Свети Игнатиј Брјанчанинов

Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк.

Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи. Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја. Солзите во молитва – вели Свети Исаак Сирин – се знамен на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бог и зачекорува во полето на чистотата низ солзи.

 

Август 2019 лето Господово