И виде Бог дека е многу добро сѐ што го беше создал - Битие 1,31
"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.

После пролетта, овде е навистина прекрасно, од Светата Пасха, па сѐ до Успение на Божјата Мајка, во август. Богословат овие безгласни богослови, овие прекрасни карпи, како што тоа го прави целата природа, како што го прави и секое создание, со својот глас или со своето молчење. Кога ќе ја спуштитш раката на тревката, таа веднаш ќе воскликне со својот природен миомирис: ох, ти не ме гледаш, но ме удри!. Така, секоја твар има свој сопствен глас, и кога ветерот ќе дувне, тогаш настанува хармонично и таинствено славење на Бога. Што да кажеме за ползачите, или за крилестите птици? Кога еден светител го пратил својот послушник да им каже на жабите да замолчат за да ја довршат Полуноќницата, тие му одговориле: Чекајте малку, најпрво ние да ја довршиме Утрената Богослужба."- св. Јосиф Спилеот