Телесни болести

Телото е слуга, душата царица и затоа е милост Божја кога телото се измачува со болест, оти тогаш слабеат страстите и човекот си доаѓа на себе. И самата телесна болест се јавува понекогаш како резултат на страстите. Отфрли го гревот и болеста ќе те остави. Оти болеста настанува од гревот, како што вели Свети Василиј Велики (Слово за тоа дека Бог не е пример за зло, стр.213). Откаде болест, откаде телесните повреди? Господ го создал телото, а не болеста, душата а не гревот. Што е најкорисно и најпотребно? Соединувањето со Бог и општење со Него со љубов. Губејќи ја таа љубов ние отпаѓаме од Бога, а отпаѓајќи од Него, се подаваме на разни и многубројни болести. Главоболката настанува од неспокојното и непримерното функционирање на нашите мисли.

Свети Серафим Саровски

Избор од ФБ страната на: Николај Филотејски