7.Vselenski.sobor

Ѓаволот ако не може однатре да те заведе, почнува да те мачи однадвор – преку луѓето кои му се имаат предадено.
Затоа, биди спремен за ова страдање и очекувај непријатности како гости.

Еднаш ти се приближуваат пофалби, другпат прекори, клевети и тешкотии од секаков вид. Многу е важно да се распознае кој ја предизвукува бурата и се` мирно да се поднесува: непријателството против одредени луѓе се пресвртува во непријателство против злото кое стои зад нив и ги поттикнува на непријателство.

Ако наидат работи кои те жалостат и лутат, обрати му се на Бога и не му дозволувај на злото да ти се приближи.
Ако не успеваш во тоа, тогаш, барем молчи, додека не се смириш. Тогаш, говори мирно и љубезно со другите.

Не им замерувај за ништо и не ги потсетувај на направените неправди. Моли се само на Бога лошите впечатоци во срцето да се измазнат што е можно побрзо.

Така ќе бидеш чист пред Бога, Кој чекор по чекор, го води човекот низ неволјите коишто очистуваат. Тешко е без неволјите да го победиме сопственото фарисејско самооправдување.

Силата со којашто ги поднесуваш искушенијата ја претставува мерата на твојата зрелост. Преку неа лесно можеш да препознаеш на кое скалило на зрелоста стоиш.

Ако на оној кој те повредил не му простуваш целиот твој живот,
биди сигурен дека внатрешниот пат воопшто не си го ни почнал.

Ако си бил повреден, па навредата дури по една година си успеал да ја заборавиш, значи дека стоиш на најниското скалило на внатрешниот труд.

Доколку и понатаму напредуваш во духовниот труд, дотолку побрзо ќе можеш да ги простуваш нанесените навреди: по еден месец, една недела или еден ден.

А како во такви случаи се однесува оној кој е во Бога просветен?
Тој ја гледа стрелата на навредата која лета накај него и се покрива со името Божје како со оклоп.

Навредата се одбива од него и не остава ниту најмала гребнатинка.
Ако дотаму си стигнал, можеш да сметаш дека си напредувал во духовниот живот.

Меѓутоа, никогаш не го губи од вид најважното: Бог допушта искушение или за да те испроба или за да созреат твоите духовни сили. Затоа, прими го искушението мирно и поднеси го спокојно, без омраза кон оние кои те навредуваат.

Сети се дека металот доаѓа во топилницата за да се одвои од згурата.
Така и ти се претопуваш за да достигнеш до повисока чистота.

Поднеси сè, чувајќи го ватрешниот мир и љубовта Божја, призивајќи го Господа напомош, за да го оддалечиш искушувачот од себе.

Преподобен Нил Сорски

 

 Избор од фб профил на

Православие.Мк †