За да бидеме посилни, треба да помниме дека постојано нѐ очекуваат неочекувани разочарувања, маки кои не можеме да ги предвидиме, страданија, таги што како бура ќе ја снајдат нашата душа, но да сме свесни за неочекуваната радост што како на крилја ќе нѐ вознесе на небо… Страдањето ниско ја наведнува човековата глава, за да може човекот преку него да го познае претстојниот мир и да зајакне.

За спасението на душата ни е дадено божествено оружје: молитва, особено Исусовата, пост, редовна исповед, Божествена Причест, читање на словото Божјо и подвижничните книги на светите отци, одрекување од сето она што ја раскинува нашата врска со Бога, што го оддалечува нашиот ум и срце од Господа и Неговата света волја. Најважно дело е сеќавањето на смртта (во некои светогорски манастири има монах чие послушание е да минува о ходниците со монашки келии и на глас да вели: „Добро утро, браќа, и помнете: умираме…“

+ + +

Еден млад, неискусен монах паднал во тежок телесен грев. Благодатта го напуштила, и тој смртно се натажил, ја изгубил надежта во Бога, очајувал за своето спасение, и воопшто, за животот… Го оставил своето молитвено правило, и не знаејќи што да прави, едвај изговорил: „Христе, просвети ме!“ Веднаш потоа решил да појде на исповед кај својот старец, да му ги открие неделата што ги извршил. Пошол, се исповедал, раскажал дека нема надеж за спасение, дека очајанието го заробило неговото срце…

– Што ќе посееш, тоа и ќе пожнееш – му рекол старецот и започнал да му раскажува една случка.

Еден селанец имал поле. Полето се наоѓало далеку од неговиот дом, и поради тоа селанецот сосем заборавил на него. Земјата била обрасната со плевел. И ете, еден ден, селанецот го викнал својот најстар син и му рекол: „Појди и расчисти го нашето најоддалечено поле“. Синот се согласил, и веќе следниот дел поставил седло на магаренцето, ги ставил сите орудија и пошол на поле. Но, какво поле, Мајко Божја?! Наместо поле – вирееле џбунови и плевел! Младичот се поколебал: „не, ова никогаш нема да го исчистам“, си рекол, легнал во сенката на едно дрво и со мака заспал. Очајанието како дрога му го поматило умот. Откако го преспал целиот ден, и попусто го потрошил времето, се вратил дома.

Дома го пречекал татко му: „Што направи? Го исчисти ли полето?“

– Не, татко – одговорил синот – ништо не направив.

– Зошто?

– Невозможно е. Таму има такво тревиште, толку плевел и грмушки… Не знаев што да правам.

– И, што правеше цел ден?

– Спиев, – одговорил синот.

– Но добро, не ти е ли срам, возрасен маж тоа да правиш? Те мислев дека си поумен од ова… Ајде, утре пак ќе одиш, и ќе исчистиш мал дел, онолку колку што си висок. Откако ќе направиш така, легни и поспиј.

Следниот ден, уште пред и сонцето да изгрее, младичот беше на поле и удираше со копачот. Не поминаа ни десетина минути, и веќе имаше исчистено дел од полето, колку неговата висина. Тоа му даде надеж. „Добриот почеток е половина работа“, гласи старата поговорка. Продолжи да копа, нашиот младич работеше усрдно, посветено. А очајание и униние – немаше веќе!

Вечерта, задоволен се врати дома.

Ако ја изгубиме надежта, тогаш очајанието и безнадежноста ќе нѐ изедат како црви одвнатре

– Како си?

– таткото го праша сина си.

– Исчистив десет метри! За неколку дена ќе бидам сосем готов!

– Гледаш – му рече татко му – ако изгубиме надеж, тогаш очајанието и безнадежноста ќе нѐ изедат како црви одвнатре. Ни со рака, ни со нога нема да можеме да мрднеме. И секако, после неколку дена полето било совршено чисто и прекопано.

+ + +

– Сфати ли што сакав да ти кажам со ова – му се обрати старецот на монахот што очајуваше.

– Сфатив, оче – одговори тој

– Должен сум да ја очистувам својата душа. Но, од каде да започнам?

– Но, брате, ти веќе започна. Исповедта е најдобриот почеток. Господ ти го прости гревот. Сепак, тоа е Негов дар, а ти си должен да Му принесеш нешто од себеси.

– Секако, оче!

– горешто воскликна младиот монах.

– Што друго да направам?

– Веднаш започни со творење на монашкото правило – му рече старецот.

– Постојано вели „Господи помилуј“, и… подготви се да пристапиш кон Светата Причест. Монахот зачудено го погледнал старецот:

– Јас грешниот… да се причестам?

– Да, брате, наскоро ќе се причестиш. Во моментов твојата главна задача е да го убиеш демонот на безнадежноста и очајанието!

– Но, оче, значи ти ме убедуваш дека можам да станам добар христијанин и монах? – запараш монахот.

– Секако, братче. Тоа е толку достижно, како што сега ние се гледаме еден со друг и разговараме.

Во тој момент монахот падна наземи и ги целиваше нозете на старецот.

– Не знаеш колку сум ти благодарен, оче! – велеше тој.

– Ми го подари Небото! Во мене се врати надежта, а душава ми се исполни со радост и светлина, очајанието искезна а во срцево – Рај.

– Не мене, но на Бога да Му благодариш – со татковски глас одговорил старецот, и заклучил: „Оние кои на Господа се надеваат, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат“ (Ис. 40,31).

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 19-ти јануари 2018 лето Господово