Bigorski.Rekonstrukcija.jpg    Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

'Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно – во различни искушенија, та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба, чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос..."

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Овие прекрасни зборови на светиот Апостол Петар кои тој преку своето послание ги упатува до верните, се вистинска утеха и мелем за нашите нажалени срца. Гледајќи ја потресната глетка на пеплосаниот конак, Бигорското братство не можеше а да не воздивне од тага, бидејќи крстот е голем и тежок, но сепак охрабрени и молитвено поткрепени од својот старец, тие полека се подигнаа под тежината на крстот и решени смирено да го носат до крај, веднаш започнаа со расчистување и заштита на она што можеше да се спаси. И веќе атмосферата е поинаква. Пораката што од овде излегува веќе не е онаа на болка и пустош, туку просто зрачи од надеж, надеж дека ова е еден нов почеток, дека по милоста Божја и по молитвите на Св. Јован, овде набрзо повторно ќе никне конак.

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

 А Господ се радува на овој прекрасен пример на трпение во искушението, на незгасната ревност, на силна вера и ги прегрнува своите чеда, кои сега, во искушението, Му се најблиску. И со мали знаци веќе го најавува славното воскресение. Во најкритичниот дел, каде до последно се интервенираше, каде одново и одново ке вивнеше пламен, сега сме сведоци на едно чудо: по само три дена нова млада пченица се пробива низ пеплосаните греди и како да сведочи дека подобно на Јона во китот и на тридневното воскресение на преблагиот наш Господ, и овој конак, што беше погребан во огнот како пченично зрно, ке воскресне во полн сјај од својата пепел.

Dositej.Pokrov1.jpg   Dositej.Pokrov1.jpg

 И сестрите во манастирот на Св. Георгиј Победоносец, кои во секое време ги делеа радостите и тагите на Бигорските браќа, ги соединија со нив своите молитви кон Пресветата Владичица да го покрие нашиот народ со својот свет покров, да ги растопи и смилостиви скаменетите срца, да ги разбуди заспаните души за покајание и сите заедно да Му принесеме на Господа духовна жртва - покајни солзи за народните гревови, како што Бигорскиот игумен, Архимандрит Партениј нагласи во својата порака до верниците:

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg
 'Ова е повик од Господ да ја обновиме светињата во голем сјај. Ова Тој го бара од сите нас, овие млади генерации, да го обновиме Бигорски, да го вратиме и да му го подариме на Господ и да се молиме Господ да го прими сето тоа од нашите раце. Ова што се случи за нас е една голема трагедија, тагата е неопислива, но за христијаните нема очајание. Не смееме да очајуваме и ако плачеме, плачеме за нашите народни гревови и за возобновување, а никако во очај, бидејќи низ историјата сме имале огромни искушенија, но нашите татковци ни во најтешките периоди никогаш не очајувале. Тие имале силна вера во Крстот Господов и во Воскресението и од пеплиштата повторно се подигале и верно Му служеле на Бога. Нашите татковци направиле многу, ќе продолжиме и ние. Ќе продолжиме со добри македонски верници, кои се живата Црква, бидејќи Господ ја љуби живата Црква. На Господ, пред се,  најмили му се чистите срца, молитвите и нашите покајнички солзи, а другото ќе ни го врати во голем сјај.

 Ве замолувам да не очајуваме туку да плачеме за нашите гревови, бидејќи, навистина, ова е можеби една опомена од Господ дека сме паднале, зашто Бигорски низ историјата бил сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија. Се надевам дека од сега па натаму ќе има воскресение. Дека ќе се покаеме,... сите ќе се обединиме. Ќе ја обновиме светињата и целата наша татковина. Господ ни дава таква можност, за благослов на сите нас, да се вградиме во една голема историска светиња и така повторно да ја докажеме нашата силна вера во Бога.
 Ги благословувам сите оние кои се добронамерни кон светињата и кои сакаат да ја помогнат. "

 

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg    Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg   Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

 Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица

Друго:

Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:

денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444