Денес сите знаеме за молитвата, а малку се молиме; јадеме посна храна, а не постиме; ги исповедаме гревовите, а не се каеме! Одиме во храм и присуствуваме на сужбите, а нашата душа не се смирува пред Творецот! Сето ова е поради нашето затворено срце... Потребно е да го отвориме нашето срце, за да се смести Христос во него –

преподобен Паисиј Светогорец


За време на постот не е најбитно што јадеме, туку што и како мислиме –

архимандрит Тадеј


Трудете се да имате љубов. Секојдневно просете од Бог љубов. Заедно со љубовта доаѓа и целото богатство на добрините –

свети Нектариј Егински


Не допуштај твојот јазик да излета пред да размислиш што треба да кажеш –
Старец Ефрем Филотејски


Господ  нам  ни  заповедал  да  ги  љубиме  своите ближни. Не треба да нè засега дали тие нас нè љубат,
туку ние треба да се потрудиме нив да ги засакаме –
архимандрит Јован Крестјанкин

 

Целта на постот, што е озаконет и почитуван од христијаните, е чистење на душата –

свети Григориј Палама


Христијанинот е подготвен да претрпи сè само да не ја изгуби благодатта, која за него е највозвишено добро –

свети Јован Кронштатски


Кога станав христијанин, доброволно го распнав својот ум, а сите крстови кои ги носам, за мене претставуваат само извор на радост. Ништо не сум изгубил, а сè сум придобил –

блажен Серафим Роуз


  Солзите се понекогаш знак за Божјата посета –

преподобен Јован Лествичник


  Боже, насекаде сум те барал, а ти си бил во мене, а јас (сум бил) надвор од себе –

преподобен Јустин Поповиќ


Мајката Божја била смирена повеќе од сите и затоа Ја прославуваат небото и земјата. Бог ќе ги прослави сите што ќе се смират и тие ќе ја видат славата Господова –

преподобен Силуан Атонски

 

19.07.2018 лето Господово

Извор: http://mpb.mk/files/bogoslov-2.pdf