тоа поле?

Во право си остај тоа, да видиш една нова апликација на мобилен што излезе. Топ е, бркаш Покемони по улица. А бе бегај луда работа, не да се фатат за работа. Големи деца се тоа, им фали забава, па ја наоѓаат во виртуелниот свет. Измислена е од ЦИА за да ги пратат луѓето. Батали бе тие теории на заговор. Шо бе батали? ЦИА го држи цел свет во заложништво. Русија им парира сега, не е како во времето на Елцин. Ех Елцин пијаница. Путин е друго. Им покажа сила. Која сила ја покажа? Е нели виде некни Пучот како заврши? Кој им ги откри плановите на Турците? Америчко масло беше.

И пак од почеток.

Пучот како заврши? Кој им ги откри плановите на Турците? Америчко масло беше.И пак од почеток.Пуч во Турција имало, ама малку неуспешен. Море исцениран и нарачан. Таип султан ќе станува. Ај, ај ќе заврши како Гадафи на улица со пролиена крв. Демократ велиш, а смртна казна ќе воведувал. А зошто пада не троши за храна за предавниците дури лежат во затвор. Море убаво им прави тие на него војска ќе вадат. Ама уставно секуларноста ја брани војската...

Рашомонијада. Цела светска и домашна политика распoслана и спротиставена меѓу сите што седат на иста маса.

Ах златно дома. Изгасен телевизор, телефон далеку од раце ставен на нечујно. ФБ колку да измориш очи пред да заспиеш. Блажена неинформираност.

Па нели сме на одмор?Одмарајте. Дур е поладно. Да ги одмориме вжештениве глави.

И не заборавајте. Политичарите се секогаш во право. Ние им го даваме тоа право преку демократијата. А тие? Тие потоа ќе најдат начин како да ни ја земат демократијата. И пак ќе бидат во право. Нам од демократијата ќе ни остане само муабетот и кавгите на маса.

 

Отец Пимен

Извор:
http://off.net.mk/bavchi/pimen/sho-ima-novo

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »