логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 



 ВЛАДИКАТА ПИМЕН ЌЕ ГИ МОБИЛИЗИРА ВЕРНИЦИТЕ ВО СВОЈАТА ЕПАРХИЈА


Парохијал за помоќни европски црковни општини!


Оваа иницијатива е на митрополитот европски, владиката Пимен, и веќе функционира во неколку градови, а значи потпишување на пристапница и обврзување на уплата по 5 евра по вработен член во семејство на трансакциски сметки на Македонските православни црковни општини


Осветување на црквата "Свети Наум Охридски" во Малме, Шведска, која е еден од шесте верски храмови на МПЦ изградени или целосно реконструирани во последните шест години во Европската епархија


Црковните општини од Европската епархија финансиски ќе зајакнуваат со воведување на парохијал, годишен доброволен прилог што ќе ги издвојуваат поединци или семејства - членови на општината. Оваа иницијатива е на митрополитот европски, владиката Пимен, и веќе функционира во неколку градови, а значи потпишување на пристапница и обврзување на уплата по 5 евра по вработен член во семејство на трансакциски сметки на Македонските православни црковни општини.
- Сите верници кои доброволно ќе плаќаат парохијал се здобиваат со право на глас и за кандидирање за некоја од носечките функции во одборите на годишните собранија, односно станува привилегиран парохијалец и добива 30 отсто попуст на сите големи црковни треби. Од друга страна пак, МПЦО ќе има точен број на свои членови и редовен приход кој првенствено ќе значи финансиска стабилност, а ќе се користи како доказ пред институциите при евентуално барање помош од државата или пак за добивање кредит од банките за купување на земјиште, градење црква...Најважно од се е дека ќе имаме редовен приход за помош на ужалени или финансиски немоќни семејства. Се надевам дека овој проект ќе има масовен одзив кај верниците, дека пројават желба да помогнат на нашата Мајка Црква, за и Бог да ни помогне нам за да го окрупнување црковниот имот и за да градиме нови цркви, изјави за ВЕЧЕР владиката Пимен.

Иницијативата на владиката Пимен наиде на силна поддршка и од Синодот на МПЦ-ОА.
- Воведувањето на парохијал не е новост кај христијаните во Западна Европа. Уште од многу одамна, тој се применува и функционира во повеќе западноевропски земји, со посебни договори помеѓу црквите и државата. Ова е познато и кај нашиот народ, но истото е неприфатливо во голема мера, бидејќи не постои сериозна одговорност кон својата вера и кон својата црква. Се надевам дека митрополитот европски Пимен ќе вложи сериозен труд и напор ова да заживее и профункционира во Западноевропската епархија, изјави владиката Тимотеј.
Со парохиската книшка, секој парохијалец ќе добива попуст на влезници за собирите кои МПЦО ги организира за големите празници и црковните слави, а ќе има и посебни попусти во црковните екскурзии и патувања, како и бесплатни часови по веронаука. Свештеникот ќе биде должен најмалку два пати годишно без надомест да го посети домот на парохијалецот. Исто така, секој верник ќе има увид во трансакциите што ќе се прават а извештајот од банката ќе биде изложен јавно на огласна табла во црквите.

Синодот на МПЦ
Владиците бараат начин за обнова на разговорите со СПЦ

Синодот на Македонската православна црква на вчерашната седница ги разгледувал сите можности за обновување на разговорите на МПЦ со Српската православна црква, како и контактите со останатите православни цркви. Ова е првиот чекор на владиците по одлуката што ја донесоа пред еден месец да стартуваат со една поагресивна кампања за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Тогаш најавија дека ќе испратат и писмо до патријархот на СПЦ, владиката Иринеј, за почеток на преговорите. Владиците се надеваат дека преземањето на иницијативата многу ќе значи за надминување и разрешување на црковното прашање, кое веќе неколку децении ја измачува православната екумена, а пред се, Македонската православна црква.
Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј, во велигденското интервју за ВЕЧЕР изјави дека обновата на разговорите, сепак, зависи од добрата волја на српските владици.
- Спорот може да биде решен многу брзо и едноставно, но само доколку врвот на СПЦ пројави желба за тоа. Доколку, пак, нема, тогаш и наједноставното може да се направи непремостливо. Лично, очекувам и од моменталната црковна елита на СПЦ сериозно да пристапи кон ова прашање за истото да биде што поскоро разрешено - изјави во интервјуто владиката Тимотеј.
Вчера на дневен ред на синодската седница, како што соопшти МПЦ, било и разгледување на состојбата со воспитно-образовните институции на МПЦ - Македонската православна богословија и Православниот богословски факултет. Притоа, Синодот на МПЦ укажал дека сите заинтересирани кандидати за запишување потребните информации можат да ги добијат во епархиските центри и во самите институции.

Елизабета АРСОСКА- Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

« »