„Решителноста, храброста и, поврзаната со нив, духовна великодушност, очигледно недостасуваат. Но, доколку луѓето, за време на сиот свој живот знаат дека најважното нешто е – без разлика на тоа низ какви премрежија и соблазни минуваат, да одат кон Бога, да Му бидат верни – тие нема да се поколебаат во својата вера до степен да ја изгубат. Изразената криза на верата што Вие ja споменувате, воочлива е кај адолесцентите. Кога на 8-9 годишна возраст, децата одат во црква и пеат на певница, тие ги восхитуваат и радуваат сите, но, на возраст од 14-15 години, многу од нив, да не кажам повеќето, престануваат да го посетуваат храмот.  
— Зошто се случува тоа?  
— Децата не се запознале со Бога. Се разбира, тие ги познаваат обредите, црковно-словенскиот јазик, го знаат поредокот во храмот, ги познаваат житијата на светите, свештените текстови прилагодени за детската возраст. Но, Бога не го запознале. Таквата средба не се случила. Се покажува дека родителите, неделните училишта и – колку и тоа да е тажно – свештеникот, куќата на детската вера ја соѕидале на песок (Мат. 7:26), а не на каменот – Христос.“

 

20.09.2018 лето Господово