логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Помисли

На нас останува како и со изборите, да расудиме навреме што е подобро,да се потрудиме да се заштитиме од штетноста на помислата или да седиме и да ги жалиме убиените, да ги осудуваме убијците и самоубијците и да чекаме да не' одмине нас таквата помисла


Pimen.Matka5.jpgИзмина оваа долга и исполнета седмица на кампањи и ни се случија изборите, мирни и достоинствени, демократски, па нека види сега Европа да најде друг изговор за нашата незрелост. Некој среќен, некој тажен од кандидатите, но се случи. Можеби сега треба да се зафатам со оваа тема или барем да почнам со упатување честитки кон сите победници без разлика од која било партија и да се, зашто каква и да е, секоја власт ни е од Бога, а ние со нашата слобода за расудување си ја избираме. Но, за арното да се зборува секогаш има време и да се честита, бидејќи власта ќе ни биде тука, зборувам за оваа новоизбраната. А во оваа пригода би проговорил за немилите настани од претходната недела како ужасно актуелни и многу опасни за општеството, двата случаја на убиство и самоубиство во Скопје и во Охрид. Верувам, овие немили и страшни настани никого од нас не оставија рамнодушен. Не е чудно ако многумина од нас со грижа на совест се прашаа да не сум јас следниот. Не дај Боже, но некого овие можеби и мотивираа да направи таков чекор, зашто ете тоа „не било ништо тешко“.

Два дена минатата недела едно по друго. Слушнавме за речиси идентичен крај на љубовна врска со убиство и веднаш по него самоубиство на самото место. Два настана со ист епилог, но различни приказни и место на одвивање. Едното, посесивна љубов која едната личност ја „задушувала“ и барала спас од тоа во прекинот на врската, а другата веќе нешто сосема, другото нешто за што допрва ќе кружат гласини. Овие два случаја ќе ни останат запаметени зашто се случија речиси истовремено, но има уште мал милион вакви и слични животни приказни. Не само кај нас, и во нашето блиско опкружување, има онаму каде што сметаат дека човекоцентричното општество е блиску до „совршено“, во местата каде што според светската статистика има најубаво општествено уредување, Шведска, Швајцарија, Австралија, каде што патем статистички имаме најголем број на самоубиства.

Но имаме и случаи на самоубиства, но и масовни убиства во исти ден за во Германија и Америка извршени над сосема невино неселение бидејќи некој се чувствувал инфериорно во општеството, па ете си нашол начин како да ја докаже машкост со тоа што ќе се освети на сите свои врсници од училиштето. Славата си е слава, па макар била таа и постхумна. Затоа за секој случај убиецот си остава своја слика и опис на идеите за масакрот, што од друга страна потврдува дека не е момент на реакција тоа што го сторил, туку дека се подготвувал со денови, месеци и години. Особено често ќе слушнеме и за самоубијци кои се жртвуваат за верата, а кои со себе ќе понесат уште најмалку десетина и стотина невини животи. Значи, некој од интерес, некој од завист, некој од очај, некој од суета, некој од стравот да се соочи со суровоста на животот, некој од вера, некој од невера, некој од нервно растројство, но луѓе убиваат луѓе или се самоубиваат. Се случува секаде на Земјината топка. И кај сиромашните и кај богатите, и кај оние недомократските и кај демократските општества ние слушаме за нив и се вознемируваме, се жалостиме, се чудиме што му се случи на светот и што е причината што често се случува сево ова.

Ќе водиме дебати, ќе вршиме анализи заради ова и она, одваму и оттаму, а насекаде од секаде луѓе снемува, а принуден сум да најдам најмал заеднички содржител што би рекле во математиката. Подивело човештвото што се стреми кон совршенство без Бог? Држи, но не објаснува се'. Па стојам на констатацијата дека тоа што најпрво внатрешно убива е вишокот слободно време, а секако во однос на тоа што оди некако неразделно со него, а тоа е отвореноста кон помислите. Бидејќи при вишокот слободно време природно е да вриеме од помисли. Но, ако не знаеме како да се затвориме за нив или да ги отфрлиме или барем да парираме со добра мисла, тие се' подлабоко ќе продираат во нас. За да ни стане појасно како тоа влијае и како доаѓаме до состојба на заробеност од помисла или опседнатост, би се обидел да дадам опис на пристапот кон помислата со јазикот на аскетскиот љубовен подвиг во црквата. Исповедаме дека грешиме со збор, дело и помисла. Со збор знаеме дека грешиме кога ќе кажеме некој недоличен збор или збор што го повредува нашиот ближен, за дело, пак, сметам дека нема потреба да се кажува кога грешиме, а сите тоа сме го искусиле бидејќи не верувам дека до толку заспала совеста во нас за да не знаеме што е грев со дело. Но кога, и како грешиме со помислата?

Pimen.Matka4a.jpgПомислата секогаш доаѓа од страна, како предлог да направиме нешто што знаеме дека е погрешно. Природно кај нас, во прв момент се јавува противање на тоа и обид да се отфрли таа помисла. Но, како ние ја отфрламе, таа ни се враќа со посилен интензитет и притиска се' повеќе и повеќе до оној степен кога немоќни ќе поведеме разговор со таа помисла и внатрешно во себе ќе почнеме да си поставуваме милиони прашања, што ако го направам тоа и што ако не го направам. И почнува мерењето што е штетно, а што е добро од тоа ако го реализираме, а што е добро или лошо ако не го направиме. Се' уште во овој степен на развивање на помислата не станува збор за грев со помисла, бидејќи теоретски се' уште постои можноста да се отфрли помислата, но ретко кога ќе успее човек според паднатата природа да куртули од ова, па пореално е да се очекува дека ќе одиме во следната фаза која се нарекува давање согласност и паѓање во грев со помисла. Тоа е тој клучен момент. И сега, кога веќе сме дале согласност само бараме начин како да ја реализираме оваа наша помисла, па да ја претвориме во грев направен со збор или со дело. Додека трае овој период за реализација, помислата се' повеќе притиска до ниво на опседнатост од неа, и ни го уништува внатрешниот мир. Па, зарем пиштолот случајно ли ќе се најде во човечки раце, видеозаписот на интернет за убијците како се подготвуваат за настанот повторно ли се случајни, ритуалот пред фанатичното самоубиство и тој ли е случаен, ако сакаме да објасниме дека тоа е момент на слабост што ќе го направиме, треба да знаеме дека моментот на слабост се случил многу порано во душата, срцето, разумот под притисок на помислата. Лек?

Се вели пред да направиш нешто изброј барем до три, и навистина веќе имаме послаб интензитет на реакција ако ги послушаме овие зборови и ги спроведеме. Но, ако пак едно обично броење има таква сила на чистење на енергијата во умот, колку ли поголемо чистење на лошите помисли или наречени од овој свет негативна енергија би имала молитвата Исусова, Господи Исусе Христе помилуј ме, ако пред реакција на што било ја кажеме неколку пати. Може чудотворно да влијае на нашата одлука и во последната фаза од борбата со помислата, па колку повеќе и постојано ја практикуваме би се затвориле од почеток кога помислата е само еден предлог однадвор.Сепак, на нас останува како и со изборите, да расудиме навремено што е подобро, да се потрудиме да се заштитиме од штетноста на помислата, или да седиме и да ги жалиме убиените, да ги осудуваме убијците и самоубијците и да чекаме да не' одмине нас таквата помисла. Но, ако сега ја знаеме причината, полесно ќе се бориме, нели?

Митрополит Европски г. Пимен

Извор: Дневник

 

Друго:

Митрополит Европски Пимен - Простете ми

Митрополит Европски г. Пимен - Ослободување од страстите

 

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная