Image may contain: outdoorЗаконот на слободата нѐ учи на секоја вистина, многумина го читаат со разум, но не се мнозина оние што го разбираат со соодветно извршување на заповедите. Законот на слободата се чита со помошта на вистинскиот разум, се разбира преку извршувањето на заповедите, а се исполнува со Христовата милосрдност. Кога нашата совест нѐ тера да ги исполнуваме сите Божји заповеди, тогаш ќе разбереме дека законот на Господа е непорочен, и дека иако бива извршуван со помош на нашите морално-религиозни чувства, но без Божјата милост, тие не можат да бидат остварени од нас луѓето во совршенство.


Оние што не сметаат дека се должни да ги извршуваат сите Христови заповеди, тие Божјиот закон го читаат телесно; „не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат“ (1. Тим. 1,7). Затоа, мислат да го извршат со дела.

Неговото совршенство не барај го во човечките добродетели зашто во нив го нема она што е совршено; совршенството на законот на слободата е скриено во Христовиот крст.

Свети Марко Подвижник

 

Избор од фб профил на : Светланка Трајчева