На ѕвездата ѝ припаѓа светлината што е околу неа, на побожниот му припаѓаат сиромаштијата и смирението, зашто ништо друго не им било ставено како белег за распознавање на Христовите ученици, освен смирената мудрост и скромниот изглед. За ова насекаде зборуваат четирите Евангелија. Оној што не е таков, не живее така, тој се лишува од честа на Оној Кој се смирил дури до крстот и до смртта и Кој е евангелскиот законодавец на божествените заповеди, Кој ни покажал дека тие заповеди се задолжителни и за нас. И ние сме должни со нашите дела и со нашиот живот да го изобразуваме светото Христово Евангелие.

Преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски

 

Избор од фб профилот на: Светланка Трајчева