(обновено)

BOGojavlenie1

И сѐ што се извршуваше на Него, се извршуваше заради нас

"И кога излегуваше од водата, веднаш виде како Му се отвораат небесата. Гледате ли дека Светото Крштение претставува врата кон небото и дека таму ги воведува оние што се крштеваат? Заради тоа не вели едноставно ‘се отворија небесата’, туку ‘Му се отворија небесата’, и сѐ што се извршуваше на Него, се извршуваше заради нас. Заради нас, значи, преку Него се отворија небесата и таа врата која Он широко ја отвори, очекувајќи го нашето проаѓање...Природата која од нас и заради нас ја прими, Он и ја обнови, покажувајќи ја како осветена, оправадана и во сѐ послушна на Отецот, соединувајќи се со неа ипостасно и преку неа сето тоа го оствари и пострада. Тој ја обнови не само природата, туку и ипостаста на секој од нас верните и ни подари простување на гревовите преку божественото Kрштевање, преку исполнувањето на Неговите заповеди, преку покајанието кое им го подари на паднатите и преку причестувањето со Неговите Тело и Крв." - св. Григориј Палама

 

Извор од фб профил на

Горан Стојчевски