логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

о. Горан Стојчевски
„БЛАГОСЛОВЕНА Е ТОПЛИНАТА НА ТВОИТЕ СВЕТИИ. ТОПЛИНАТА На ВЕРАТА, ИСПОЛЕНТА СО СВЕТИОТ ДУХ. АМИН,АМИН,АМИН„


„Ниту збор повеќе не му реков на отец Памва, но и што можам да му кажам: навреди го – тој ќе те благослови, претепај го – тој до земја ќе ти се поклони, непобедлив е тој човек со такво смирение. Од што би се уплашил тој, кога самиот дури и адот го бара?...Тој и сите демони од адот ќе ги избрка или кон Бога ќе ги обрати! Тие ќе почнат да го мачат, а тој ќе се моли: -  Пожестоко тргајте, зашто не сум достоен за тоа -. Не, не! Такво смирение сатаната нема да издржи! Тај и рацете ќе си ги извади, сите канџи сам ќе си ги извади и сам ќе го сфати своето бессилие пред Создателот, Кој таква љубов создал, па ќе се засрами од Него„(извадок од „Запечатениот ангел„)

...милоста во судот се пофалува...(Јаков 2,13)

 

Не знам дали ќе се совпадне со темата на бројот, но, сепак сè во слава на Бога. Да се опишам како свештник е неблагодарно, а како учител или пастир уште повеќе, некој ќе го протолкува ова како лажно смирение, нека не го толкува, такво е...Смирен е само Нашиот Господ на Кого заборавам секогаш кога ќе напишам нешто во насока кога „службено„ сум разбрал дека некого треба  да го поучам, или пак,  да го разобличам во ставот кој не соодветствува на моите уши кои најверојатно се научени да слушнат само нешто добро за христијанството, особено за правослвното, за Црквата, за свештениците, за монаштвото, за верниот народ кој литургиски се црквува, а како што споменав тоа е затоа што заборавив што Христовите уши чуле, што Христовите очи виделе, што всушност  Христос претпре (Страдалната седмица) и трпи од оние на кои им чинеше, и им чини постојано добро, и ги храни со Својот Живот, но Он се смири, како што вели светиот апостол Павле, откако стана послушен дури до самата смрт и тоа смрт на Крст (Филип.2,8). Затоа да се придружме кон песната на Црквата, слава на Твоето смирение Човекољупче. Слава на Бога што своите верни ги храни со Својата благодат што се дава од Неговите Свети и Пречисти Тајни во Црквата, неизмерно на сите, која се пројавува согласно покажаното покајание низ послушание.

Но, да не продолжувам понатаму, до каде не сум ни тргнал, тука вака, се случи по социјалните мрежи да дадам критика за еден човек кој нешто изјавил нешто во врска со црквите и религијата, и веднаш моето „чисто„ уво, пазете ви се молам, слушнало нешто недолично, и на акцијата следи реакцијата, следејќи ја физиката се фатив за мотика наместо за молитва и покајание, и веднаш како човек од Црквата се повикувам на она што уште не сум го достигнал – свештеник, и му „збрчувам„ на тој „неранимајко„ една објава...пљас во етер...тој така, јас вака..., и демек јас ќе му ги отворам очите, а јас слепец, слепец до немајкаде, ама кој да ми каже. Но, слава на Бога имало кој да ми каже, царство небесно да ѝ подари Господ, и на сите кои таа ги сака, а верувам го сака сиот свет и сите луѓе, ете слава на Бога, такви мирјани си имаме и во нашата Црква. Да скратам, сестрата ми упатува коментар на објавата, смирена, смирена, топлина-милина, ме умудрува, ме смирува и мене, ама кога пред децава се споредувам за магаре (особено кога ме товараат), гледам икако слепец  дека не сум бил далеку од тоа животно со претеран карактер, и јас како самонаречен бранител (тешко мене, кого ли да одбранам од себе), не го бришам коментарот, ама фрчам, бре, бре, си велам само што не летнале од благодат овие наши христијани. Но, коментарот изобилуваше со Христова љубов и застапништво за човекот кого јас го споредив со еден луд цезар, па одозгора и мој коментар на тој коментар дека дури и е виновен што бил роден од мајка му, ах тешко мене, се срамам и што пишувам, но подобро да пишувам отколку да се преправам. Христијанин се застапува за човек (по образ Христов) кој зборува неубаво за христијаните и црквите...и тука бев поразен, поразен од добрината на нашата сестра, од подготвеноста да се застапува молитвено за човекот, и се определи и на себе да истрпи кртитика за друг, а чии зборови звучат грубо во ушите на било кој христијанин, па дури и секој човек, но таа се одважи и одбра, како и Христос што се застапи за разбојникот, за тој прв да влезе во рајот. Се засрамив, не можев да одговорам веќе ни со мисли, а не пак со збор...ми пиша во инбокс и „ме утепа„ со благодат. Ја избришав објавата, и се извинив, а таа не престана да бара прошка и случајно да не ја разберам погрешно, но слава на Бога, што ја разбрав правилно и ја избришав, ах вака да се бришеше и моето самољубие и соудувањето на другите. Разбрав од таа случка, дека, само сознанието дека сум најгрешниот од сите луѓе и свесното живеење со ова сознание овозможува да примиме во Неговото Име благодат врз благодат, а всушност ние за тоа се родивме во светот, и се крстивме в Црква. А, тоа нема врска со нашата положба во Црквата, оти сите примивме иста благодат, иако даровите се различни, но еден и ист Дух Е (1Кор.12,4-13), останува сите да се натпреваруваме во чинење добредетели, да се натпреваруваме во смирението и трпението, радоста, мирот, добрината...и сите оние дарови на Светиот Дух кој љубовно ги опишува опитниот апостол Павле (Гал.5,22). Да стекнуваме благодат врз таа крштелна благодат, до полнота, по мерата од растот Христов (Еф.4,13)...не сметај се себе за (потполн) човек додека не ја стекнеш благодатта во сета полнота, вели старец Јосиф Спилеот. Од колку големо значење било она повторувано слово, секој да го усогласи местото и улогата во Црквата согласно својот духовен раст, да се испитува и испитува, пак и пак и одново, бидејќи треба да се сретне со Бога на Трпезата Негова, да јаде и пие со Господ, а уште и да Му сослужува на Христа, треба двојно и тројно да се испитува, од последното место, и никако поинаку.

И, што да ви кажам, по пепорака на митрополитот Методиј, (кому му пречев како ѓакон неколку години ставајќи теплота во Путирот, а не ги разбирав тие евхаристиските слова во животот),Скопската епархија ја печати книгата „На крајот од светот – Запечатениот ангел„ од Николај Семјонович Лесков, која ја прочитав како потврда на случката со нашата опитна сестра во љубовта Христова, а тоа е дека не треба да се занесувам за големи дела, не барајте, браќа мои, мнозина да станувате учители, знаејќи дека поголемо осудување ќе добиеме, вели св.апостол Јаков, но дека треба смирено да ја сведочиме љубовта Христова кон секој човек, бидејќи топлината на верата е Светиот Дух, а тој го омекнува срцето како памук подготвено да собере миро кое потекува од такво срце предадено на Христа и во кое живее самиот Христос („Тогаш им се отворија очите„).


п.с. По молитвите на свети Јован Битолски..., и сите светии, Господи, помилуј нè сите и сè, оти Ти си во сите и во сè.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »