Да се молиме за покојниот, но можеби треба да се молиме многу повеќе и за живите. Ова е коментарот на Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан за одбивањето на Грчката православна црква да прими македонска делегација и таа да присуствува на вчерашниот погреб на Атинскиот архиепископ Христодул.

Македонските владици откако не добија виза од Синодот на ГПЦ вчера не отпатуваа за Атина. Поглаварот г.г. Стефан вели дека она што и доликува на секоја православна црква е да испрати сочувство и да испрати делегација за последен пат да се прости од покојниот поглавар на ГПЦ го сториле и нема што повеќе да се коментира одност на некои грчки владици.

-Најголемите непријатели за навкви работи, за погреб за смртни случаи ги заборавале сите кавги сите непријателства. Овде напротив се случи спротивното, се зголеми непријателството од нивна страна. Но наше е да се помолиме за покојниот, а во случајов и за живите треба да се молиме, можеби и повеќе, изјави Архиепископот г.г. Стефан.
Инаку грчкиот Архиепископ, Христодул со сите државни и црковни почести беше погреба вчера на првите атински гробишта во алејата на великаните.

(М.Н.)-Вечер