Image may contain: cloud, sky, outdoor and nature

Еве го најкраткиот и најлесниот пат кон спасението:
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.

Доколку осудуваш, доколку ропташ, доколку си самоволен, душата ќе ти опустоши, дури и ако многу се молиш на Бога. Тогаш ќе велиш: Ме заборавил Господ. Но, Господ не те заборавил, туку ти си заборавил да бидеш смирен, и затоа благодатта Божја не живее во твојата душа. Во смирена душа, благодатта лесно се вселува и ѝ дава мир и спокојство во Бога.

Мајката Божја била смирена повеќе од сите и затоа ја слават и небото и земјата. Бог ќе ги прослави сите што се смируваат и тие ќе ја видат славата Господова.


свети Силуан Атонски

Извор: ФБ профил на манастирот ЗРЗЕ