7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

Св.Златоуст вака зборува за долготрпението: „Причината за секое добро е долготрпението. Тоа е корен на секоја философија, непобедливо оружје и неразрушлива кула која брзо ја отфрла секоја жалост. И како кога искрата ќе падне во бездна, таа не може на ниту еден начин да ѝ наштети, туку самата веднаш ќе згасне, така и сѐ што одненадеж ќе падне во долготрпеливата душа брзо исчезнува, и нема да ја поремети.

Ни војски, ни богатства, ни коњи, ниту оружје, ништо – ништо рамно на долготрпението нема да најдеш, бидејќи често се случува кога гневот ќе го совлада оној што го има сето ова, тој се однесува како мало дете кое не знае што со себеси, од вознемиреноста и збрканоста. А долготрпеливиот како во засолниште пребива и со сладок спокој се насладува; па макар и да му наштетиш, не си ја совладал карпата, дури и ако си го понижил, не си ја растресол тврдината, дури и да го раниш, не си го изгребал дијамантот.“ Блажен е долготрпеливиот човек.

 7.Vselenski.sobor

http://preminportal.com.mk/vesti/22430-22-2018

 22ри ноември 2019 лето Господово