логоFacebookTwitterYouTubeeMail


За духовниот саморазвој
Што е тоа „полуинтелектуалец“?Искрено, за Слободан Јовановиќ немавме чуено. Роден 1869, тој бил правник, историчар, писател и политичар на некогашното Кралство Југославија. Преземаме негов текст, од книгата „Прилог за проучување на српскиот национален карактер“, за еден специфичен вид интелект, кој одлично му легнува и на Македонецот.

Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање. Духовните вредности воопшто не ги разбира и не ги цени. Тој сè цени според тоа колку придонесува кон успех во животот, а успехот го разбира во „чаршиска" смисла, значи сосема материјалистички. Со останатите духовни вредности ја отфрла и моралната дисциплина, но не сосема, затоа што прекршувањето на таа дисциплина повлекува кривична одговорност. Сепак и во морален, како и во културен поглед, тој во основа останал примитивец. Неомекнат од културата, а со олабавена морална кочница, тој има сирова снага на претек. Школската диплома, како влез во кругот на интелигенцијата, му дала претерано високо мислење за самиот себе.

Во општествениот натпревар тој дипломиран примитивец се бори без скрупули, но со целосно убедување дека само го бара своето право, кое училиштето му го признало. Тој ги потиснува соперниците немилосрдно, како да не се живи суштества туку материјални пречки. Тој е добар „лакташ" - израз кој премина во општа употреба истовремено со појавата на полуинтелектуалците. Да претпоставиме дека во него се разбудила политичка амбиција, и дека успеал да стане министер. Таа позиција можел да ја зграпчи само преку силно буткање и стрмоглаво јуришање, и затоа смета дека таа сега е нешто „негово".

Од тоа свое достигнување, или подобро кажано плен, ќе гледа да извлече што е можно повеќе личен ќар. Ќе биде корумпиран, но нема да биде сосема свесен за тој факт: толку тоа ќе му изгледа природно и на свое место. Еден полуинтелектуалец, кога чул дека се зборува за негова оставка, рекол: „Кој е луд, да се откажува од полна чинија?!" Нему му изгледало непојмливо човек да не ја користи министерската позиција, како што било непојмливо човек крај полна чинија да остане гладен. Политичката амбиција на еден полуинтелектуалец всушност и не е политичка. Таа се состои само во тоа човек преку политика да се збогати, и на високи функции да си мине господски. Тој не ни знае за некакви повисоки и поопшти цели. Дури кога полуинтелектуалецот ќе избие на врв на политичкиот успех, се гледа колку тој морално закржлавел. Покрај полуинтелектуалецот кој успеал, постои и полуинтелектуалец кој не успеал. Како веќе вистински интелектуалец, невработен или запоставен, тој е готов опозиционер.Полуинтелектуалецот во таква ситуација е уште поопасен, бидејќи тој не знае за никакви морални обѕири кои би ја ублажиле неговата огорченост. Оттаму не беше случајно што голем број разочарани полуинтелектуалци заминаа во комунисти (авторот е починат 1954 - заб.прев.).

Полуинтелектуалецот е болна општествена појава, која обелоденува две работи:

- дека културната матрица е потребна за дополнување на националниот и политички образец, што особено се чувствува тогаш кога тие два обрасци ќе почнат да слабеат;
- дека школата која се ограничува на давање знаење, без истовремено воспитување на карактерот, не е во состојба да спречи појава на таков општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.

Извор: Бука

Преземена од: http://off.net.mk/bookbox/shto-e-toa-poluintelektualec



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 778
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1060
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1005
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »