"Не е доволно само да ја засакаш и да ја прифатиш Божјата љубов, туку треба да ја сочуваш, и да фрлаш дрва во огинот за да го одржиш. Бидејќи, да бидеме во љубовта, во која е целото блаженство, значи да живееме во Бога, односно Тој да живее во нас, зашто: „кој живее во љубовта, тој живее во Бога и Тој во него“. Така е – љубовта се зацврстува во нашата волја кога постапуваме според заповедите и кога го почитуваме законот на Љубениот. Но, душата според своите енергии ја прифаќа оваа или онаа навика, добра или лоша; затоа што и кога станува збор за способностите (умеењета), ги здобиваме и учиме од оние на чии дејства сме се навикнале. Божјиот закон ги одредува човековите дела и сака истите да бидат во хармонија со Божјата волја. А ние искрено ќе Го љубиме Бога само ако во нас ја засадиме навиката да го сакаме она што е дозволено според Законодавецот, ако целата своја волја Му ја потчиниме Нему и ако освен Него не сакаме ништо друго. Затоа и Спасителот вели: „Ако ги исполнувате Моите заповеди, ќе останете во Мојата љубов“.
Блажениот живот е плод на таквата љубов бидејќи таа отсекогаш се грижи за нашата волја, ја оддалечува од сѐ останато, па и од нас самите, и ја соединува единствено со Христос. Заедно со волјата оди и сѐ останато што е наше: нагоните на телото, дејството на умот, секое дело и сѐ што е човечко; значи, сето тоа се насочува таму каде што го води волјата. И воопшто, желбата го управува и води сето наше битие, па ако се запре на нешто, сѐ наше се врзува за него; значи, кој ќе ја освои неа, тој ќе господари со нашиот ум."

 

- Свети Никола Кавасила

Избор од ФБ профилот на: Моника Николова