„Миризбата на испосникот е многу слатка; среќавањето со него го весели срцето на разумниот ... Господ го љуби однесувањето на воздржливиот.“

„Во наситената утроба нема гледање на Божјите тајни.“


„Блажен е оној што го попречил влезот на сладострастието во себе, кое го одделува од неговиот Создател.“

„Скудниот леб на трпезата на чистиот уште повеќе му ја очистува неговата душа – на оној што јадел од секоја страст... од трпезата на оние што постат и престојуваат во бдение, од оние што се труделе за Господа, - земи го лекарството за својот живот и разбуди ја умртвеноста на твојата душа. Зашто, меѓу нив се наоѓа Возљубениот Кој ги осветува нивните напори, а сиромаштијата на нивната трпеза ја претвора во неискажлива сладост; Неговите духовни, небесни служители, ги осенуваат – и нив и нивните свети јадења.“



„Како мајката што се грижи за своето чедо, така и Христос се грижи за телото на оној што се подвизува, кој поднесува телесни лишувања заради Него; Он е секогаш близу до неговото тело“.

„Како што оние кои сеат солзи – ќе жнеат снопје на радост, така и оние кои поднесуваат телесни лишувања заради Господа – ќе се исполнат со радост.“


„Истрпи ја жедта заради Бога; Бог ќе те напои со Својата љубов.“

Свети Исак Сирин


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том V

 

За Преминпортал

 Подготви: Светланка Трајчева

18-ти февруари 2018 лето Господово

 

 Друго: