Денеска често бараат благослов за сè и сешто. Што е тоа благослов и кога е неопходен, а кога не?

4vek3
– Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја за самите нас во нашиот живот и за некои наши замисли. Само кога би ја знаеле Божјата волја и би ја исполнувале, крајниот резултат ќе биде да не грешиме пред Бога. Ако помниме дека благословот е опит да се осознае Божјата волја и да се исполни, тогаш разбирливо ќе биде дека честото стремење да се добие благослов за нашите различни почетоци го профанизира благословот.

Основните вистини на христијанското учење сепак нам ни се многу добро познати. Ако сме христијани, благословено ни е да живееме христијански, да Го љубиме Бога и своите ближни.

Во исто време, во секојдневниот живот од една страна се јавуваат едни или други епизоди, средби, проблеми, христијански решенија кои тешко можеме да ги разбереме.

Во тој случај ние најпрво му се обраќаме на свештеникот да ни благослови христијанско решение на дадената ситуација.

Затоа треба да Го молиме Бога да ни ја открие Неговата волја за решавање на конкретниот случај, да имаме доверба во свештеникот, а најважното од сè е да бидеме подготвени да го прифатиме тоа решение, за да се исполни благословот кој сме го добиле.

Ако христијанинот ги почитува тие услови, поретко ќе бара благослов. А ако добие благослов, безусловно ќе го исполни.

 

 

(Повеќе)

 

22.03.2019 лето Господово